АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

До месец март од страна на вработените во Подружница Црн Дрим-Охрид, се работеше на чистење и одржување на каналската мрежа за одводнување. Во овој период се изведуваат активности на каналската мрежа за наводнување.
Наводнување
Подружница Црн Дрим Охрид, ја пушти водата во приоритетните канали за наводнување, а воедно и привршува со рачното чистење и отстранување на дефекти кои тековно се јавуваат со самото пуштање на водата.
Општина Охрид, с.Косел
Чистење од нанос и разно ѓубриште, на дел од речното корито на Коселска река, кај куќите во селото, и негово отстранување. 

Picture1Picture2

Повеќе...

Во изминатиот период направен е ископ на Прва грана – канал 20 каде е извршено демонтирање и монтирање на азбестна цевка DN 200 и каналот е пуштен во функција.

АД Водостопанство Подружница-Брегалница - Кочани во периодот од 22.05 до 26.05 продолжи со извршување на следниве активности:
Чистење на дрва од премин и поправка на истиот премин преку река Брегалница во КО.Мојанци со машина SUNWARD и чистење на вади во КО.Чифлик со машина YANMARR.

-Копање на земјени вади во КО.Виница мв.Штипски пат

-Крпење на рака насип од вада однесен од многу вода во река Оризарска

-Чистење и копање на земјени вади во КО.Виница, мв.Стара река

 

 

 

Увид на брана со утврдување на количината на прелив на вода 

 1Picture2Picture3

 Во тек е секојдневно склучување на договори за наводнување како и активности за зголемување на наплатата при што се изготвени и испратени 250 опомени кон должните лица 

Повеќе...

1Почитувани,

Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, ја информира јавноста дека денес, 27 мај 2023 година, е детектирано оштетување на сифонот Макарија на хидромелиоративниот систем Тиквеш, поради кое привремено е прекинат дотокот на вода која се користи исклучиво за наводнување на земјоделските површини.

Извршен е увид и во моментов интензивно се работи на изнаоѓање технички решенија за ургентна интервенција и санација во најбрз можен рок, а се со цел враќање на системот во првобитна состојба.

Дополнителни информации, граѓаните од регионот можат да добијат во подружницата АД Водостопанство - Тиквеш.

За сите понатамошни активности пак, поврзани со санацијата, јавноста ќе биде навремено информирана.

Во периодот од 15.05 до 19.05.2023 година вработените во Подружница Битолско Поле – Битола врше чистење на одводни канали од РЕК-Битола кои што се вливаат во X-канал, како и чистење на одводен канал од деталната каналска мрежа во близина на с.Чарлија. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 460 метри.

Во прилог се фотографии од работата на терен.

Фотографии за време на чистењето на одводните канали од РЕК-Битола со влив во X-канал

Повеќе...

Подружница ,,Свети Николе’’ – Свети Николе во период од 15.05.2023 до 20.05.2023 година продолжи со тековни активности. Полињата засеани со оризова култура се целосно наполнети со вода. Истовремено во Подружница Свети Николе рачно се чисти каналската мрежа за наводнување, на отворен канал на повеќе локации во КО Црнилиште. Во атарот на село Три Чешми рачно е исчистен доводниот канал за компензационен базен. Извршено е и машинско чистење со багер Lipher 916 на земјен канал во долно Крупишко поле во должина од околу 900 метри.
На 17.05.2023 година Подружница Свети Николе продолжи со одржување на каналската мрежа за наводнување односно рачно чистење на отворен канал од место викано Медово во должина од 1960 метри до ZG 23 КО Ерџелија, и санација на дефекти, во КО Врсаково кај место Црвеница на ZG 18 RC10 - RC11 извршено е припрема за бетонирање односно шалување и бетонирање на цевки. Извршено е и замена на цевки кај место викано Дудин Дол, ACC Ф300C 5 метри, GS 300 C, бетонирање на ZG 25 во КО Свети Николе. Репарирање на хидрант на RC 11. Извршено е демонтажа и монтажа на цевки ACC Ф 250 C на RC 11 кај место викано Југово. Покрај рачното чистење на каналот извршено е и сечење на поголемите гранки од магистралниот канал кои го попречуваат дотокот на вода. Како и затварање на испуст во атарот на село Врсаково и пуштање на водата за наводнување по главниот канал RC 19 до сифон КО Свети Николе.
Извршено е испирање на каналот со вода до филтерната станица КО Свети Николе односно оспособување на каналот за наводнителната сезона.
Во прилог фотографии од работа на терен.

Подружница „Тиквеш“ врши дистрибуција, односно испорака на вода за наводнување и останати потреби низ отворената каналска мрежа и деталната подземна цевна мрежа од ХМС „Тиквеш“. Најмогу се користи вода за садење и наводнување на раноградинарски култури, но во помал обем,заради поволната хидролошка состојба и честите врнежи кои го зафатија регионот.

Паралелно со наводнувањето се вршат неопходните активности за одржување и поправка на дефектите кои се јавуваат на секундарната подземна мрежа.

Дистрибуција на вода во ХМС Тиквеш

Повеќе...

-Машинско чистење на дел од земјен канал во т.н Викано место кај градските гробишта; Исчистен дел од терцијален земјен канал во атар на Гостивар 1. Исчистен дел и од земјен канал т.н Хајдучка бразда

-Рачно чистење на дел од т.н Бајнички систем кај мермери и краста

Вработените во Подружница ,,Радовишко Поле’’- Радовиш во периодот од 15.05.2023 година до 19.05.2023 година извршија контрола на терен без вода во системот (на суво) и раскопување на хидранти и затварачи, како и расчистување од обрасната вегетација.

АД „Водостопанство на РСМ“-Скопје, Подружница Брегалница - Кочани во периодот од 16-22.05.2023 година продолжи со извршување на следниве активности:

Фаќање на бент на река Злетовица во КО.Уларци 

12

Повеќе...

На ден 17.01.2023 извршено е фланширање на хидрант на ХС„Иловица“.
На ден 20.02.2023 извршено е сечењ, лепење и монтирање на репарациона спојка Ф500 на ГК од ХС „Маркова река“.
На ден 21.02.2023 извршено е демонтажа на механизам на таблест затварач и утврдување истрошеност на запченици на ГК на ХС “Турија“.

Повеќе...

Во перодот од 15.05.2023 година до 22.05.2023 година, вработените во АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница Берово-Берово покрај редовните теренски активности извршија и санација на дефект на ХМС на десен магистрален вод на цевка Ф 150 класа Ц.

123

Подружница Црн Дрим - Охрид започна со пуштање на водата во каналите за наводнување во с.Косел, на трите зафати на река Коселска и тоа кревање на портата на главниот бетонски зафат за према Долни Косел и со примитивно зафаќање на двата зафати за Рвеник, а со тоа и санирање и детектирање на дефектите кои се јавуваат тековно (пробивање и рушење на каналите од самата вода). Исто така се продолжи со рачно дочистување на браздите во с.Мешеишта
Општина Охрид
Пуштањена водата кај браната на главниот бетонски зафат на Река Коселска, за Долни Косел.

1Picture2

Повеќе...

Подружница „Тиквеш“ – Кавадарци на 05.04.2023 година започна со испорака на вода за наводнување и останати потреби преку отворената каналска мрежа и деталната подземна цевна мрежа од ХМС „Тиквеш“. Во ХС „Бошава“ се дистрибуира вода во Главниот доводен канал „Лукар-Страгово“. Се’ уште се работи на чистење на каналот К-2. Исто така и ХС „Демир Капија“ и ХС „Подлес“ се ставени во функција.

Наводнувањето од пумпните станици не е започнато. Се работи на сервисирање на пумпите на ПС „Марена“.
Тековно се работи на чистење и подготовка на ХС „Пепелиште“ и ХС „Бистренци“, како и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.

Дистрибуција на вода во ХМС Тиквеш

12

Повеќе...

АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница ,,Свети Николе’’ – Свети Николе во претходниот период во текот на месец април и почетокот на мај продолжи со редовно одржување и подготвување на системот за наводнување за претстојната 2023 наводнителна сезона. Во изминатиот период се работеше на санација на дефекти како и на машинско и рачно чистење од нанос и вегетација на земјените канали за наводнување.
Машински се исчистени со багер Yanmar земјените вади на полињата со оризова култура. Во КО Пишица во период од 12.04.2023 - 19.04.2023 година. Во КО Жиганци во период од 20.04.2023, 24.04.2023 - 28.04.2023 година. Во КО Крупиште и КО Уларци во период од 02.05.2023 - 05.05.2023 во должина од по 1600 метри на ден. Целосно се исчистени каналите и оваа година има околу 600 хектари посеано со ориз.

