Во Подружница Брегалница-Кочани во период од 07.02.2022 година до 21.02.2022 година се извршени следниве теренски активности:
Чистење на крупна вегетација и дрвја на дел од бетонскиот канал ГК-3, и тоа во делот од с.Прибачево према с. Грдовци и истиот се чистеше рачно со жага и останат алат. Каналот се чистеше и од нанос на земја кој на одредени места достигнуваше и над 30 сантиметри. Со чистењето на крупната вегетацијата се откриваат местата каде што е оштетен каналот и во понатамошниот период ќе следи санација на тие места.

Во КО.Тркање рачно се сечеше вегетација од лева и десна страна на канал ГК-7 и беа
исчистени 2780 метри.

12

 Се работеше и на чистење, проширување и исправање на Кочанска река со сечење на вегетација од речно корито во должина 4000 метри со машина SUNWARD и во КО.Оризари исчистени беа 1800 метри со машина SUNWARD.

Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на водата.

34