По големиот дефект кој се случи на сифонот Макарија, дел од хидромелиоративниот систем Тиквеш, интензивно и со полна пареа се работи на санација на истиот. Веќе во текот на наредната недела ќе протече вода низ цевководот, при што земјоделците во Росоман и Градско ќе можат непречено да ги наводнуваат своите површини.
Како што и претходно објавивме, граѓаните може да бидат спокојни, вода за наводнување ќе има.