Подружница „Радовишко поле“ – Радовиш
КРАТОК ОПИС НА ИНФРАСТРУКТУРАТА И ДЕЈНОСТА НА ПОДРУЖНИЦА „РАДОВИШКО ПОЛЕ“- РАДОВИШ
Подружница „Радовишко поле“ – Радовиш стопанисува со хидро мелиоративниот систем Мантово, кој е изграден од 1974 до 1986 год. Лоциран е на двете страни на Радовишка река. Подрачјето на дејствување опфака повеке населени места во Општина Радовиш и Општина Конче.
Главен извор на вода е акумулацијата Мантово , формирана на река Крива Лакавица, со капацитет од 49 400 000 м3 вода за наводнување на 5 467 ха. Водата се користи за наводнување и за индустриски потреби.
Малите акумулации „Конче 1“ со капацитет од 95 000 м3, „Конче 3“ со капацитет од 118 000 м3 и „Бучим“ со капацитет од 30 000 м3, претставуваат дополнителен извор на вода за наводнување на површини во Конечко поле од 98 ха.
Системот на главни објекти се состои од брана „Мантово“, малите брани „Конче 1“, „Конче 3“, „Бучим“, тунел „Врашница“ со должина од 8,275 м, Десен главен канал со должина од 11,7 км, Лев главен канал со должина од 29,7 км, Пумпни станици „Раклиш“, „Војславци“, „Калуѓерица“ и „Подареш“, разводна мрежа од околу 200 км, објекти за уредување на пороите и заштита од ерозија.