Во периодот од 26.04.2022 до 29.04.2022 година, вработените во подружница Берово продолжија со рачно чистење на тревна вегетација на Селски јаз во село Тработивиште. Во Општина Берово се продолжи со чистење на тревна вегетација на Тиролскиот зафат и пуштање на водата низ азбесно циментна цевката која поминува под самиот зафат.
Исто така во Општина Делчево на место викано Град се работеше на издавање испратници за уредување на речното корито од наносен матерјал.