Во периодот од 27 февруари до трети март од страна на вработените во подружница Тиквеш-Кавадарци се изврши кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работеше и на чистење на каналите ДМК „Љубаш-Марена-Тремник“, ЛМК „Камен Дол-Ногаевци и К-37 од нанос. Чистењето се одвиваше рачно, но и машински, како што налагаа теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се отстрануваа и дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Се работеше и на чистење на наталожениот материјал од тиролскиот зафат од ХС „Бошава“.
Чистење на Десен магистрален канал од ХМС Тиквеш
Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 20.02.2023 до 24.02.2023 година вршеа чистење на одводен канал којшто се влива во V-одводен канал во близина на железничката пруга. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 1000 метри.
Во прилог се фотографии од работата на терен.
Фотографии за време на чистењето на одводен канал,којшто се влива во V-одводен канал,под пругата во близина на с.Кравари
Во текот на месец февруари од страна на вработените во подружница Црн Дрим од Охрид се работеше на чистење на одводен канал број 26 во КО Мислешево. Заклучно со 03.03.2023 година исчистени се околу 1000м должина. Истиот е со вкупна должина од 1500м.
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2023 година во месец Февруари исчистени се машински 1700 м. земјена каналска мрежа и тоа:
- Чистење на примарен земјен канал во атарот на с. Голема Речица во м.в. Кликово во должина од 1700 метри.
Во период од 16.02 до 24.02.2023 година за 7 работни дена, машински со Багер марка Yanmar се чистеше земјен канал обраснат со вегетација, дрва и наносен материјал.
*Машинско чистење на земјени бразди во атарот на с. Голема речица, покрај автопат Тетово – Гостивар и Тетово – Скопје
Машинско чистење на поток на т.н Топлишница во атар на с.Тумчевиште и с.Чегране општина Гостивар
Како и секоја и оваа година, во периодот помеѓу две наводнувачки сезони, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за редовно одржување и подготовување на објектите и инфраструктурата за наводнување за претстојната наводнувачка сезона 2023 година.
Се вршеше кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работеше и на чистење на каналите ДМК „Љубаш-Марена-Тремник“, ЛМК „Камен Дол-Ногаевци и К-37 од нанос, рачно и машински, како што налагаат теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работеше и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Се работеше и на чистење на наталожениот материјал од тиролскиот зафат од ХС „Бошава“.
Чистење на Десен магистрален канал од ХМС Тиквеш
Заклучно со 01.03.2023 година се заврши со чистење на Крушевска река во должина од 3 км.
Во прилог галерија од активностите
1. ХМС Паљурци Богданци 1-3
- Контрола на терен, мерење ниво на вода во акумулација,
- Чистење и кастрење на вегетација по косините на браната.
Вработените во подружницата Битолско Поле – Битола во периодот од 13.02.2023 до 17.02.2023 година вршеа чистење на одводен канал кој што се влива во V-одводен канал. Исто така, вршеа чистење на одводен канал од ЗИК Пелагонија, кој што се движи према с.Трн, како и чистење на одводен канал во близина Затворот-Горно Оризари. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 700 метри.
Фотографии за време на чистењето на одводен канал од ЗИК Пелагонија,кој што се движи према с.Трн
Во месец Јануари е работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма се со цел нормално функционирање на каналската мрежа за одводнување на територија на Подружница Скопско Поле- Скопје, машински се исчистени 2950 метри и тоа :
ОПШТИНА ИЛИНДЕН
- Ободен канал во Илинден во должина од 2600 метри.
Во период од 03.01.2023 година до 20.01.2023 година за единаесет работни дена е доисчистен дел од ободен канал во Илинден во должина од 2600 метри. Каналот беше обрастен со вегетација, а се чистеше со гасеничар багер Sunward. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот.
По завршувањето на сезоната за наводнување 2022 година Подружницата работеше на изработка и достава на фактури. Врз основа на примени приговри од страна на водокорисници (во предвидениот рок за рекламација), комисија формирана од Подружницата излегуваше на терен и вршеше увид на фактичката состојба и според тоа изготвуваше записник и решение.
Исто така во споменатиот период се работеше и на добиени барања за достава на информации/податоци и мислења и согласноти ( барања за ископ на бунари, податоци за Урабнистички планови, барања за изградба на мостови на канал и сл).
Во овој период од административен аспкет, се доставуваа Опомени до водокорисници кои ја немаат подмирено својата обврска за наводнување.
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2023 година Подружницата ги започнува теренските активности и тоа:
- Чистење на земјен канал во атарот на с. Голема Речица во м.в.Бродиште во должина од 1.200 м .
Во период од 10.02 до 13.02.2023 година за 4 работни дена(викенд), машински со Багер марка Yanmar се чистеше земјен канал обраснат со вегетација, дрва и наносен материјал.
*Машинско чистење на земјени бразди на критични места каде што има можност за поплави, и на истите е интервенирано.
Во почетокот од месец јануари од страна на вработените во подружница Црн Дрим - Охрид се чистеше одводен канал бр. 6 поточно КП 2831/1 КО Струга. На 01.02.2023 се продолжи со чистење на кнал бр. 6 за КО Струга. Во наведените датуми вкупно беше исчистен и изнесен на депонија градежен шут и дрвна маса во должина од 550 метри. На истиот канал беше депониран отпаден материјал од 2022 година од страна на непознати сторители во огромни количини: пластични гуми, градежен шут и мебел, кој во наведените денови беше отстранет од страна на вработените во подружницата.
Во Подружница Брегалница-Кочани во почетокот од месец февруари 2023 година интезивно се работеше на чистење на земјени вади.
Во Катастарска општина Оризари се чистеа вади покрај пругата и при тоа машински беа исчистени околу 1100 метри.
Се чистеа вади и покрај патот за Прибачево каде машински беа исчистени 3900 метри.
Чистењето се одвиваше и на дел од бетонски канал (трапезен) RK-7 од ГК-3 околу 500м, како и чистење на вади во КО Чешиново во должина од 5040 метри и во КО Уларци каде беа исчистени 3200м земјена каналска мрежа.
Вработените во подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 06.02.2023 до 10.02.2023 година вршеа чистење на одводен канал од ЗИК Пелагонија којшто се движи према с.Трн. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 400 метри.
Фотографии за време на чистењето на одводен канал од ЗИК Пелагонија,којшто се движи према с.Трн
Вработените во подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 30.01.2023 до 03.02.2023 година продолжија со чистење на местата каде има таложење на бигор, особено во Логовардскиот канал и одводен канал од ЗИК Пелагонија којшто се движи према с.Трн. Во тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 950 метри.
Фотографии за време на чистењето од талог на бигор на Логовардскиот одводен канал во близина на с.Егри
Чистење на Крушевска Река с.Крушеани
Како и секоја, и оваа година, во периодот помеѓу две наводнувачки сезони, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за редовно одржување и подготовување на објектите и инфраструктурата за наводнување за предстојната наводнувачка сезона 2023 година.
Се изврши кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работи и на чистење на каналите ДМК „Љубаш-Марена-Тремник“, ЛМК „Камен Дол-Ногаевци и К-37 од нанос, рачно и машински, како што налагаат теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работи и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Се работеше и на санација на хидромеханичката опрема на Затварачницата од акумулација „Тиквеш“ во доводниот тунел „Тисовец“, а беше извршена поправка и на оштетен дел од сифон „Возарци“.
Беше извршено машинско чистење од присуство на дрвна маса и друга вегетација на бетонските стопи на Пепелишки мост на патниот правец Неготино-Штип.
Санација на Затварачница
Во рамки на работата на Подружница Брегалница – Кочани во периодот од 22.01.2023 до 27.01.2023 година интезивно се работеше на чистење на вегетација и наноси од дрва.
Во Катастраска општина Оризари со машина YANMAR во должина од 2320m се изврши чистење на вади и канали за наводнување и одводнување .
Исто така, се изврши чистење на вади лево и десно по патот за Прибачево, како и мaшинско чистење на земјени вади од вегетација и нанос со машина SUNWARD.
Чистењето ги опфати Катастарските општини Чифлик, Кучичино, Бурилчево и Чешиново
Вработените во подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 23.01.2023 до 27.01.2023 година вршеа чистење на одводни канали во близина на Затворот, Горно Оризари, чистење на места каде имаше таложење на бигор во Логовардскиот канал и чистење на одводен канал во близина на фабриката Пелистерка во с.Меџитлија. За наведениот период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 2200 метри.
Фотографија за време на чистење на одводни канали во близина на затворот, Горно Оризари
Почитувани вработени, корисници на нашите услуги и драги пријатели,
На 17 јануари 2022 година дојдов на чело на АД „Водостопанство на РСМ“ - Скопје. Година која беше тешка за сите нас како поединци и како држава. Кога се доаѓа на чело на една институција, освен што е привилегија, уште повеќе е предизвик да се решаат проблемите со кои секојдневно се соочуваме. Ние дел од нашите проблеми успешно ги надминавме и сме на пат да ги решиме и останатите.
Во услови на финансиска и енергетска криза, со енормно зголемување на трошоците за работа и одржување, со гордост можам да кажам дека за АД Водостопанство, 2022 беше многу успешна работна година. Година, во која навремено беа наводнети повеќе од 18 000 хектари земјоделски површини, што е рекордна и за нас многу задоволителна бројка споредувајќи со минатите години, особено со 2021, која беше многу сушна година и земјоделците имаа потреба од зголемено наводнување.
Сето ова ни дава за право со оптимизам да влеземе во 2023 година и да очекуваме дека оваа бројка ќе биде уште поголема, а годината ќе биде поуспешна за сите нас од АД „Водостопанство на РСМ“ - Скопје.
Со верба во нашата работа и посветеност на задачите кои ни се доверени, ние очекуваме 2023 година да биде година на проекти, инвестиции и просперитет на нашето претпријатие.
Затоа оваа моја честитка нека биде почеток на една успешна, среќна, бериќетна и полна со здравје и сплотеност 2023 година.
Главниот извршен директор на АД„Водостопанство на РСМ" - Скопје, ја посети подружница Брегалница - Кочани, по повод завршувањето на сезоната за наводнување, каде имаше и свое обраќање до медиумите кое го пренесуваме во целост:
„За годинешната сезона за наводнување можам да истакнам дека е успешно завршена. Ги сумираме резултатите од терен и се повеќе од задоволителни. Наводнувањето го започнавме навремено, на 14 април, со искористување на водите од реките Брегалница и Зрновска река, а од хидросистемот од брана Калиманци водата беше пуштена по десниот магистрален канал на 29 април годинава.
Успешната сезона за наводнување се должи на навремената подготовка на хидросистемите, рачното и машинско чистење на вади и канали, крпење на одводните канали, чистење на решетки од одводните канали, вадење, ископување и местење на цевки за наводнување, санација на искршени каналетки и уште многу други навремено завршени теренски активности од страна на вработените во подружницата.
Посветените работници, вработени во подружница Брегалница - Кочани исчистија вкупно 226.925 метри каналска мрежа, а јас како Директор сакам лично, од мое име да им се заблагодарам што и покрај тешкотиите со кои се соочи АД Водостопанство за време на летниот период, тие не ги оставија земјоделците и свесни за важноста на наводнувањето во процесот на производство , непречено овозможуваа водоснабдување до крајните корисници.
Сезоната за наводнување заврши на 15.09.2022 година и при тоа до сега се евидентирани преку 4020 хектари наводнувани површини од кои 80% се оризови површини, а останатите 20% се други култури. Евидентирањето на површините продолжувва и очекувам таа бројка да се зголеми, рече Главниот извршен директор Локман Љимани.
Ја информираме јавноста дека Главниот извршен директор на Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје со дел од сопствени средства и со помош на Владата на Република Северна Македонија, во износ од 100 милиони денари наменски и неповратни средства, ги исплати заостанатите плати на работниците на крајот од минатата и почетокот на оваа недела.
Во услови на енергетска криза кога цената на струјата е повеќекратно зголемена, а трошоците за одржување се неспоредливи со минатите години, пумпните станици за наводнување не престанаа да работат и сезоната за наводнување беше успешно завршена.
Заради заштита и обезбедување на успешна сезона на земјоделците кои ја користат водата за наводнување како основно средство во обезбедување на добар и квалитетен род, цената на водните услуги не беше зголемена и покрај повеќекратното зголемување на трошоците за одржување на хидросистемите.
„Сакам да упатам посебна благодарност до сите вработени во Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија за истрајноста и разбирањето кое го имаа во овие тешки моменти за нив како вработени и за нас како менаџмент на друштвото. Работниците свесни за кризата која постои, како и за важноста на процесот на наводнување, во ниту еден момент не го прекинаа снабдувањето со вода, за што сум посебно благодарен“, истакна директорот Локман Љимани.
Менаџментот на АД„Водостопанство на РСМ“-Скопје веќе работи на подготовка на проекти за 2023 година со цел поголема одржливост и финансиска стабилност на друштвото.
Во периодот од 01.09.2022 до 12.09.2022 година, вработените во АД „Водостопанство на РСМ“-Скопје, Подружница Берово-Берово, работеа на потпишување на договори со водокорисниците. Се изврши и санирање на дефект на главниот доводен цевковод за водоснабдување и наводнување односно беше заменет воздушен вентил со профил Ф 100 со вградување на редуцир Ф 200 на 100 и нов воздушен вентил со профил Ф 200.
Покрај напред наведените активности, Подружница Берово ангажираше работници и за издавање на испратници за извадениот вишок н наносен материјал при регулацијата на речното корито на река Брегалница во општина Делчево.
Во периодот од 29.08.2022 год. до 05.09.2022 год. Вработените во Подружница ,,Радовишко Поле’’ – Радовиш продолжија со склучување на договори со водокорисниците во населените места. Исто така, продожија со проверка и чистење на решетки на отворената каналска мрежа за наводнување.
-Проверка и чистење на решетки на отворена каналска межа за наводнување.
Подружницата Битолско Поле – Битола во првата недела од месец Септември изврши
чистење на одводни канали од ЗИК Пелагонија во близина на селата Егри и Кравари,кои се вливаат во XIII-одводен и V-одводен канал, и за тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 1700 метри.
Фотографии за време на чистење на одводни канали од ЗИК Пелагонија во близина на селата Егри и Кравари,кои се вливаат во XIII-одводен и V-одводен канал
Во рамките на своите можности и надлежности, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нејзиното дејствување.
Се врши интензивно наводнување на целата територија од ХМС „Тиквеш“, вообичаено за ова време од годината.
Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа.
На 18-ти и 19-ти Јули беше сопрена водата во ХС Тиквеш заради чистење на каналите од алги и вегетација.
Дистрибуција на вода во ХМС Тиквеш
Во месец Јуни во период од 06.06.2022 до 24.06.2022 година по наредба на АД Водостопанство започнато е машинско чистење на магистралниот канал Радиовце – Бистрица, потег од р. Пена до Поројска река и за тој период од 15 работни дена исчистено е вкуно 3.000м од каналот обрасанат со вегетација и наносен материјал.
На ден 11.07.22 извршен е машински ископ за поправка на ПГС Ф200 со 2 спојки на Л-14 ХС „Турија“.
На ден 12.07.22 извршено е одпушување на два хидранти со сечење на штрафовите и се потрошени 8М16х70 и дихтунг 2бр на Л-28 од ХС „Турија“.
На ден 14.07.22 извршено е празнење на шахта од вода за да се затвори среден затварач поради приватен дефект на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 18.07.22 извршена е контрола на проток на вода низ ГК Водоча. Извршено е празнење на шахта од вода за да се затвори среден затварач поради приватен дефект на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 25.07.22 извршена е замена на адаптер спојка Ф600 на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 26.07.22 извршена е поправка на хидрант на канал Л14-2-6 од ХС „Турија“, и е потрошено 4М16х70.
На ден 27.07.22 извршен е увид на дефект на канал Л-14 од ХС „Турија“, и е утврдено дека е изместена жибо спојката на Ф600. Извршена е и санација на електрофузионен вар на полиетиленски цевковод со максифит спојка со фиксери на ХС „Чаушица“.
На ден 28.07.22 извршена е демонтажа и монтажа на жибо спојка Ф600 на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 29.07.22 извршена е испитување на исправност на саниран дефект и затрупување на истиот на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 04.08.22 извршена е санација на електрофузионен вар на полиетиленски цевковод со максифит спојка со фиксери на ХС „Чаушица“.
Во периодот од 25-29.07.2022 година, вработените во подружница Црн Дрим-Охрид продолжија со редовна проверка на каналската мрежа за наводнување и контрола на протокот на вода.
Општина Дебарца
Рачно затварање на водата на Волинската глава и во Мешеишта на Гашоската и Мазенкоската, како и отстранување на насобраното ѓубре и искршени гранки кои го попречуваа нормалниот проток на водата.
Во периодот од 01.07.2022 година до 31.07.2022 година во Подружница ,,Радовишко Поле’’- Радовиш покрај секојдневните активости за одржување на каналската мрежа за наводнување, се извршени и следните активности:
На ден 06.07.2022 год. – Ископ на запушена линија на SV1 на H3.
Во периодот од 25.07.2022 до 29.07.2022 година од страна на вработените во подружница Кумановско-Липковско поле - Куманово беше направен ископ на 2-ра Грана – индустриски вод.
Извршено е демонтирање и монтирање на азбесна цефка ФИ 300.
На подрачјето на кое делува Подружница Црн Дрим - Охрид, наводнувањето е во тек и непречено се одвива.
Се врши редовна контрола и проверка на нивото и протокот на водата во каналите и по потреба чистење и отстранување на вегетацијата и припуштање на поголема вода.
Во периодот од 18.07 до 25.07.2022 година, вработените во АД „Водостопанство на РСМ“-Скопје, Подружница Берово-Берово, работеа на отклонување и санација на дефект на азбесно цементната цефка Ф 125 со репарациона спојка на ХМС – Малешевско поле.
Подружница ,,Радовишко Поле”- Радовиш започна со сезоната за наводнување на 15.05.2022 година. Во периодот од 01.06.2022година до 31.06.2022 година е извршена санација на повеќе дефекти меѓу кои:
На 20.06.2022 год. Отстранет дефект на пукната цефка ф 150мм, АЦЦ, на Десна страна, на RV1 oд DV3 .
Општина Дебарца
С.Волино
Рачно сечење и чистење на гранки и грмушки надвиснати над каналот во м.в. Салибеѓица и Подлозје.\
Во периодот од 18.07 до 22.07.2022 година беше направен ископ на 1-ва Грана – канал 8, каде е извршена поправка на азбесна цевка.
Извршено е демонтирање и монтирање на ЕФ комад на 2 – ра Грана, десен канал 35.
Во периодот од 11-18.07.2022 година вработените во АД „Водостопанство на РСМ“–Подружница Берово-Берово работеа на чистење од тревна вегетација на разделната шахта од десен магистрален вод ХМС –Малешевско поле, поради непречен пристап до вентилите за пуштање и запирање на вода во системот.
Моментално осигурвање на земјен канал Плинара - Врапчиште за да не дојде до преливање на водата по населени куќи. Населба Млаки - О. Гостивар
Санација на дефект на К-12/1 а под автопат
На ден 04.07.22 извршена е замена на пукната цевка Ф800 на ГК „Турија“ со нова.
На ден 05.07.22 изработена е оплата за два бетонски блока за спој на цевка Ф800 и бетонирање со готов МБ30 на ГК Турија.
На ден 06.07.22 извршена е демонтажа на механизам на таблест затварач на испуст во Хамзали на ГК „Турија“.
На ден 07.07.22 извршена е поправка на хидрант и затварач на канал Л14 од ХС „Турија“. Потрошени се 4М16х70 и 1 бр. дихтунг. Монтирана е репарирана спојка Ф200 на канал Л35 од ХС „Турија“ .
Во периодот од 04.07 до 11.07.2022 година вработените во АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница Берово – Берово работеа на санација на дефект во месноста Брдославица во Берово. Вработените исто така ги чистеа шахтите од тревна вегетација ХМС –Малешевско поле.
Во рамките на своите можности и надлежности, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нашето дејствување.
Се врши интензивно наводнување на целата територија од ХМС „Тиквеш“, вообичаено за ова време од годината.
Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа.
На подрачјето на кое делува Подружница Црн Дрим Охрид, наводнувањето е во тек и се одвива непречено. Во овој период, често имаме допуштање и зафаќање на поголема вода од реките, поради поголемите потреби и потрошувачка на вода, како и поради намалување на водостојот на реките. Исто се преземаат разни активности за обезбедување на подобар проток на водата.
Направен е ископ на 6 – та Грана, К-9 каде е извршено заварување на челична цевка.
Во месец Јуни е работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма се со цел нормално функционирање на каналската мрежа за одводнување на територија на Подружница Скопско Поле- Скопје, машински и рачно се исчистени 9450 метри и тоа :
ОПШТИНА ИЛИНДЕН
- Каналска мрежа во село Бучинци општина Илинден со должина од 600 метри.
Во период од 13.06.2022 година до 15.06.2022 година за три работни денови машински беше исчистена каналска мрежа за одводнување во должина од 600 метри. Каналот беше обрастен со вегетација и наносен материјал, а до каналот немаше пристапен пат. Покрај ова чистење на каналската мрежа за одводнување беше направен и пристапен пат покрај каналот. Каналската мрежа се чистеше со машина Liebherr 916. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода.
Вработените во Подружница Црн Дрим -Охрид продолжија со интензивни теренски активности и во периодот од 27.06 – 01.07.2022 година.
Се вршеше машинско и рачно дочистување на каналите за наводнување и припуштање на вода на зафатите од реки, поради спуштање на нивото на водата и поголема потрошувачка на вода за наводнување.
Општина Дебарца
С.Мешеишта
Машински и рачно чистење и продлабочување на каналите за наводнување на Гашоска, Кржа и кај Викторија Инвест-чистење на талог и тиња од каналот.
На ден 30.05.22 поправка на воздушен вентил и хидрант на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 31.05.22 извршено е црпење на вода на канал Л-14 од ХС „Турија“ поради отстранување на дефект.
На ден 03.06.22 монтажа на адаптер спојка на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 06.06.22 поправен е среден затварач на канал Л-2 од ХС „Турија“.
На ден 07.06.22 со две адаптер спојки заменета е пукната цевка Ф350 - 4м на канал Л-18 од ХС „Турија“.
На ден 09.06.22 извршена е контрола на воздушните вентили на канал Л-14 од ХС „Турија“, и констатирано е дека се во исправна состојба.
На ден 13.06.22 извршено е црпење на вода на канал Л-14 од ХС „Турија“ поради утврдување на дефект. Размонтирана адаптер фланша и жибо спојка Ф600Ц.
На ден 15.06.22 извршена е замена на цевка Ф600Ц адаптер спојка Ф600, 670-695 – 2 броја, жибо спојка Ф600Ц и адаптер фланша Ф600 – 2 броја на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 16.06.22 извршена е контрола на воздушните вентили на канал Л-14 од ХС „Турија“, и констатирано е дека се во исправна состојба
На ден 17.06.22 подигната е клапна на затварач на канал Л-21 и замена на хидрант на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 17.06.22 извршен е машински ископ за откривање и заварување на ПГС и на канал К-2 од ХС „Водоча“.
На ден 20.06.22 монтиран е воздушен вентил Ф80 на канал Л-18 од ХС „Турија“.