Повеќе...

Во периодот од 08.05-15.05.2023 година вработените во Подружница Берово-Берово вршеа техничко административна работа во канцелариите и се постапуваше по барањата доставени од Дирекција на АД Водостопанство. Се издаваа испратници за песок при регулација на речно корито на река Брегалница во Општина Делчево, а вработените во подружницата исто така се вклучија и во акцијата организирана од Пакомак и од Општина Берово за чистење на градот со што вработените од Подружница Берово го исчистија стопанскиот двор пред канцелариските простории. Исто така вработените од Подружница Берово во соработка со ЈПКР Услуга Берово со нивна машина Скип извекуваа паднато дрво во ратевска река кај Владимирскиот мост на регионалниот пат Берово – Радовиш.

-Оспособување на зафатот од т.н Бајнички систем и пуштање на вода за наводнување
-Рачно чистење на дел од Бајничкиот систем и поставување на цевка во градско подраче на општина Гостивар
-Рачно чистење на дел од Бајничкиот систем во атар на с.Горна Бајница
-Рачно чистење на бајнички систем,викано место Краста.
-Машинско чистење на дел од системот Здуње – Пирок во градско пдраче на општина Гостивар

Вработените во Подружницата Битолско Поле – Битола во деновите 04.05 и 05.05.2023 година вршеа чистење на Логовардски одводен канал во близина на с.Егри и се вршеше прокопување на нов влив на Логовардски одводен канал на канал од Технички гасови, кој до сега се вливаше челно и правеше застој на течението на Логовардски канал. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 150 метри.
Во периодот од 08.05 до 12.05.2023 година работниците продолжија со чистење на Логовардски одводен канал во близина на с.Егри и одводен канал во РЕК-Битола. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 1100 метри.

Во прилог се фотографии од работата на терен.

Фотографии за време на чистењето на Логовардски одводен канал во близина на с.Егри и прокопување на нов влив на Логовардски одводен канал на канал од Технички гасови на 04 и 05.05.2023

Повеќе...

Во месец Април е работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, а исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма се со цел нормално функционирање на каналската мрежа за одводнување на територија на Подружница Скопско Поле- Скопје. Машински се исчистени 2250 метри и тоа :

 ОПШТИНА ИЛИНДЕН

- Ободен канал во должина од 2250 метри.

Во период од 06.04.2023 година до 27.04.2023 година за дванаесет работни дена е исчистена каналска мрежа на територија на Општина Илинден во должина од 2250 метри. Каналот беше обрастен со вегетација, а се чистеше со багер гасеничар. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода ободниот канал.

Picture1Picture2

Пумпната станица Таор и во овој период од годината работеше според потребите и нивото на подземните води во каналската мрежа со што е спречено поплавување на земјоделските и станбени објекти на целата територија на делување на ХМС за одводнување.

За активностите за чистење на каналската мрежа по потреба беа вклучени    багер и камион.

 

Во Подружница Брегалница-Кочани во период од 01.04.2023 до 30.04.2023 година интезивно се работеше чистење на земјени канали со машина SUNWARD I LIEBHERR обраснати со вегетација , дрва од наносен материјал.За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа .
Чистење на земјени вади во :
КО.Оризари
KO.Грдовци
Во прилог фотографии:

Полнење на гумената вреќа во КО.Грдовци и пуштање на вода 

1

Повеќе...

 -Рачно чистење на дел од т.н Бајнички систем покрај магистрален пат Гостивар – Кичево
-Рачно чистење на Бајнички Систет во атар на с.Вруток
-Рачно чистење на земјените бразди на Бајничкиот систем во атар на Горна Бајница.
-Пуштење на вода за наводнување во т.н Бајнички систем.

Подружница Црн Дрим Охрид, продолжи со рачно чистење и одржување на каналската мрежа за наводнување како и отстранување на дефекти, во општините Охрид, Дебарца и во Кичевскиот реон.
Општина Дебарца
С.Мешеишта
Рачно чистење на каналската мрежа на повеќе локации,во атарот на село Мешеишта 

Picture123

Повеќе...

Во рамки на работата на Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 03.04 до 07.04.2023 година се изврши чистење на Логовардски одводен канал во близина на с.Егри и се вршеше прокопување на нов влив на Логовардски одводен канал на канал од Технички гасови,кој досега се вливаше челно и вршеше застој на течението на Логовардски канал. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 830 метри.

Во прилог се фотографии од работата на терен.

Фотографии за време на чистењето на Логовардски одводен канал во близина на с.Егри и прокопување на нов влив на Логовардски одводен канал на канал од Технички гасови

Рачно чистење на дела ос т.н Бајнички систем во атар на с.Медита 

Рачно чистење на т.н Бајнички систем во атар на с.Горна Бајница

Рачно чистење на таложниците т.н Галатска и Добридолска

Машинско чистење на земјен канал во т.н Гостивар 1 во градско подраче

Подружница Црн Дрим Охрид, интензивно работи на чистење и подготовка на каналската мрежа за наводнување за претстојната сезона, во општините Охрид, Дебарца и во Кичевскиот реон.
Општина Охрид, с.Косел
Во атарот на село Косел рачно се исчисти од нанос, муљ, лисја, гранки и разен вид на ѓубре, бетонскиот канал во м.в.Рвеник
Рачно чистење на отворен бетонски канал во м.в. Рвеник 

Picture1Picture2Picture3

Повеќе...

Преставници од АД Водостопанство на РСМ,во организација на ЗМКГБ Скопје(Здружение на МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ ЗА ГОЛЕМИ БРАНИ) сме на студиско патување во Грција на посета на брани .
Првиот ден ги посетивме браните во близина на Атина.
1.Брана МАРАТОН(MARATHON DAM) се наоѓа на полуостровот Атика во јужна Грција.Изградена во периодот од 1926 до 1931 година,со примарна цел - обезбедување вода за водоснабдување за градот Атина се до 1959 година.
Се работи за брана висока 54м,акумулирање на 41милион м3 вода.
2.БРАНА МОРНОС(MORNOS DAM)
Со акумулиран простор од 780 милиони м3 вода и висина од 126 м, браната Морнос преставува една од најголемите насипни брани во Европа.Намената и е за водоснабдување.
Вториот ден ги посетивме браните.
3.Брана Кастраки(KASTRAKI DAM)
Насипна брана со централно јадро,висока 96 м и акумулациски простор од 165 милиони м3 вода.
Намената и е за произвотство на електрична енергија( инсталиран капацитет од 320 MW), водоснабдување и наводнување.
4.БРАНА КРЕМАСТА(KREMASTA DAM)
Насипна со централно јадро,висока 165 м, со акумулиран простор од 4750 милиони м3 вода наменета за производство на електрична енергија( инсталиран капацитет од 437.2 MW).

Третиот ден ги посетивме браните:
5.БРАНА МЕЗАХОРА(MESSOCHORA DAM)
Браната Мезахора е каменонасипна брана со бетонски екран на реката Ахелос,во Трикала.
Браната е висока 150 м, акумулацијата зафаќа 358 милиони м3 вода,
Браната е завршена во 2009 година за произвотство на електрична енергија(инсталиран капацитет од 161,6 MW )
6.БРАНА ИЛАРИОНAС( ILARIONAS DAM)
Насипна брана со бетонски екран,висока 130 м,зафатнина на акумулацијата е 520 милиони м3 вода,
Намената и е за производство на електрична енергија(инсталоран капацитет од 157,2 MW), наводнување и водоснабдување.

Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2023 год. исчистени се машински и рачно 4.460м. земјена мрежа и тоа:

- Чистење на примарен бетонски канал во атарот на с. Фалише
На ден 29.03.2023 година, рачно се чистеше бетонски канал обраснат со вегетација, дрва и наносен материјал. 

12

Повеќе...

