-Рачно чистење на главниот канал ,,Здуње-Пирок ‘’ од нафрлениот комунален отпад и смет од страна на граѓаните, и тоа во најкритичните точки каде што лесно може да се предизвика поплавување во градското подрачје.
-Пуштање на вода во ХМС ,,Бањичко поле’’ и истовремено остварување на средба со земјоделците од тој регион, при што се разговараше за тековните агротехнички мерки на поле и дали се задоволни со потребната количина на вода за наводнување.
-Секојдневно рачно чистење на Добридолската и Галатската таложница, бидејќи секој ден се собираа огромна количина на ѓубре и смет, предизвикан од страна на граѓаните кои несовесно го фрлаат директно во каналот.