Подружница ,,Свети Николе’’ – Свети Николе во периодот од 19 -23.06.2023 година продолжи со припрема за санирање на дефекти, како и чистење на хидрански глави во КО Врсаково и КО Мустафино. Со машина багер се изврши ископ на цевки во атарот на селата Амзабегово и Црнилиште. Демонтажа и монтажа на цевки 250C, 300C, муф 300C во КО Црнилиште. Бетонирање на цевки во КО Врсаково.
Во КО Ерџелија се изврши ископ на цевки на РЦ 4 и РЦ 7, во Чардаклија се изврши монтажа на воздушен вентил Ф 60. Во атарот на село Три Чешми наполнет е компензационениот базен.
Вработените од Подружница Свети Николе продолжија со редовни контроли на вода во Брана Мавровица како и евидентирање на наводнуваната површина.