Подружница „Тиквеш“ врши дистрибуција и испорака на вода за наводнување и останати потреби низ отворената каналска мрежа и деталната подземна цевна мрежа од ХМС „Тиквеш“. Се врши дистрибуција на вода за наводнување на раноградинарски култури и овошни насади во помал обем поради честите врнежи од дожд. Во тек е подготовка на пумпните станици за испорака на вода и во високите зони, а ПС Пепелиште е пуштена во работа.

Паралелно со наводнувањето се вршат неопходните активности за дочистување на секундарната каналска мрежа, како и одржување и тековна поправка на дефектите кои се јавуваат на секундарната подземна мрежа. Изведена е дренажа на дел од Заедничкиот магистрален канал.

Чистење на К-2 од ХС Бошава 

12

 

 Санација на дефекти на секундарната подземна цевна мрежа 

34

56

Дренажен ров на Заеднички магистрален канал 

78