-Машинско чистење на отворен систем за наводнување,поставување на бетонска цевка,отварање на земјена бразда во т.н Грм – Врапчишки атар и Сејмајица – Тумчевишки атар

-Рачно чистење на дел од Бајничкиот систем во атар на с.Равен

Во периодот од 03-07.04.2023 година се продолжи со чистење (машински и рачно), на каналската мрежа за наводнување во општините Охрид, Дебарца и во Кичевскиот реон.
Општина Охрид, с.Косел
Во атарот на село Косел се вршеше рачно чистење на отворени канали за наводнување од нискостеблеста дрвенеста вегетација и наталожен материјал од земја,лисја и друг вид на ѓубре во м.в.Долни Косел и ’Рвеник, а во м.в. Капина машински се отвори затрупаниот канал и се отстранија огромните корења, кои го попречуваа нормалниот проток на вода.
Рачно чистење на отворен земјен канал во м.в. Долни Косел 

Picture1Picture2Picture3

Повеќе...

Во Подружница Брегалница-Кочани во периодот од 20.03.2023  до 28.03.2023 се изврши кастрење на нискостеблеста вегетација.

Рачно и машински се чистеше главниот јаз во КО Теранци и во месноста викана терански орман.

Во прилог се фотографии од работата на терен

Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 20.03 до 24.03.2023  година  вршеа чистење  на  Логовардски одводен канал во близина на с.Егри и за тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 900 метри.

Во прилог се фотографии од работата на терен.

Фотографии за време  на чистењето на  Логовардски одводен канал во близина на с.Егри

Подружница ,,Радовишко Поле’’- Радовиш започна со чистење на отворените канали на 27.02.2023 година. Се врши рачно чистење на отворените канали една група на лев главен канал другата група на десен главен канал. Од вкупно 29 километри за чистење до сега исчистено е 9 километри.

Во периодот од 20-24.03.2023 година во рамки на работата на подружница Црн Дрим од Охрид, се изведуваа активности (машински и рачно), на каналската мрежа за наводнување, во с.Косел општина Охрид и с.Мешеишта општина Дебарца.
Општина Охрид, с.Косел
Машински и рачно се исчисти каналот Лоиште, од зафатот до цевките, со вкупна должина од 1км. Машински, со багерот LIEBHERR, се вршеше отстранување на искршени дрвја и гранки, големи корења и стебла кои сметаат за нормален проток на вода, како и санирање и реконструкција на пробиени делови на каналот Лоиште, према стара полициска станица. Поради непристапен терен, претхдно се направи пат, за да се дојде до местото за санирање.

Повеќе...

Во Подружница Брегалница-Кочани во периодот од 20.03.2023 година до 23.03.2023 година интезивно се работеше на чистење на речните корита.
KO.Oблешево
МВ.Подлошки Пат
МВ.Чифлички Пат
МВ.Жилиница
Вкупно беа исчистени 16.400 м.

 

Во периодот од 20.03.2023 година до 27.03.2023 година од страна на вработените во АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница Берово-Берово започнато е со чистење на Долчински поток од нанос на миљ ,песок и вегетација, со цел да се спречи навлегување на водите од споменатиот поток во шахтата каде што е сместен испусниот вентил за десен магистрален вод.

-Машинско чистење на т.н Топличка река во атар на с.Топлица,с.Добридол и Тумчевиште
-Машинско чистење на т.нВрапчишка река во атарите на с.Врапчиште и с.Чегране
-Поправка на системот во атар на с.Тумчевиште

Вработените во Подружницата Битолско Поле – Битола во деновите 13.03,14.03 и 17.03.2023 година вршеа чистење на Логовардски одводен канал покрај вливот со V-одводен канал во близина на с.Егри, ,за тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 900 метри.

Во прилог се фотографии од работата на терен.
Фотографии за време на чистењето на Логовардски одводен канал,којшто се влива во V-одводен канал, во близина на с.Егри

Одводнување
До месец март се работеше на чистење и одржување на каналската мрежа за одводнување. Во наредниот период ќе се изведуваат активности на каналската мрежа за наводнување.
Наводнување
Општина Охрид, с.Косел
Машински, со багерот LIEBHERR, и дел рачно се продолжи со чистење на каналот Лоиште, земјен канал, од првиот зафат на река Коселска према село, и санирање на пробиените места, со камен, дрва и земја.

АД „Водостопанство на РСМ“- Скопје, Подружница-Брегалница - Кочани во периодот од 06-17.03.2023 година ги има извршено следниве теренски активности:

Во КО.Мојанци,МВ.Прокево чистење на земјени вади со машина YANMAR

Во КО.Грдовци ,МВ.Стришко чистење на земјени вади со машина YANMAR исчистено 1700 м.

Како и секоја, и оваа година, во периодот помеѓу две наводнувачки сезони, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за редовно одржување и подготовување на објектите и инфраструктурата за наводнување за предстојната наводнувачка сезона 2023 година.
Се вршeше кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работeше и на чистење на магистралните канали ЗМК, ДМК, „Љубаш-Марена-Тремник“, ЛМК „Камен Дол-Ногаевци од нанос, рачно и машински, како што налагаат теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работи и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Се работи и на санација на дел од сифонот Макарија.

Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во деновите 09.03 и 10.03.2023 година вршеа чистење на Логовардски одводен канал покрај вливот со V-одводен канал во близина на с.Егри. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 300 метри.

Во прилог се фотографии од работата на терен.

Фотографии за време на чистењето на Логовардски одводен канал,којшто се влива во V-одводен канал, во близина на с.Егри

Во месец Февруари е работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма се со цел нормално функционирање на каналската мрежа за одводнување на територија на Подружница Скопско Поле- Скопје, машински се исчистени 5200 метри и тоа :

ОПШТИНА ИЛИНДЕН

- Сува река од Тав до Миладиновци во должина од 3300 метри.
Во период од 10.02.2023 година до 27.02.2023 година за дванаесет работни дена продолжи да се чисти сува река на територија на Општина Илининден во должина од 3300 метри. Каналот беше обрастен со вегетација, а се чистеше со два багери гасеничар Sunward и мал багер Janmar. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот. 

Picture1 resizePicture2 resize

Повеќе...

Во периодот од 27 февруари до трети март од страна на вработените во подружница Тиквеш-Кавадарци се изврши кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работеше и на чистење на каналите ДМК „Љубаш-Марена-Тремник“, ЛМК „Камен Дол-Ногаевци и К-37 од нанос. Чистењето се одвиваше рачно, но и машински, како што налагаа теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се отстрануваа и дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Се работеше и на чистење на наталожениот материјал од тиролскиот зафат од ХС „Бошава“.

Чистење на Десен магистрален канал од ХМС Тиквеш

 

Повеќе...

Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 20.02.2023 до 24.02.2023 година вршеа чистење на одводен канал којшто се влива во V-одводен канал во близина на железничката пруга. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 1000 метри.

Во прилог се фотографии од работата на терен.

Фотографии за време на чистењето на одводен канал,којшто се влива во V-одводен канал,под пругата во близина на с.Кравари

Во текот на месец февруари од страна на вработените во подружница Црн Дрим од Охрид се работеше на чистење на одводен канал број 26 во КО Мислешево. Заклучно со 03.03.2023 година исчистени се околу 1000м должина. Истиот е со вкупна должина од 1500м.

Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2023 година во месец Февруари исчистени се машински 1700 м. земјена каналска мрежа и тоа:

- Чистење на примарен земјен канал во атарот на с. Голема Речица во м.в. Кликово во должина од 1700 метри.
Во период од 16.02 до 24.02.2023 година за 7 работни дена, машински со Багер марка Yanmar се чистеше земјен канал обраснат со вегетација, дрва и наносен материјал.

*Машинско чистење на земјени бразди во атарот на с. Голема речица, покрај автопат Тетово – Гостивар и Тетово – Скопје

 

 Како и секоја и оваа година, во периодот помеѓу две наводнувачки сезони, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за редовно одржување и подготовување на објектите и инфраструктурата за наводнување за претстојната наводнувачка сезона 2023 година.

Се вршеше кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работеше и на чистење на каналите ДМК „Љубаш-Марена-Тремник“, ЛМК „Камен Дол-Ногаевци и К-37 од нанос, рачно и машински, како што налагаат теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работеше и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Се работеше и на чистење на наталожениот материјал од тиролскиот зафат од ХС „Бошава“.

 Чистење на Десен магистрален канал од ХМС Тиквеш 

 1

Повеќе...

