Подружница Струмичко Поле - Струмица во периодот од 25.04 до 29.04.2022 година продолжи со редовно чистење и одржување на каналската мрежа за наводнување. Покрај редовното чистење беа извршени и неколку санации на дефекти меѓу кои:
На ден 26.04.2022 година заменет е ГС Ф250 на канал Л-9 од ХС „Турија“ со две адаптер спојки Ф250;
На ден 27.04.2022 година извршена е монтажа на СП Ф125/500 и хидрант Ф125 на канал Л-14 и Л-18 од ХС „Турија“. Поправен е главен затварач на канал Л-9 од ХС „Турија“;
На ден 28.04.20222 година поправен е затварач (оштетено вретено) на канал Л-21 од ХС „Турија“;
На ден 29.04.2022 година заменета е цевка Ф800 на ГК Турија делница Сушица-Н. Село со 2 салонитни спојки.