На ден 22.06.22 извршено е црпење на водата поради демонтирање на адаптер спојка Ф600 на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 23.06.22 извршена е замена на адаптер спојка Ф600 на канал Л-14 од ХС „Турија“. Заварен е скршен ПГС Ф200 на канал Л-18 од ХС „Турија“.
На ден 23.06.22 извршена е замена на хидрант на канал Л-14-2-2 од ХС „Турија“.
На ден 24.06.22 извршен е увид на скршен ПГС на канал К-10 од ХС „Водоча“.
На ден 27.06.22 извршен е машински ископ и санација на електрофузионен вар на РЕ цевка Ф160 на ХС „Маркова река“. Ивршена е поправка на затварач Л-14-2-2, и заменет е три хидранти и една клапна на канал Л-14-1-1 од ХС „Турија“.
На ден 28.06.22 извршен е машински ископ и санација на електрофузионен вар на РЕ цевка Ф160 на ХС „Маркова река“. Извршен е ископ и кршење на шахта со хилт за замена на дихтунг од ХС “Маркова река“.
На ден 29.06.22 извршена е замена на дихтунг во разделна шахта на ХС „Маркова река“. Фланширање на хидрант на канал К-2 од ХС „Водоча“.
Во периодот од 20.06 до 25.06.2022 година вработените во Подружница Црн Дрим-Охрид беа целосно вклучени кон спроведување на водата низ сите канали за наводнување, а истовремено и нивно дочистување и продлабочување, за непречен и навремен доток на водата.
Општина Дебарца
С.Мешеишта
Машински и рачно чистење и продлабочување, на каналите за наводнување во м.в. Пишкорешка, Паловител, Гашоска, и покрај патот за Волино, и отворен зафатот кај Климештани, за Корошишта и за Мешеишта.
Во периодот од 27.06.2022 до 04.07.2002 година вработените во АД „Водостопанство на РСМ“, подружница Берово-Берово, работеа на санација на бентот Балија на река Желевица -во с. Тработивиште Општина Делчево, со цел зголемување на протокот на вода во каналот, бидејќи дел од него беше однесен од реката со што беше намален протокот на вода и немаше доволно количина за потребите на водокорисниците за наводнување. Во исто време се изврши и чистење од тревна вегетација.
ХМС Паљурци Богданци
- Контрола на терен, мерење ниво на вода во акумулација и управување со затварачи на главен цевовод ,
ХМС Валандово, Валандово
- Пуштање на вода во новиот систем Удово- Страиште, за наводнување на земјоделски култури на барање од земјоделски задруги
ХМС Валандово, Валандово
- Дефект на главен цевовод Ф800Ц МВ Валандово – град, промена на цевовод и бетонирање,
- Наводнување од ПС Страиште – Валандово,
- Контрола на терен,
- Проверка, управување со затварачи ,
- Контрола и евидентирање на наводнети површини,
ХМС Негорци – Прдејци, Гевгелија
- Секојднено проверка и чистење на сита (филтри) и решетки на зафати за вода на река
Кованска и река Серменинска,
Во периодот од 20.06.2022 го 27.06.2022 година вработените во подружница Берово – Берово работеа на санација на бентот на река Брегалница во Горно Поле с. Разловци Општина Делчево , за зголемување на протокот на вода во каналот бидејќи дел беше однесен од реката со што беше намален протокот на вода и немаше доволно количина за потребите на водокорисниците за наводнување.
Главниот извршен директор Локман Љимани на покана на словенските фирми Scotta Turboinštitut и Кolektor Sisteh присуствуваше на работна посета во Република Словенија.
На средбите се оствари заедничка соработка и меѓусебна поддршка која веќе ги дава првите резултати, изјави директорот Љимани.
Тој во продолжение додаде: „Претставниците од Scotta Turboinštitut, Bostijan Žerovnik, Matej Zalubersek и Bogdan Jancar ни покажаа дека се заинтересирани за меѓусебна и продуктивна соработка. Scotta Turboinštitut e фирма која е без конкуренција и докажана во познавање на развојот на хидроенергијата, оптимизација на пумпи, инжињерство на мала хидроенергетска опрема.
На средбата со Директорот на Хидро Бошава во Љубљана -Кlement Jareb се потврди заедничката соработка и постигна договор за продолжување на досегашната работа со АД „Водостопанство на РСМ“ - Скопје.
Заедно со Jasmin Kukavica-менаџер за продажба на вода за стратешко тргување во Кolektor Sisteh и Marko Germ -раководител на технологија за вода бевме во посета на прочистителната станица во Крањ - Словенија каде се презентираа најсовремена техничка поддршка и консалтинг, како и сервисирање и одржување на уреди и системи.
Подружницата Црн Дрим - Охрид, во рамките на своите можности, ги презема сите активности за навремена и непречена дистрибуција на водата, до земјоделските површини
Општина Дебарца
С.Мешеишта
Машински и рачно чистење на каналската мрежа во м.в. Кржа и Падобрајца
Во рамките на своите можности и надлежности, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нашето дејствување.
