Вработените во Подружница Црн Дрим -Охрид продолжија со интензивни теренски активности и во периодот од 27.06 – 01.07.2022 година.
Се вршеше машинско и рачно дочистување на каналите за наводнување и припуштање на вода на зафатите од реки, поради спуштање на нивото на водата и поголема потрошувачка на вода за наводнување.
Општина Дебарца
С.Мешеишта
Машински и рачно чистење и продлабочување на каналите за наводнување на Гашоска, Кржа и кај Викторија Инвест-чистење на талог и тиња од каналот.

  

 

С. Волино
Машински и рачно чистење на каналите за наводнување за м.в. Св.Петка и Барски пат.

  



Општина Кичево
Редовна контрола на портите кај базенот, чистење на решетките од насобраното ѓубре, корења, гранки, и припуштање на водата на главниот зафат (зафаќање на поголема вода со багер) на река Треска, во с.Другово.