Вработените во подружницата Битолско Поле – Битола во периодот од 13.02.2023 до 17.02.2023 година вршеа чистење на одводен канал кој што се влива во V-одводен канал. Исто така, вршеа чистење на одводен канал од ЗИК Пелагонија, кој што се движи према с.Трн, како и чистење на одводен канал во близина Затворот-Горно Оризари. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 700 метри.

Фотографии за време на чистењето на одводен канал од ЗИК Пелагонија,кој што се движи према с.Трн

 Picture1Picture2

Повеќе...

Во месец Јануари е работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма се со цел нормално функционирање на каналската мрежа за одводнување на територија на Подружница Скопско Поле- Скопје, машински се исчистени 2950 метри и тоа :

 ОПШТИНА ИЛИНДЕН

- Ободен канал во Илинден во должина од 2600 метри.
Во период од 03.01.2023 година до 20.01.2023 година за единаесет работни дена е доисчистен дел од ободен канал во Илинден во должина од 2600 метри. Каналот беше обрастен со вегетација, а се чистеше со гасеничар багер Sunward. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот.

Picture1Picture2

Повеќе...

По завршувањето на сезоната за наводнување 2022 година Подружницата работеше на изработка и достава на фактури. Врз основа на примени приговри од страна на водокорисници (во предвидениот рок за рекламација), комисија формирана од Подружницата излегуваше на терен и вршеше увид на фактичката состојба и според тоа изготвуваше записник и решение.
Исто така во споменатиот период се работеше и на добиени барања за достава на информации/податоци и мислења и согласноти ( барања за ископ на бунари, податоци за Урабнистички планови, барања за изградба на мостови на канал и сл).
Во овој период од административен аспкет, се доставуваа Опомени до водокорисници кои ја немаат подмирено својата обврска за наводнување.

Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2023 година Подружницата ги започнува теренските активности и тоа:

- Чистење на земјен канал во атарот на с. Голема Речица во м.в.Бродиште во должина од 1.200 м .
Во период од 10.02 до 13.02.2023 година за 4 работни дена(викенд), машински со Багер марка Yanmar се чистеше земјен канал обраснат со вегетација, дрва и наносен материјал.

  


*Машинско чистење на земјени бразди на критични места каде што има можност за поплави, и на истите е интервенирано.

Во почетокот од месец јануари од страна на вработените во подружница Црн Дрим - Охрид се чистеше одводен канал бр. 6 поточно КП 2831/1 КО Струга. На 01.02.2023 се продолжи со чистење на кнал бр. 6 за КО Струга. Во наведените датуми вкупно беше исчистен и изнесен на депонија градежен шут и дрвна маса во должина од 550 метри. На истиот канал беше депониран отпаден материјал од 2022 година од страна на непознати сторители во огромни количини: пластични гуми, градежен шут и мебел, кој во наведените денови беше отстранет од страна на вработените во подружницата.

 

Во Подружница Брегалница-Кочани во почетокот од месец февруари 2023 година интезивно се работеше на чистење на земјени вади.

Во Катастарска општина Оризари се чистеа вади покрај пругата и при тоа машински беа исчистени околу 1100 метри.

Се чистеа вади и покрај патот за Прибачево каде машински беа исчистени 3900 метри.

Чистењето се одвиваше и на дел од бетонски канал (трапезен) RK-7 од ГК-3 околу 500м, како и чистење на вади во КО Чешиново во должина од  5040 метри и во КО Уларци каде беа исчистени 3200м земјена каналска мрежа.

 

Вработените во подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 06.02.2023 до 10.02.2023 година вршеа чистење на одводен канал од ЗИК Пелагонија којшто се движи према с.Трн. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 400 метри.

 Фотографии за време на чистењето на одводен канал од ЗИК Пелагонија,којшто се движи према с.Трн

 

Вработените во подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 30.01.2023 до 03.02.2023 година продолжија со чистење на местата каде има таложење на бигор, особено во Логовардскиот канал и одводен канал од ЗИК Пелагонија којшто се движи према с.Трн. Во тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 950 метри.

Фотографии за време на чистењето од талог на бигор на Логовардскиот одводен канал во близина на с.Егри

Picture1Picture3

Повеќе...

Како и секоја, и оваа година, во периодот помеѓу две наводнувачки сезони, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за редовно одржување и подготовување на објектите и инфраструктурата за наводнување за предстојната наводнувачка сезона 2023 година.
Се изврши кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работи и на чистење на каналите ДМК „Љубаш-Марена-Тремник“, ЛМК „Камен Дол-Ногаевци и К-37 од нанос, рачно и машински, како што налагаат теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работи и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Се работеше и на санација на хидромеханичката опрема на Затварачницата од акумулација „Тиквеш“ во доводниот тунел „Тисовец“, а беше извршена поправка и на оштетен дел од сифон „Возарци“.
Беше извршено машинско чистење од присуство на дрвна маса и друга вегетација на бетонските стопи на Пепелишки мост на патниот правец Неготино-Штип.

 Санација на Затварачница 

 123

Повеќе...

Во рамки на работата на Подружница Брегалница – Кочани во периодот од 22.01.2023 до 27.01.2023 година интезивно се работеше на чистење на вегетација и наноси од дрва.

Во Катастраска општина Оризари со машина YANMAR во  должина од 2320m се изврши чистење на вади и канали за наводнување и одводнување .

Исто така, се изврши чистење на вади лево и десно по патот за Прибачево, како и мaшинско чистење на земјени вади од вегетација и нанос со машина SUNWARD.

Чистењето ги опфати Катастарските општини Чифлик, Кучичино, Бурилчево и  Чешиново

 

Вработените во подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 23.01.2023 до 27.01.2023  година вршеа чистење на одводни  канали во близина на Затворот, Горно Оризари, чистење на места каде имаше таложење на бигор во Логовардскиот канал и чистење на одводен канал во близина на фабриката Пелистерка во с.Меџитлија. За наведениот период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 2200  метри.

Фотографија за време  на чистење на  одводни  канали  во близина на затворот, Горно Оризари

Picture1

Повеќе...

0 02 05 DirektorПочитувани вработени, корисници на нашите услуги и драги пријатели,

На 17 јануари 2022 година дојдов на чело на АД „Водостопанство на РСМ“ - Скопје. Година која беше тешка за сите нас како поединци и како држава. Кога се доаѓа на чело на една институција, освен што е привилегија, уште повеќе е предизвик да се решаат проблемите со кои секојдневно се соочуваме. Ние дел од нашите проблеми успешно ги надминавме и сме на пат да ги решиме и останатите.

Во услови на финансиска и енергетска криза, со енормно зголемување на трошоците за работа и одржување, со гордост можам да кажам дека за АД Водостопанство, 2022 беше многу успешна работна година. Година, во која навремено беа наводнети повеќе од 18 000 хектари земјоделски површини, што е рекордна и за нас многу задоволителна бројка споредувајќи со минатите години, особено со 2021, која беше многу сушна година и земјоделците имаа потреба од зголемено наводнување.

Сето ова ни дава за право со оптимизам да влеземе во 2023 година и да очекуваме дека оваа бројка ќе биде уште поголема, а годината ќе биде поуспешна за сите нас од АД „Водостопанство на РСМ“ - Скопје.

Со верба во нашата работа и посветеност на задачите кои ни се доверени, ние очекуваме 2023 година да биде година на проекти, инвестиции и просперитет на нашето претпријатие.

Затоа оваа моја честитка нека биде почеток на една успешна, среќна, бериќетна и полна со здравје и сплотеност 2023 година.

Главниот извршен директор на АД„Водостопанство на РСМ" - Скопје, ја посети подружница Брегалница - Кочани, по повод завршувањето на сезоната за наводнување, каде имаше и свое обраќање до медиумите кое го пренесуваме во целост:

„За годинешната сезона за наводнување можам да истакнам дека е успешно завршена. Ги сумираме резултатите од терен и се повеќе од задоволителни. Наводнувањето го започнавме навремено, на 14 април, со искористување на водите од реките Брегалница и Зрновска река, а од хидросистемот од брана Калиманци водата беше пуштена по десниот магистрален канал на 29 април годинава.

Успешната сезона за наводнување се должи на навремената подготовка на хидросистемите, рачното и машинско чистење на вади и канали, крпење на одводните канали, чистење на решетки од одводните канали, вадење, ископување и местење на цевки за наводнување, санација на искршени каналетки и уште многу други навремено завршени теренски активности од страна на вработените во подружницата.

