Вработените во Подружница Тиквеш – Кавадарци продолжија со чистење и одржување на каналската мрежа и во периодот од 11.04 до 15.04.2022 година. Се вршеше кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работеше и на чистење на каналите од нанос, рачно и машински, како што налагаа теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работеше и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Започна сезоната за наводнување 2022 година. Пуштена е водата во Заедничкиот магистрален канал и во Левиот магистрален канал до сифон „Макарија“.

Кастрење и чистење нанос на Десен Магистрален Канал „Марена-Тремник“


123

 

Рачен ископ на дефекти во ПС „Сопот“

Припремни работи за санација на аквадуктот кај с. Марена

 

1011