Од 01.03. до 15.03.2022 година во тек е рачно расчистување на Главните отворени бетонски канали. Во овој период поради ниски температури и врнежи од снег и дожд, неколку денови немаше услови за работа на каналите, а останатите работни денови чистењето се одвиваше во отежнати услови, поради влага и вода предизвикани од врнежите. Во периодот до 15.03.2022 година исчистени се околу 13 км од отворената каналска мрежа.