Посветените работници, вработени во подружница Брегалница - Кочани исчистија вкупно 226.925 метри каналска мрежа, а јас како Директор сакам лично, од мое име да им се заблагодарам што и покрај тешкотиите со кои се соочи АД Водостопанство за време на летниот период, тие не ги оставија земјоделците и свесни за важноста на наводнувањето во процесот на производство , непречено овозможуваа водоснабдување до крајните корисници.

Сезоната за наводнување заврши на 15.09.2022 година и при тоа до сега се евидентирани преку 4020 хектари наводнувани површини од кои 80% се оризови површини, а останатите 20% се други култури. Евидентирањето на површините продолжувва и очекувам таа бројка да се зголеми, рече Главниот извршен директор Локман Љимани.

 

 

Llokman Limani1Ја информираме јавноста дека Главниот извршен директор на Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје со дел од сопствени средства и со помош на Владата на Република Северна Македонија, во износ од 100 милиони денари наменски и неповратни средства, ги исплати заостанатите плати на работниците на крајот од минатата и почетокот на оваа недела.


Во услови на енергетска криза кога цената на струјата е повеќекратно зголемена, а трошоците за одржување се неспоредливи со минатите години, пумпните станици за наводнување не престанаа да работат и сезоната за наводнување беше успешно завршена.
Заради заштита и обезбедување на успешна сезона на земјоделците кои ја користат водата за наводнување како основно средство во обезбедување на добар и квалитетен род, цената на водните услуги не беше зголемена и покрај повеќекратното зголемување на трошоците за одржување на хидросистемите.


„Сакам да упатам посебна благодарност до сите вработени во Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија за истрајноста и разбирањето кое го имаа во овие тешки моменти за нив како вработени и за нас како менаџмент на друштвото. Работниците свесни за кризата која постои, како и за важноста на процесот на наводнување, во ниту еден момент не го прекинаа снабдувањето со вода, за што сум посебно благодарен“, истакна директорот Локман Љимани.


Менаџментот на АД„Водостопанство на РСМ“-Скопје веќе работи на подготовка на проекти за 2023 година со цел поголема одржливост и финансиска стабилност на друштвото.

 

Во периодот од 01.09.2022 до 12.09.2022 година, вработените во АД „Водостопанство на РСМ“-Скопје, Подружница Берово-Берово, работеа на потпишување на договори со водокорисниците. Се изврши и санирање на дефект на главниот доводен цевковод за водоснабдување и наводнување односно беше заменет воздушен вентил со профил Ф 100 со вградување на редуцир Ф 200 на 100 и нов воздушен вентил со профил Ф 200.

 


Покрај напред наведените активности, Подружница Берово ангажираше работници и за издавање на испратници за извадениот вишок н наносен материјал при регулацијата на речното корито на река Брегалница во општина Делчево.

Во периодот  од 29.08.2022 год. до 05.09.2022 год. Вработените во Подружница ,,Радовишко Поле’’ – Радовиш  продолжија со склучување на договори со водокорисниците во населените места. Исто така, продожија со проверка и чистење на решетки на отворената каналска мрежа за наводнување.

-Проверка и чистење на решетки на отворена каналска межа за наводнување.

2

Подружницата Битолско Поле – Битола во првата недела од месец Септември изврши
чистење на одводни канали од ЗИК Пелагонија во близина на селата Егри и Кравари,кои се вливаат во XIII-одводен и V-одводен канал, и за тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 1700 метри.

Фотографии за време на чистење на одводни канали од ЗИК Пелагонија во близина на селата Егри и Кравари,кои се вливаат во XIII-одводен и V-одводен канал

 

Во рамките на своите можности и надлежности, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нејзиното дејствување.

Се врши интензивно наводнување на целата територија од ХМС „Тиквеш“, вообичаено за ова време од годината.

Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа.

На 18-ти и 19-ти Јули беше сопрена водата во ХС Тиквеш заради чистење на каналите од алги и вегетација.

 

Дистрибуција на вода во ХМС Тиквеш

 

Во месец Јуни во период од 06.06.2022 до 24.06.2022 година по наредба на АД Водостопанство започнато е машинско чистење на магистралниот канал Радиовце – Бистрица, потег од р. Пена до Поројска река и за тој период од 15 работни дена исчистено е вкуно 3.000м од каналот обрасанат со вегетација и наносен материјал.

 

123

Повеќе...

На ден 11.07.22 извршен е машински ископ за поправка на ПГС Ф200 со 2 спојки на Л-14 ХС „Турија“.
На ден 12.07.22 извршено е одпушување на два хидранти со сечење на штрафовите и се потрошени 8М16х70 и дихтунг 2бр на Л-28 од ХС „Турија“.
На ден 14.07.22 извршено е празнење на шахта од вода за да се затвори среден затварач поради приватен дефект на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 18.07.22 извршена е контрола на проток на вода низ ГК Водоча. Извршено е празнење на шахта од вода за да се затвори среден затварач поради приватен дефект на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 25.07.22 извршена е замена на адаптер спојка Ф600 на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 26.07.22 извршена е поправка на хидрант на канал Л14-2-6 од ХС „Турија“, и е потрошено 4М16х70.
На ден 27.07.22 извршен е увид на дефект на канал Л-14 од ХС „Турија“, и е утврдено дека е изместена жибо спојката на Ф600. Извршена е и санација на електрофузионен вар на полиетиленски цевковод со максифит спојка со фиксери на ХС „Чаушица“.
На ден 28.07.22 извршена е демонтажа и монтажа на жибо спојка Ф600 на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 29.07.22 извршена е испитување на исправност на саниран дефект и затрупување на истиот на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 04.08.22 извршена е санација на електрофузионен вар на полиетиленски цевковод со максифит спојка со фиксери на ХС „Чаушица“.

Во периодот од 25-29.07.2022 година, вработените во подружница Црн Дрим-Охрид продолжија со редовна проверка на каналската мрежа за наводнување и контрола на протокот на вода.
Општина Дебарца
Рачно затварање на водата на Волинската глава и во Мешеишта на Гашоската и Мазенкоската, како и отстранување на насобраното ѓубре и искршени гранки кои го попречуваа нормалниот проток на водата.

15

Повеќе...

Во периодот од 01.07.2022 година до 31.07.2022 година во Подружница ,,Радовишко Поле’’- Радовиш покрај секојдневните активости за одржување на каналската мрежа за наводнување, се извршени и следните активности:
На ден 06.07.2022 год. – Ископ на запушена линија на SV1 на H3. 

1

Повеќе...

Во периодот од 25.07.2022 до 29.07.2022 година од страна на вработените во подружница Кумановско-Липковско поле - Куманово беше направен ископ на 2-ра Грана – индустриски вод.
Извршено е демонтирање и монтирање на азбесна цефка ФИ 300.

 

На подрачјето на кое делува Подружница Црн Дрим - Охрид, наводнувањето е во тек и непречено се одвива.

Се врши редовна контрола и проверка на нивото и протокот на водата во каналите и по потреба чистење и отстранување на вегетацијата и припуштање на поголема вода.

 

Во периодот од 18.07 до 25.07.2022 година, вработените во АД „Водостопанство на РСМ“-Скопје, Подружница Берово-Берово, работеа на отклонување и санација на дефект на азбесно цементната цефка Ф 125 со репарациона спојка на ХМС – Малешевско поле.

12

Повеќе...

Подружница ,,Радовишко Поле”- Радовиш започна со сезоната за наводнување на 15.05.2022 година. Во периодот од 01.06.2022година до 31.06.2022 година е извршена санација на повеќе дефекти меѓу кои:
На 20.06.2022 год. Отстранет дефект на пукната цефка ф 150мм, АЦЦ, на Десна страна, на RV1 oд DV3 . 


12

Повеќе...

Во периодот од 18.07 до 22.07.2022 година беше направен ископ на 1-ва Грана – канал 8, каде е извршена поправка на азбесна цевка.
Извршено е демонтирање и монтирање на ЕФ комад на 2 – ра Грана, десен канал 35.

 

Во периодот од 11-18.07.2022 година вработените во АД „Водостопанство на РСМ“–Подружница Берово-Берово работеа на чистење од тревна вегетација на разделната   шахта од десен магистрален  вод  ХМС –Малешевско поле, поради непречен пристап до вентилите за пуштање и запирање на вода во системот.

12

Повеќе...

