Во перодот од 17.07.2023 година до 24.07.2023 година вработените во АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница Берово-Берово извршија рачно чистење на отворената каналска мрежа во с. Тработивиште Општина Делчево од нанос и тревна вегетација, односно се работеше на санација на бентот (зафатот на река Брегалница) на каналот на Горно Поле во с. Разловци, како и на чистење на каналот Балија во село Трботивиште од тревна вегетација. Истовремено беше пуштена вода и во двата канала.