Во периодот од 11.04.2022 до 21.04.2022 година „AД Водостопанство на РСМ“ - Подружница Свети Николе продoлжи со редовното одржување и подготовување на инфраструктурата за наводнување за предстојната наводнителна сезона. Во изминатиот период се работеше на рачно и машинско чистење од нанос и вегетација на земјените канали за наводнување кај полињата планирани за засејување со оризовата култура. Машински е исчистена земјена каналска мрежа за наводнување со должина од 10100 метри, а рачно од околу 1100 метри. Истовремено во подружницата Свети Никола се работи и на отстранување на дефекти на ХМО од претходната година. Во овој период заменети се 3 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф250 во атарот на село Мустафино и 2 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф350 во атарот на село Ерџелија исто така се таботи ми на санација на решетките на главните испусти од десниот магистрален канал.