На ден 04.07.22 извршена е замена на пукната цевка Ф800 на ГК „Турија“ со нова.
На ден 05.07.22 изработена е оплата за два бетонски блока за спој на цевка Ф800 и бетонирање со готов МБ30 на ГК Турија.
На ден 06.07.22 извршена е демонтажа на механизам на таблест затварач на испуст во Хамзали на ГК „Турија“.
На ден 07.07.22 извршена е поправка на хидрант и затварач на канал Л14 од ХС „Турија“. Потрошени се 4М16х70 и 1 бр. дихтунг. Монтирана е репарирана спојка Ф200 на канал Л35 од ХС „Турија“ .

  

Во периодот од 04.07 до 11.07.2022 година вработените во АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница Берово – Берово работеа на санација на дефект во месноста Брдославица во Берово. Вработените исто така ги чистеа шахтите од тревна вегетација ХМС –Малешевско поле.

 

Повеќе...

Во рамките на своите можности и надлежности, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нашето дејствување.

Се врши интензивно наводнување на целата територија од ХМС „Тиквеш“, вообичаено за ова време од годината.

Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа.

123

Повеќе...

На подрачјето на кое делува Подружница Црн Дрим Охрид, наводнувањето е во тек и се одвива непречено. Во овој период, често имаме допуштање и зафаќање на поголема вода од реките, поради поголемите потреби и потрошувачка на вода, како и поради намалување на водостојот на реките. Исто се преземаат разни активности за обезбедување на подобар проток на водата. 

12

Повеќе...

Во месец Јуни е работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма се со цел нормално функционирање на каналската мрежа за одводнување на територија на Подружница Скопско Поле- Скопје, машински и рачно се исчистени 9450 метри и тоа :

ОПШТИНА ИЛИНДЕН

- Каналска мрежа во село Бучинци општина Илинден со должина од 600 метри.
Во период од 13.06.2022 година до 15.06.2022 година за три работни денови машински беше исчистена каналска мрежа за одводнување во должина од 600 метри. Каналот беше обрастен со вегетација и наносен материјал, а до каналот немаше пристапен пат. Покрај ова чистење на каналската мрежа за одводнување беше направен и пристапен пат покрај каналот. Каналската мрежа се чистеше со машина Liebherr 916. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода.

12

Повеќе...

Вработените во Подружница Црн Дрим -Охрид продолжија со интензивни теренски активности и во периодот од 27.06 – 01.07.2022 година.
Се вршеше машинско и рачно дочистување на каналите за наводнување и припуштање на вода на зафатите од реки, поради спуштање на нивото на водата и поголема потрошувачка на вода за наводнување.
Општина Дебарца
С.Мешеишта
Машински и рачно чистење и продлабочување на каналите за наводнување на Гашоска, Кржа и кај Викторија Инвест-чистење на талог и тиња од каналот.

  

Повеќе...

На ден 30.05.22 поправка на воздушен вентил и хидрант на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 31.05.22 извршено е црпење на вода на канал Л-14 од ХС „Турија“ поради отстранување на дефект.
На ден 03.06.22 монтажа на адаптер спојка на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 06.06.22 поправен е среден затварач на канал Л-2 од ХС „Турија“.
На ден 07.06.22 со две адаптер спојки заменета е пукната цевка Ф350 - 4м на канал Л-18 од ХС „Турија“.
На ден 09.06.22 извршена е контрола на воздушните вентили на канал Л-14 од ХС „Турија“, и констатирано е дека се во исправна состојба.
На ден 13.06.22 извршено е црпење на вода на канал Л-14 од ХС „Турија“ поради утврдување на дефект. Размонтирана адаптер фланша и жибо спојка Ф600Ц.
На ден 15.06.22 извршена е замена на цевка Ф600Ц адаптер спојка Ф600, 670-695 – 2 броја, жибо спојка Ф600Ц и адаптер фланша Ф600 – 2 броја на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 16.06.22 извршена е контрола на воздушните вентили на канал Л-14 од ХС „Турија“, и констатирано е дека се во исправна состојба
На ден 17.06.22 подигната е клапна на затварач на канал Л-21 и замена на хидрант на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 17.06.22 извршен е машински ископ за откривање и заварување на ПГС и на канал К-2 од ХС „Водоча“.
На ден 20.06.22 монтиран е воздушен вентил Ф80 на канал Л-18 од ХС „Турија“.
На ден 22.06.22 извршено е црпење на водата поради демонтирање на адаптер спојка Ф600 на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 23.06.22 извршена е замена на адаптер спојка Ф600 на канал Л-14 од ХС „Турија“. Заварен е скршен ПГС Ф200 на канал Л-18 од ХС „Турија“.
На ден 23.06.22 извршена е замена на хидрант на канал Л-14-2-2 од ХС „Турија“.
На ден 24.06.22 извршен е увид на скршен ПГС на канал К-10 од ХС „Водоча“.
На ден 27.06.22 извршен е машински ископ и санација на електрофузионен вар на РЕ цевка Ф160 на ХС „Маркова река“. Ивршена е поправка на затварач Л-14-2-2, и заменет е три хидранти и една клапна на канал Л-14-1-1 од ХС „Турија“.
На ден 28.06.22 извршен е машински ископ и санација на електрофузионен вар на РЕ цевка Ф160 на ХС „Маркова река“. Извршен е ископ и кршење на шахта со хилт за замена на дихтунг од ХС “Маркова река“.
На ден 29.06.22 извршена е замена на дихтунг во разделна шахта на ХС „Маркова река“. Фланширање на хидрант на канал К-2 од ХС „Водоча“.

 

 

 

Во периодот од 20.06 до 25.06.2022 година вработените во Подружница Црн Дрим-Охрид беа целосно вклучени кон спроведување на водата низ сите канали за наводнување, а истовремено и нивно дочистување и продлабочување, за непречен и навремен доток на водата.
Општина Дебарца
С.Мешеишта
Машински и рачно чистење и продлабочување, на каналите за наводнување во м.в. Пишкорешка, Паловител, Гашоска, и покрај патот за Волино, и отворен зафатот кај Климештани, за Корошишта и за Мешеишта. 

12

Повеќе...

Во периодот од 27.06.2022 до 04.07.2002 година вработените во АД „Водостопанство на РСМ“, подружница Берово-Берово, работеа на санација на бентот Балија на река Желевица -во с. Тработивиште Општина Делчево, со цел зголемување на протокот на вода во каналот, бидејќи дел од него беше однесен од реката со што беше намален протокот на вода и немаше доволно количина за потребите на водокорисниците за наводнување. Во исто време се изврши и чистење од тревна вегетација.

 

123

Повеќе...

ХМС Паљурци Богданци 

123


- Контрола на терен, мерење ниво на вода во акумулација и управување со затварачи на главен цевовод ,

 

 

ХМС Валандово, Валандово 

45

- Пуштање на вода во новиот систем Удово- Страиште, за наводнување на земјоделски култури на барање од земјоделски задруги

 

ХМС Валандово, Валандово 

679



- Дефект на главен цевовод Ф800Ц МВ Валандово – град, промена на цевовод и бетонирање,
- Наводнување од ПС Страиште – Валандово,
- Контрола на терен,
- Проверка, управување со затварачи ,
- Контрола и евидентирање на наводнети површини,

 

 

ХМС Негорци – Прдејци, Гевгелија 

101112

- Секојднено проверка и чистење на сита (филтри) и решетки на зафати за вода на река
Кованска и река Серменинска,

Во периодот од 20.06.2022 го 27.06.2022 година вработените во подружница Берово – Берово работеа на санација на бентот на река Брегалница во Горно Поле с. Разловци Општина Делчево , за зголемување на протокот на вода во каналот бидејќи дел беше однесен од реката со што беше намален протокот на вода и немаше доволно количина за потребите на водокорисниците за наводнување.

 

Повеќе...

