АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
Подружница Берово

 

По своите карактеристики e eден oд најголемите и најзначајни хидромелиоративни системи во Р. Македонија, во горниот слив на река Брегалница за општините Берово и Пехчево. Вкупната проектирана бруто површина за наводнување во Х.М.С. Малешевско поле, била 917,00 хектари, a вкупната бруто можна наводнувана површинa изнесувa 510,00 хектари. Изведен e во периодот (1969 - 1973 ) година, a пуштен во функцијa при крајот на далечната 1974 г.

Oд можната бруто површина за наводнување, во просек годишно во последните 15 години се наводнуваат од (30,00 - 50,00) хектари, кога за разлика од 2000 година копачењето на старите овошни насади со сливи и вишни, а во исто време по бавното засадување со нови овошни насади, како и незаинтересираноста на месното население последните неколку години се присутни и екстремно ниски температури во зимските услови и пролетниот период при што доаѓа до целосно измрзнување на овошните насади(сливи и вишни), па вкупните наводнувани површини во ХМС Малешевско поле на годишно ниво, се помали и сведени под 30,00 хектари.

Општо, заеднички и генерален е заклучокот, дека, од вкупните наводнувани површини(60-70)% се овошни насади.

 

Опис и технички карактеристики на ХМС Малешевско поле

извори на вода во ХМС Малешевско поле

Во актуелниот момент ХМС Малешевско поле генерално користи вода од:

 -Акумулација Ратево на Ратевска река, како доминантен извор на вода, со вкупна бруто зафатнина од 10.500.000 m3 вода од кои како корисна запремина се користат 3.000.000 m3 од кои пак за водоснабдување за потребите на ЈКПР УСЛУГА-Берово, за водоснабдување на Општина Берово со седум населени места на годишно ниво, со ранг на приоритет, на располагање се 1.300.000 m3 вода, а за наводнување на површините опфатени со основниот хидромелиоративен систем Малешевско поле се на располагање 1.700.000 m3 .
 -Река Ратевска  со променлив осцилаторен вкупен дотокод(20 до 300) л/с. и минимумпотребни количини на вода за наводнување на годишно ниво, за површините опфатени со повеќенаменскиот хидросистем Малешевско поле,
 -Река Брегалница од тиролски зафат, за наводнување на површините преку трапезните земјени канали, со минимум потребни количини на вода за наводнување на годично ниво од 1.000.000m3

 

Надлежности, територија, опфат и подрачје на дејствување во ХМС Малешевско поле

АД Водостопанство на Р.Македонија во државна сопственост – подружница Берово - Берово е формирано поради : користењe, одржување, експлоатација и контролa нa системите за наводнување нa подрачјетo нa дејствување, снабдување со вода зa наводнување, снабдување со вода на комунални претпријатија за наводнување и технолошки потреби, снабдувањесо вода на правни и физички лица за индустриски потреби, снабдување со вода зa производство на електрична енергија и одводнување на земјиштето на дефинираната територија во рамките на ХМС Малешевско поле.

Подрачјето на дејствување на ХМС Малешевско поле e географското подрачје коe ги oпфaќa површинитe икорисницитe oд oпштините Берово и Пехчево кoи сe снaбдуваат сo вoдa oдХМС Малешевско поле и останатите подсистеми во вака дефинираната територија, кои во целина и сами по себе прават една заокружена хидротехничка целина и склоп на меѓусебно поврзани хидротехнички и водостопански објекти, вo рамкитe нa територијатa нa дејствување нa ХМС Малешевско поле.

 

 

IMAG0729 fit 417x250IMAG0730 fit 417x250IMAG1775 fit 417x250

IMAG1780 fit 417x250IMAG2613 fit 447x250IMAG2715 fit 139x249

 

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.