Во периодот од 14.02.2022 година до 21.02.2022 година, подружница Црн Дрим – Охрид започна со чистење на одводен канал број 5 во Струга. При тоа, машински се исчистени околу 800 метри должина од овој одводен канал. Истовремено е изнесуван и материјал и е вршена сеча на повеќе годишна дива растителна вегетација. Во периодот од 21.02.2022 до крајот на месец февруари се изврши сеча на дива вегетација (евли, јасики, трње итн. ) и се продолжи со рачно чистење на каналот, колку што дозволуваа условите за работа.