Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Јуни ( во период од 06.06 – 10.06.2022 година ) исчистени се машинско и рачно 2.150 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:

- Машинско чистење на примарен земјен канал во с. Долно Седларце , на м.в. Леска;
На ден 06.06 .2022 година, машински со липкер се чистеше земјен канал обраснат со вегетација и наносен материјал во должина од 600м. 

1

 




- Машинско чистење на главен и примарен канал во атарот на с. Фалише;
На ден 07.06.2022, машински со липкер се чистеа земјени канали обраснати со вегетација и наносен материјал во должина од 450 м. 

34

*Чистење на главен магистрален канал, во атарот на с. Фалише во должина од 150 м 

56

*Машинско чистење на земјена бразда во должина од 200м, м.в. Долна Режика 

78

 


*Машинско чистење на земјена бразда во должина од 100м, м.в. Ограда 

910

 

- Рачно чистење на земјени канали во атарот на с. Милетино и с. Челопек во должина од 1.100м;

Во период од 06.06 – 08.06.2022 година , рачно се чистеа земјени и бетонски канали обраснати со вегетација и наносен материјал .

*Рачно чистење на бетонски бразди , м.в. Селиште ( Милетино) и м.в С. Вода (Челопек)

 

На ден 08.06.2022 година , во м.в. Долна Режика во атарот на с. Фалише / с. Стрминица со два тримери се чистеше земјена бразда од вегетација .
На ден 09.06.2022 година, вододелителите вршеа проверки на под-системот за наводнување во с. Челопек ( м.в. Коњобара) и опслужуваат еден водокорсник со вода.