Во рамки на делокругот на работа на Подружница ,,Радовишко Поле’’- Радовиш се’ уште не е започнато со пуштање на вода во системот за наводнување. Во периодот од 22.05.2023 година до 26.05.2023 година вработените продолжија да вршат контрола на терен без вода во системот (на суво), како и раскопување на хидранти и затварачи. Се работеше на расчистување од обрасната вегетација и поправање на хидрантите.