Во периодот од 18.04 до 29.04.2022 година, Подружница Тиквеш продолжи со сите потребни дејствија за редовно одржување и подготовување на објектите и инфраструктурата за наводнување за оваа сезона.
Во горе наведениот период се вршеше кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работеше и на чистење на каналите од нанос, рачно и машински, како што налагаа теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работеше и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Сезоната за наводнување 2022 година е во тек. Пуштена е водата во Заедничкиот магистрален канал и во Левиот магистрален канал до сифон „Макарија“.

Кастрење и чистење нанос на Десен Магистрален Канал „Марена-Тремник“

1234

 

Санација на дефекти на ГК-1

5678

Кастрење и чистење нанос на ГК-2

910