АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

100На 03 јуни 2022 година, Главниот извршен директор на АД„Водостопанство на РСМ“ – Скопје, г. Локман Љимани одржа колегиум, на кој заедно со своите соработници разговараа за планираните и постигнатите резултати во првите 100 работни дена откако беше назначен на функцијата. Заклучено беше дека голем дел од планираните цели се реализирани, а меѓу нив се издвојуваат следните:
-Транспарентност, отчетност и интегритет во работењето на АД Водостопанство на РСМ
-Одржување на редовни неделни работни колегиум и на Главен извршен директор Г-дин Локман Љимани со раководителите на сектори и советниците на АД Водостопанство на РСМ
-Одржување редовни месечни состаноци со раководителите на подружниците на АД Водостопанство на РСМ
-Посета на подружниците и нивната инфраструктура со цел да се утврди моменталната состојба
-Редовни работни состаноци со релевантни институции (средби со премиер на РСМ, вицепремиер, министри, директори на институции), со цел подобрување на работата, обезбедување на финансиски средства за успешно извршување дејности на АД Водостопанство на РСМ
-Навремено и успешно започната сезона за наводнување како и утврдување на дефектите во системот за наводнување и отклонување во најбрз можен рок (иако системите се стари со поминат рок од преку 40год)
-Спроведена и реализирана постапка за вработување на 155 работници на определено време ,отворена постапка за нови вработувања за потребите на АД Водостопанство на РСМ
-Реновирање на работни простории од кој се истакнува новата сала за одржување состаноци, уредување на дворната површина во АД Водостопанство на РСМ со обезбедување на бетонски паркинг
-Потпишана пристапница во институт за стандардизација со што се дава придонес и заложба за квалитетна и здрава животна средина и стандардизација како општа цел
-Одржана работна средба на Главен извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“ Г-дин Локман Љимани со Извршен директор на Водостопанство на Република Турција со цел подобрување и модернизација на системите за наводнување.

-Во соработка со МЗШВ активно работење на изработка на нова Методологија за водни услуги.
-Започнување постапка за легализација на имотот на Водостопанство за издавање под закуп и други употреби
-Финализирање на започнатите постапки за Јавно Приватно Партнерство за реконструкција на неколку брани
(фаза на склучување договор)
-Примопредавање на две машини:
-мини багер sanward swe на 31.01.2022
- комбиниран ровокопач MST 642 на 25.03.2022
-Отворена постапка за добивање на неколку нови машини за потребите на АД Водостопанство на РСМ
-Изработка на годишен план за одржување на речните корита со одредување на критичните места од можно излевање, поплавување на околните земјоделски површини и заштита од ерозија на бреговите на речните корита
-Редовен теренски увид на работата на правните субјекти кој имаат склучено договори со АД Водостопанство на РСМ, како и редовни теренски увиди на речните корита и хмс системите
-Изготвување на елаборати за анализа и оцена на стабилноста и функционалноста на браните со придружните објекти, редовна визуелна контрола на нивната стабилност и одржување на хидромеханичката опрема во исправна состојба.

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.