2Како и секоја година досега, Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, повторно е подготвено за предвремено пуштање на сезоната за наводнување.

Главниот извршен директор Локман Љимани и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски остварија работна средба во Кочани со Раководителите на подружниците Брегалница, Свети Николе и Берово, каде заклучија дека акумулацијата Калиманци е со одлична хидролошка состојба со исполнетост од 98 милиони м3 кубни вода. Во изминатите неколку месеци подружниците Брегалница и Свети Николе извршија темелно прочистување на десниот магистрален канал.

Ова значи дека земјоделците од брегалничкиот и светиниколскиот регион ги добиваат потребните количини на вода за сезона 2024, а истовремено ги зголемуваме површините под ориз за 500 хектари.

Во партнерство со земјоделците се подготвуваме за уште една успешна наводнителна сезона која ќе резултира со зголемено производство на домашна храна.