Подружница ,,Свети Николе’’ и во месец април продолжи со редовно одржување на каналската мрежа со цел навремено и непречено обезбедување на вода до земјоделските површини.  Продолжи припремата на полињата планирани за засејување со оризова култура, машински се исчистени од нанос и вегетација земјените канали и земјените вади во КО Жиганци, на непристапните места чистењето се изврши рачно.

Истовремено се работи и на отстранување дефекти во атарот на КО Врсаково како  демонтажа на врата на отворен канал, подмачкување вентили, замена на хидрански глави, бетонирање завршни линии и скршени цевки.

Mаркирање на скршени ПГС и подмачкување на шибер вентили во КО Црнилиште и КО Пеширово, како и бетонирање шахта во Три Чешми и бетонирање ПГС во КО Коселери.

            Во прилог фотографии од работа на терен: