Во перодот од 10.07.2023 година до 17.07.2023 година вработените во АД „Водостопанство на РСМ“-Скопје, Подружница Берово-Берово извршија рачно чистење на отворената каналска мрежа во с. Тработивиште, Општина Делчево од нанос и тревна вегетација. Исто така беше извршена санација на Бентот Балија и на селски јаз на река Желевица с. Тработивиште, а се изврши и дополнително санирање на зафатот на Дуњски Јаз. Во наведениот период вработените рачно ја чистеа и отворена каналска мрежа на Горно Поле во с. Разловци.