Подружница ,,Свети Николе’’ во моментот врши редовно одржување и подготвување на инфраструктурата за наводнување за претстојната наводнителна сезона, искористувајќи ги поволните временски услови од месеците март и април.
Се врши припрема на полињата планирани за засејување со оризова култура, машински се исчистени од нанос и вегетација земјените канали и земјените вади за наводнување кај полињата планирани за засејување со оризова култура во КО Уларци и Крупиште, на непристапните места за работа со механизација чистењето се врши рачно.
Истовремено се работи и на отстранување на дефекти, ископ на цевки и нивна обработка, бетонирање на цевки, поправка на шибер вентили, заварување и монтажа на шибер вентили. Дел од вработените продолжија со рачно чистење на каналската мрежа во атарот на КО Аџаматово.


Во прилог фотографии од работа на терен: