На подрачјето на кое делува Подружница Црн Дрим Охрид, наводнувањето е во тек и се одвива непречено. Во овој период, често имаме допуштање и зафаќање на поголема вода од реките, поради поголемите потреби и потрошувачка на вода, како и поради намалување на водостојот на реките. Исто се преземаат разни активности за обезбедување на подобар проток на водата. 

12

 

 

Општина Дебарца
С.Волино
Рачно дочистување и отстранување на вегетација надвисната над каналите, за Долни чифлик и Св. Петка

 

С.Мешеишта
Во с.Мешеишта со багер, се допушти водата од река Сатеска, на Мазенкоската, Гашоската исто и Корошишката и рачно се исчисти и санира пробиената бразда кај м.в. Воденица.
С.Велмеј
Оспособување на заглавен шибер во м.в. Трнослива за Иваноливада и рачно санирање на браната (земјен насип), на зафатот на Голема река, пробиена и срушена од обилните дождови. 

910