Главниот извршен директор Локман Љимани на покана на словенските фирми Scotta Turboinštitut и Кolektor Sisteh присуствуваше на работна посета во Република Словенија.
На средбите се оствари заедничка соработка и меѓусебна поддршка која веќе ги дава првите резултати, изјави директорот Љимани.
Тој во продолжение додаде: „Претставниците од Scotta Turboinštitut, Bostijan Žerovnik, Matej Zalubersek и Bogdan Jancar ни покажаа дека се заинтересирани за меѓусебна и продуктивна соработка. Scotta Turboinštitut e фирма која е без конкуренција и докажана во познавање на развојот на хидроенергијата, оптимизација на пумпи, инжињерство на мала хидроенергетска опрема.
На средбата со Директорот на Хидро Бошава во Љубљана -Кlement Jareb се потврди заедничката соработка и постигна договор за продолжување на досегашната работа со АД „Водостопанство на РСМ“ - Скопје.
Заедно со Jasmin Kukavica-менаџер за продажба на вода за стратешко тргување во Кolektor Sisteh и Marko Germ -раководител на технологија за вода бевме во посета на прочистителната станица во Крањ - Словенија каде се презентираа најсовремена техничка поддршка и консалтинг, како и сервисирање и одржување на уреди и системи.

 

 

Подружницата Црн Дрим - Охрид, во рамките на своите можности, ги презема сите активности за навремена и непречена дистрибуција на водата, до земјоделските површини
Општина Дебарца
С.Мешеишта
Машински и рачно чистење на каналската мрежа во м.в. Кржа и Падобрајца 

 

Повеќе...

Во рамките на своите можности и надлежности, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нашето дејствување.

Се врши интензивно наводнување на целата територија од ХМС „Тиквеш“, вообичаено за ова време од годината.

Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа.

 Брана и акумулација „Тиквеш“

1

Повеќе...

Вработените во Подружница Берово - позитивен пример во заштитата на животната средина

Вработените во АД „Водостопанство на РСМ“ - Подружница Берово, во соработка со Општина Берово, извршија акцијата за чистење на патеката околу Беровско езеро, од ресторанот до круната на браната.

Притоа извршено е метење на патеката, чистење од вегетативни наноси и лисја, со што е спречено поголемо загадување на водата во Беровско езеро, која се користи за водоснабдување и наводнување, што дирекно влијае и на заштита на животната средина.

Исто така соберена е голема количина и на комунален одпад.

Ваквото системско делување е позитивен пример, кој треба сите да го следат, со цел чување и негување на животната средина

 

Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во деновите 13.06.2022 и 14.06.2022 година извршија чистење на Јардерски порој во близина на селото Гермијан и Затворот-Горно Оризари и влив на Крклинска река во IV-одводен канал, по барање на месното население. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 1000 метри.

Фотографии за време на чистење  во близина на влив на Крклинска река во IV-одводен канал-Општина Битола

12

Повеќе...

Во периодот од 13.06.2022 до 17.06.2022 година од страна на вработените во АД„Водостопанство на РСМ“-Скопје, Подружница Кумановско-Липковско Поле – Куманово, направен е ископ на 1 – ва Грана канал 20 каде е извршено демонтирање и монтирање на ЕФ комад ДН 125 и шибер вентил ДН 125.
Исто така извршено е и заварување на челичен цев ФИ 200 на 6 – та Грана канал КА – 1.

 

Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Јуни ( во период од 06.06 – 10.06.2022 година ) исчистени се машинско и рачно 2.150 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:

- Машинско чистење на примарен земјен канал во с. Долно Седларце , на м.в. Леска;
На ден 06.06 .2022 година, машински со липкер се чистеше земјен канал обраснат со вегетација и наносен материјал во должина од 600м. 

1

Повеќе...

Подружница Црн Дрим Охрид, продолжи со активностите на каналската мрежа за наводнување и дистрибуција на водата до земјоделските површини.
Општина Охрид
С.Косел
10 и 11.06.2022 – Машинско чистење на каналската мрежа во атарот на с.Косел (Д.Косел, Круфче, Бучало, Рвеник)

1234

Повеќе...

Во периодот од 20.05.2022 до 16.06.2022 година на територијата на дејствување на AД Водостопанство на РМ Подружница Свети Николе се продoлжи со редовното одржување на инфраструктурата за наводнување за наводнителна сезона.
Во изминатиот период полињата планирани со засејување со оризова култура се целосно посеани во оптималниот рок. Истовремено во подружницата Свети Николе се работи и на отстранување на тековни дефекти на ХМО. Во овој период заменети се АЦЦ цевка со дијаметар од Ф300 во атарот на село Сарамзалино, во атарот на село Три Чешми се репарирани два шибер вентила, во атарот на село Ерџелија е заварен PGS и заменети се 3 хидрантски глави, во атарот на село Мустафино се репарирани 3 шибер вентили и вградување на 1 GS Ф-200В, во атарот на село Пеширово се реперирани 2 Шибер вентила, во атарот на село Црнилиште е извршена замена на 2 хидранрски глави, во атарот на село Аџиматово е репериран еден шибер вентил, во атарот на село Крупиште се репарирани 2 шибер вентила, во атарот на село Пишица фиксирање на OSP Ф- 200, во МВ Суво поле се вградени PVC цевки Ф-250 L 2,8м и е вградена една репаратурна спојка Ф-250, во атарот на село Долни Балван се реперирани 2 шибер вентила и 5 хидрантски глави.

 

Вработените во подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 06.06.2022 година до 09.06.2022 вршеа чистење на одводен канал во близина на селaта Гермијан, Долно Агларци, Дедебалци, Затворот-Горно Оризари и влив на Крклинска река во IV-одводен канал. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 2900 метри.

Во прилог се фотографии од работата на терен.

Фотографии за време на чистење  во близина на влив на Крклинска река во IV-одводен канал-Општина Битола

 

Повеќе...

Главниот извршен директор на АД„Водостопанство на РСМ“ – Скопје, г.Локман Љимани во периодот од 04 до 09 јуни, заедно со своите соработници ги посети подружниците во Тетово, Гостивар, Прилеп и Битола. Ги посетија канцелариите, магацините,  гаражите, полињата, каналите, пумпните станици, браните, текот на реката Вардар, како и критичните точки кои се од суштинско значење за успешно функционирање на системите за наводнување и одводнување.  Вработените и Раководителите на подружниците, од блиску го запознаа директорот со текот на работата како и о проблемите и предизвиците со кои се соочуваат за време на сезоната за наводнување. Се разговараше и за идните инвестиции кои се неопходни за подобрување на работата на АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје.

Во прилог галерија од посетите.

 

Во рамките на своите можности и надлежности, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нашето дејствување.
Во поголемиот дел од ХМС „Тиквеш“ веќе е пуштена водата во каналите и во делничните линии.
Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа и на сифоните.

Дистрибуција на вода по Десен Магистрален Канал – Подсистем Љубаш

1

Повеќе...

Во периодот од 06.06.2022 до 13.06.2022 година, вработените во Подружница Берово - Берово работеа на чистење на отворениот канал Дуњски Јаз и Селски од тревна вегетација во село Тработивиште, Општина Делчево. Исто така вработените на АД Водостопанство на РСМ Подружница Берово заедно во соработка со вработените во ЈПКР услуга Берово извршија извршија санација на дефект во месноста викана Ширината во Општина Берово. Прилог слики :

 

100На 03 јуни 2022 година, Главниот извршен директор на АД„Водостопанство на РСМ“ – Скопје, г. Локман Љимани одржа колегиум, на кој заедно со своите соработници разговараа за планираните и постигнатите резултати во првите 100 работни дена откако беше назначен на функцијата. Заклучено беше дека голем дел од планираните цели се реализирани, а меѓу нив се издвојуваат следните:
-Транспарентност, отчетност и интегритет во работењето на АД Водостопанство на РСМ
-Одржување на редовни неделни работни колегиум и на Главен извршен директор Г-дин Локман Љимани со раководителите на сектори и советниците на АД Водостопанство на РСМ
-Одржување редовни месечни состаноци со раководителите на подружниците на АД Водостопанство на РСМ
-Посета на подружниците и нивната инфраструктура со цел да се утврди моменталната состојба
-Редовни работни состаноци со релевантни институции (средби со премиер на РСМ, вицепремиер, министри, директори на институции), со цел подобрување на работата, обезбедување на финансиски средства за успешно извршување дејности на АД Водостопанство на РСМ
-Навремено и успешно започната сезона за наводнување како и утврдување на дефектите во системот за наводнување и отклонување во најбрз можен рок (иако системите се стари со поминат рок од преку 40год)
-Спроведена и реализирана постапка за вработување на 155 работници на определено време ,отворена постапка за нови вработувања за потребите на АД Водостопанство на РСМ
-Реновирање на работни простории од кој се истакнува новата сала за одржување состаноци, уредување на дворната површина во АД Водостопанство на РСМ со обезбедување на бетонски паркинг
-Потпишана пристапница во институт за стандардизација со што се дава придонес и заложба за квалитетна и здрава животна средина и стандардизација како општа цел
-Одржана работна средба на Главен извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“ Г-дин Локман Љимани со Извршен директор на Водостопанство на Република Турција со цел подобрување и модернизација на системите за наводнување.

