Во перодот од 03.05.2022 година до 09.05.2022 година АД Водостопанство на РСМ Подружница Берово-Берово ги презеде следните активности :
Се вршеше континуиран надзор врз уредувањето и регулацијата на речното корито на река Брегалница во месноста КО Град и КО Вирче општина Делчево и контрола врз вадењето и депонирањето на вишокот наносен материјал (чакал,песок,камен). Се продолжи со рачно чистење на Дунски јаз во с. Тработивиште Делчево каде на 08.05.2022 година, извршено е и санирање на бентовите – препишите на река Желевица и пуштена е вода во каналите со што и официјално отпочна наводнувањето на раноградинарските кулутури во село Тработивиште. Исто така во извештајниот период се работеше рачно чистење на отворениот канал Горно поле од нанос и вегетација во село Разловци Општина Делчево.