Подружница Кумановско-Липковско Поле
Подружницата стопанисува со браните Глажња, Отошница, Калин Камен и Влашки Колиби. Намена на хидросистемот Глажња-Липково е наводнување, водоснабдување на град Куманово и околните населби, снабдување со техничка вода на индустриските капацитети и производство на електрична енергија. Напоменуваме дека ХЕЦ Глажња и ХЕЦ Липково не се во функција поради оштетувања предизвикани од конфликтот во 2001 година. Исто така Подружницата стопанисува и со систем за наводнување Липково и мали системи за наводнување Довезенце-Јачинце-Клечовце и Шупли Камен-Зубовце. Системот Шупли Камен-Зубовце не е во функција.