Повеќе...

Подружница Црн Дрим - Охрид ги отвори повеќето примитивни зафати од реки, на подрачјето на кое делува и ја пушти водата во каналите за наводнување на земјоделските површини.
Општина Струга
С. Корошишта
Зафаќање на водата со багер од река Сатеска во с.Волино, и пуштена во каналот за наводнување на земјоделските површини во м.в. Расница, с.Корошишта.

123

Повеќе...

Подружницата Битолско Поле – Битола во периодот од 30.05.2022 година до 03.06.2022 година продолжи со чистење на одводен канал во близина на селaта Гермијан, Кравари и влив на Крклинска река во IV-одводен канал, по барање на месното население. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 3600 метри.

Фотографии за време на чистење во близина на влив на Крклинска река во IV-одводен канал-Општина Битола 

123

Повеќе...

Во рамките на своите можности и надлежности, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нашето дејствување.
Во поголемиот дел од ХМС „Тиквеш“ веќе е пуштена водата во каналите и во делничните линии.
Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа и на сифоните.

Дистрибуција на вода по К-2 од ХС Бошава 

12

Повеќе...

Во перодот од 30.05.2022 година до 06.06.2022 година АД Водостопанство на РСМ Подружница Берово ги презеде следните активности :
Рачно чистење на отворениот канал Дуњски Јаз во село Тработивиште Општина Делчево направено повторно интервенција за да се појача водата за непречено да стигне до водокорисниците.
Исто така вработените на АД Водостопанство на РСМ Подружница Берово извршија повторна интервенција на зафатот на отворениот канал Горно Поле с. Разловци и на самиот канал заради зголемување на водостојот во истиот за да се обезбеди доволно количина на вода за потребите на водокорисниците.
Вработените извршија интеревенција и на бетонскиот зафат – канал од Тиролскиот зафат на река Брегалница во Берово кој беше наполнет со нанос – песок ,чакал и камен со што беше прекината испораката на вода во самиот канал.

 

На ден 03.06.2022 година од страна на вработените во Подружница Кумановско-Липковско Поле – Куманово, направен е ископ на 6 – та Грана, К-1 каде е извршено заварување на челичен цев DN 200.

 

Во месец Мај e работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма се со цел нормално функционирање на каналската мрежа за одводнување и наводнување на територија на Подружница Скопско Поле- Скопје, машински се исчистени 9750 метри и тоа :

ОПШТИНА ИЛИНДЕН

- Сува река во општина Илинден со должина од 4900 метри.
Во период од 10.05.2022 година до 31.05.2022 година за единаесет работни денови беше исчистен сува река кој поминува во село Дељадровци и село Текија во Општина Илинден во должина од 4900 метри. Каналот беше орастен со вегетација и наносен материјал, а се чистеше машински со машина гасеничар Sunward. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода. 

12

Повеќе...

Главниот извршен директор на АД„Водостопанство на РСМ“ – Скопје, г.Локман Љимани, на покана на организаторите, во периодот од 21 до 27 мај 2022 година, присуствуваше на 89-тиот меѓународен Земјоделски саем во Нови Сад.

 

Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 23.05.2022 година до 27.05.2022 година продолжи со чистење на одводен канал во близина на селото Велушина и IV-одводен канал по барање на месното население. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 1600 метри.

Фотографии за време на чистење  во близина на IV-одводен канал-Општина Битола

12

Повеќе...

Подружница Црн Дрим-Охрид, почна со зафаќање и пуштање на водата за наводнување, а со тоа и отстранување на дефектите кои тековно се јавуваат со самото пуштање на водата. Продолжува рачното чистење на каналите на места кај што има застој на вода како и санирање на тековни дефекти на застарениот цевководот во кичевското поле. Инаку наводнувањето е претежно гравитационо, по отворени земјени канали.
Општина Дебарца
Рачно чистење (со тример,сор) на отворен земјен канал, помеѓу куќите во м.в.Пелјар 

12

Повеќе...

Извештај за работни активности во Подружница Кумановско-Липковско Поле Куманово – АД Водостопанство на РМ Скопје за период од 23.05.-28.05.2022 година.
Во периодот од 23-28.05.2022 година од страна на вработените во Подружница Кумановско – Липковско Поле Куманово направен е ископ на 4 – та Грана, канал 28 каде е извршено демонтирање и монтирање на азбестен цев DN 200.

 

Во периодот од 23-28.05.2022 година Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нејзиното дејствување.
Во поголемиот дел од ХМС „Тиквеш“ веќе е пуштена водата во каналите и во делничните линии.
Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа и на сифоните.

Повеќе...

На ден 23.05.2022 извршенa е замена на скршена жибо спојка Ф600 на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 25.05.2022 извршено е заварување на скршен ПГС Ф200 на канал Д-17 од ХС „Турија“.
На ден 27.05.2022 извршено е заварување на скршен ПГС Ф200 на канал Л-27 од ХС „Турија“.

 

Во перодот од 23.05.2022 година до 30.05.2022 година АД Водостопанство на РСМ Подружница Берово-Берово ги презеде следните активности :

Рачно чистење на отворениот канал Горно поле од нанос и вегетација и санирање на оштетениот дел од каналот ( sидање со камен и поставување на најлон ) во село Разловци Општина Делчево.

  

Повеќе...

Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Maj ( во период од 16.05 – 20.05.2022 година ) исчистени се машинско и рачно 1.250 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:

 - Санација на Главен магистрален канал с. Радиовце – р. Пена – Тетово

На Главниот магистрален канал с. Радивоце – р. Пена , во атарот на с. Горно Седларце каде што дел од каналот е оштетен/скршен и постои можност за излевање на водата и поплавување на земјоделски површини се изврши негова поправка/санација за доведување во исправна состојба ;

12

Повеќе...

Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 16.05.2022 година до 19.05.2022 година продолжија со чистење на Јардерски порој во близина на селaта Добромири, Гермијан и IV-одводен канал, по барање на месното население. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 2000 метри.

Фотографии за време на чистење во близина на IV-одводен канал-Општина Битола

 

Повеќе...

Во рамките на своите можности и надлежности, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нашето дејствување.
Во поголемиот дел од ХМС „Тиквеш“ веќе е пуштена водата во каналите и во делничните линии.
Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа и на сифоните.

ДМК „Љубаш-Марена“

 1

Повеќе...

Подружница Црн Дрим Охрид, почна со зафаќање и пуштање на водата за наводнување, а со тоа и отстранување на дефектите (рушење и пробивање на замјените канали) кои се јавуваат со самото пуштање на водата. Со тоа и официјално започна сезоната за наводнување.

Општина Охрид

С.Косел
Рачно (примитивно) зафаќање на водата за наводнување од река Коселска, на двата зафати в село, Рвеник за Долни Косел и Рвеник кај кафаната Јарец, и кревање на портите, испусни врати, на главниот зафат в село под асфалтот.
Рачно зафаќање на водата в село, од река Коселска, Рвеник за долни Косел 

12

Повеќе...

Во наведениот период од страна на АД „Водостопанство на РСМ“-Скопје – Подружница Кумановско – Липковско Поле Куманово, направен e ископ на 1-ва Грана каде е извршена поправка на бетонски цев.
Исто така направен е и ископ на 6 – та Грана и е извршено заварување на челичен цев.

 

На ден 16.05.2022 година заменет е ПГС Ф250 Ц на Л-18 од ХС „Турија“. Потрошено една адаптер спојка.
На ден 17.05.2022 година пуштена е вода од ХС „Маркова река“ и утврден е дефект на канал Л-27 од ХС „Турија“, скршен ПГС.
На ден 18.05.2022 година со машински и рачен ископ утврден е дефект, скршени карики на жибо спојка Ф 600 Ц на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 19.05.2022 година извадени се оплати за бетонирање на два блока за наирање на дефект на ГК Турија и затрупување на блоковите.
На ден 20.05.2022 година извршено е машински и рачен ископ и црпење на вода за замена на жибо спојка Ф 600 Ц на канал Л-14 од ХС „Турија“.