АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
Подружница “Прилепско Поле” – Прилеп

А.Д. “Водостопансво на Р.М.” Подружница “Прилепско Поле” – Прилеп

Во делот за наводнување стопанисува со ХМС “Прилепско Поле”, мали акумулации “Волково 1” и “Волково 3” кои го надополнуваат ХМС “Прилепско Поле”

ХМС “Прилепско Поле” – Прилеп

Системот за наводнување е гравитационен од затворен тип каде има 309km активна мрежа за наводнување на 1450ha земјоделско земјиште. Вкупниот капацитет на акумулацијата е 6 030 000m3 вода. Наводнувањто се врши на принцип самопослужување со оросување (преку цела сезона за наводнување системот е полн под притисок).

Во делот за одводнување стопанисува со систем за одводнување кој ги опфаќа 5те општини и тоа: Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Крушево и Македонски Брод. Системот за одводнување на прилепскиот дел од Пелагонија го сочинуваат: дел од река Црна (од с.Клепач до с.Бучин), ОК “Блато” (главен реципиент на р.Црна), ОК “Рибник”, ОК “Сенокошки”, ОК “Глобоко”, ОК ”Добрушевски”, заштитен канал Сарадиново, Задградска, Градска, Крушевска, Штавичка, Волковска, Марулска, Подмолска, како и одредени водотоци кои се вливаат во горенаведените. Вкупната каналска мрежа од системот за одводнување изнесува 183.100m од кои голем дел се регулирани. Хидромелиоративниот регион кој се одводнува зафаќа површина од околу 25.000ha од кои голем дел е земјоделско земјиште, а мал дел градежно земјиште.

А.Д. “Водостопансво на Р.М.” Подружница “Прилепско Поле” – Прилеп ги користи, одржува и стопанисува со системите за наводнување и одводнување во целина, заради:

- снабдување со вода за наводнување

- снабдување со вода на комунално претпријатие за водоснабдување за консумирање од страна на човекот (вода за пиење и други потреби)

- снабдување со вода за индустриски и технолошки (стопански) потреби, вклучувајќи го и производството на електрична енергија

- уредување на речни корита

- одводнување на земјиште

- одведување на испуштени води

Подружницата како Испорачател на Корисникот му обезбедува вода за наводнување на површините на земјоделското земјиште што се наоѓа на територијата (подрачјето) на дејствување на истата за време на траење на сезоната за наводнување според динамика, количини и во време определено според видот на културата што се одгледува, односно е заесана или насадена на тоа земјоделско земјиште и според барањето на Корисникот упатено до Испорачателот.

Потпишувањето на Договорите започнува од 01 април до 30 јуни секоја година.

Во делот за одводнување корисниците на површините кои се во системот за одводнување плаќаат надомест за одводнување по доставување на Решение за одводнување од страна на А.Д. “Водостопанство на Р.М.”.

 

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.