Во периодот од 12-23.06.2023 година наводнувањето се одвива во помал обем поради обилните врнежи, а од страна на вработените во Подружницата Црн Дрим, се преземаа разни активности: рачно чистење на повторно затревените бразди, чистење на цевки на прелази кои брзо се полнат со нанос од обилните дождови, санирање на дефекти кои тековно се јавуваат како и контрола на зафатите и чистење на решетките во Другово, Кичево.