АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Во рамки на работниот состанок за соработка во областа на водите, на ден 12.05.2022 година, Главниот извршен директор на АД„Водостопанство на РСМ“-Скопје г.Локман Љимани и Извршниот директор на Водостопанство на Република Турција, г.Назми Канџиоглу, заедно со своите делегации ја посетија Браната Конско.

Браната  Конско е најзначаен објект на Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско Поле“ - Гевгелија. Со изградба на браната, ќе се формира водна акумулација која ќе се користи првенствено за наводнување на планирани 6.900 хектари земјоделски површини. Браната „Конско“ е од исклучително значење за наводнувањето на земјоделските површини од овој регион.

Со изградбата на браната, ќе се обезбеди редовно снабдување со квалитетна вода за пиење, за наводнување на земјоделските површини како и производство на електрична енергија. Браната „Конско“ ќе обезбеди вода за наводнување на нови, близу 7.000 хектари земјоделски површини, со што наводнуваните земјоделски површини ќе се зголемат за пет пати. Изминатите години ова беше голем проблем за земјоделците и ја зголемуваше цената на земјоделските производи. Со оваа брана ќе се создадат неопходните услови за дополнителен развој на земјоделството, зголемување на производството на храна со намалени и  конкурентни цени.

Вкупната инвестиција во браната „Конско“, изнесува 40 милиони евра, средства обезбедени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Програмата за рурален развој, а изведувач е компанијата  „Серка Тааххут Иншаат - Акели“, од Турција со проект менаџер, инженер Ебубекир Туран.

Работите се одвиваат според предвидената динамика и веќе над 80 отсто од изградбата е завршена. Се работи за најголем инфраструктурен проект, каков што немало во изминативе 50 години во тој регион.

 

 

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.