Се врши интензивно наводнување на целата територија од ХМС „Тиквеш“, вообичаено за ова време од годината.
Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа.
Брана и акумулација „Тиквеш“
Вработените во Подружница Берово - позитивен пример во заштитата на животната средина
Вработените во АД „Водостопанство на РСМ“ - Подружница Берово, во соработка со Општина Берово, извршија акцијата за чистење на патеката околу Беровско езеро, од ресторанот до круната на браната.
Притоа извршено е метење на патеката, чистење од вегетативни наноси и лисја, со што е спречено поголемо загадување на водата во Беровско езеро, која се користи за водоснабдување и наводнување, што дирекно влијае и на заштита на животната средина.
Исто така соберена е голема количина и на комунален одпад.
Ваквото системско делување е позитивен пример, кој треба сите да го следат, со цел чување и негување на животната средина
Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во деновите 13.06.2022 и 14.06.2022 година извршија чистење на Јардерски порој во близина на селото Гермијан и Затворот-Горно Оризари и влив на Крклинска река во IV-одводен канал, по барање на месното население. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 1000 метри.
Фотографии за време на чистење во близина на влив на Крклинска река во IV-одводен канал-Општина Битола
Во периодот од 13.06.2022 до 17.06.2022 година од страна на вработените во АД„Водостопанство на РСМ“-Скопје, Подружница Кумановско-Липковско Поле – Куманово, направен е ископ на 1 – ва Грана канал 20 каде е извршено демонтирање и монтирање на ЕФ комад ДН 125 и шибер вентил ДН 125.
Исто така извршено е и заварување на челичен цев ФИ 200 на 6 – та Грана канал КА – 1.
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Јуни ( во период од 06.06 – 10.06.2022 година ) исчистени се машинско и рачно 2.150 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Машинско чистење на примарен земјен канал во с. Долно Седларце , на м.в. Леска;
На ден 06.06 .2022 година, машински со липкер се чистеше земјен канал обраснат со вегетација и наносен материјал во должина од 600м.
Подружница Црн Дрим Охрид, продолжи со активностите на каналската мрежа за наводнување и дистрибуција на водата до земјоделските површини.
Општина Охрид
С.Косел
10 и 11.06.2022 – Машинско чистење на каналската мрежа во атарот на с.Косел (Д.Косел, Круфче, Бучало, Рвеник)
Во периодот од 20.05.2022 до 16.06.2022 година на територијата на дејствување на AД Водостопанство на РМ Подружница Свети Николе се продoлжи со редовното одржување на инфраструктурата за наводнување за наводнителна сезона.
Во изминатиот период полињата планирани со засејување со оризова култура се целосно посеани во оптималниот рок. Истовремено во подружницата Свети Николе се работи и на отстранување на тековни дефекти на ХМО. Во овој период заменети се АЦЦ цевка со дијаметар од Ф300 во атарот на село Сарамзалино, во атарот на село Три Чешми се репарирани два шибер вентила, во атарот на село Ерџелија е заварен PGS и заменети се 3 хидрантски глави, во атарот на село Мустафино се репарирани 3 шибер вентили и вградување на 1 GS Ф-200В, во атарот на село Пеширово се реперирани 2 Шибер вентила, во атарот на село Црнилиште е извршена замена на 2 хидранрски глави, во атарот на село Аџиматово е репериран еден шибер вентил, во атарот на село Крупиште се репарирани 2 шибер вентила, во атарот на село Пишица фиксирање на OSP Ф- 200, во МВ Суво поле се вградени PVC цевки Ф-250 L 2,8м и е вградена една репаратурна спојка Ф-250, во атарот на село Долни Балван се реперирани 2 шибер вентила и 5 хидрантски глави.
Вработените во подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 06.06.2022 година до 09.06.2022 вршеа чистење на одводен канал во близина на селaта Гермијан, Долно Агларци, Дедебалци, Затворот-Горно Оризари и влив на Крклинска река во IV-одводен канал. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 2900 метри.
Во прилог се фотографии од работата на терен.
Фотографии за време на чистење во близина на влив на Крклинска река во IV-одводен канал-Општина Битола
Главниот извршен директор на АД„Водостопанство на РСМ“ – Скопје, г.Локман Љимани во периодот од 04 до 09 јуни, заедно со своите соработници ги посети подружниците во Тетово, Гостивар, Прилеп и Битола. Ги посетија канцелариите, магацините, гаражите, полињата, каналите, пумпните станици, браните, текот на реката Вардар, како и критичните точки кои се од суштинско значење за успешно функционирање на системите за наводнување и одводнување. Вработените и Раководителите на подружниците, од блиску го запознаа директорот со текот на работата како и о проблемите и предизвиците со кои се соочуваат за време на сезоната за наводнување. Се разговараше и за идните инвестиции кои се неопходни за подобрување на работата на АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје.
Во прилог галерија од посетите.
Во рамките на своите можности и надлежности, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нашето дејствување.
Во поголемиот дел од ХМС „Тиквеш“ веќе е пуштена водата во каналите и во делничните линии.
Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа и на сифоните.
Дистрибуција на вода по Десен Магистрален Канал – Подсистем Љубаш
Во периодот од 06.06.2022 до 13.06.2022 година, вработените во Подружница Берово - Берово работеа на чистење на отворениот канал Дуњски Јаз и Селски од тревна вегетација во село Тработивиште, Општина Делчево. Исто така вработените на АД Водостопанство на РСМ Подружница Берово заедно во соработка со вработените во ЈПКР услуга Берово извршија извршија санација на дефект во месноста викана Ширината во Општина Берово. Прилог слики :
На 03 јуни 2022 година, Главниот извршен директор на АД„Водостопанство на РСМ“ – Скопје, г. Локман Љимани одржа колегиум, на кој заедно со своите соработници разговараа за планираните и постигнатите резултати во првите 100 работни дена откако беше назначен на функцијата. Заклучено беше дека голем дел од планираните цели се реализирани, а меѓу нив се издвојуваат следните:
-Транспарентност, отчетност и интегритет во работењето на АД Водостопанство на РСМ
-Одржување на редовни неделни работни колегиум и на Главен извршен директор Г-дин Локман Љимани со раководителите на сектори и советниците на АД Водостопанство на РСМ
-Одржување редовни месечни состаноци со раководителите на подружниците на АД Водостопанство на РСМ
-Посета на подружниците и нивната инфраструктура со цел да се утврди моменталната состојба
-Редовни работни состаноци со релевантни институции (средби со премиер на РСМ, вицепремиер, министри, директори на институции), со цел подобрување на работата, обезбедување на финансиски средства за успешно извршување дејности на АД Водостопанство на РСМ
-Навремено и успешно започната сезона за наводнување како и утврдување на дефектите во системот за наводнување и отклонување во најбрз можен рок (иако системите се стари со поминат рок од преку 40год)
-Спроведена и реализирана постапка за вработување на 155 работници на определено време ,отворена постапка за нови вработувања за потребите на АД Водостопанство на РСМ
-Реновирање на работни простории од кој се истакнува новата сала за одржување состаноци, уредување на дворната површина во АД Водостопанство на РСМ со обезбедување на бетонски паркинг
-Потпишана пристапница во институт за стандардизација со што се дава придонес и заложба за квалитетна и здрава животна средина и стандардизација како општа цел
-Одржана работна средба на Главен извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“ Г-дин Локман Љимани со Извршен директор на Водостопанство на Република Турција со цел подобрување и модернизација на системите за наводнување.
Подружница Црн Дрим - Охрид ги отвори повеќето примитивни зафати од реки, на подрачјето на кое делува и ја пушти водата во каналите за наводнување на земјоделските површини.
Општина Струга
С. Корошишта
Зафаќање на водата со багер од река Сатеска во с.Волино, и пуштена во каналот за наводнување на земјоделските површини во м.в. Расница, с.Корошишта.
Подружницата Битолско Поле – Битола во периодот од 30.05.2022 година до 03.06.2022 година продолжи со чистење на одводен канал во близина на селaта Гермијан, Кравари и влив на Крклинска река во IV-одводен канал, по барање на месното население. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 3600 метри.
Фотографии за време на чистење во близина на влив на Крклинска река во IV-одводен канал-Општина Битола
Во рамките на своите можности и надлежности, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нашето дејствување.
Во поголемиот дел од ХМС „Тиквеш“ веќе е пуштена водата во каналите и во делничните линии.
Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа и на сифоните.
Дистрибуција на вода по К-2 од ХС Бошава
Во перодот од 30.05.2022 година до 06.06.2022 година АД Водостопанство на РСМ Подружница Берово ги презеде следните активности :
Рачно чистење на отворениот канал Дуњски Јаз во село Тработивиште Општина Делчево направено повторно интервенција за да се појача водата за непречено да стигне до водокорисниците.
Исто така вработените на АД Водостопанство на РСМ Подружница Берово извршија повторна интервенција на зафатот на отворениот канал Горно Поле с. Разловци и на самиот канал заради зголемување на водостојот во истиот за да се обезбеди доволно количина на вода за потребите на водокорисниците.
Вработените извршија интеревенција и на бетонскиот зафат – канал од Тиролскиот зафат на река Брегалница во Берово кој беше наполнет со нанос – песок ,чакал и камен со што беше прекината испораката на вода во самиот канал.
На ден 03.06.2022 година од страна на вработените во Подружница Кумановско-Липковско Поле – Куманово, направен е ископ на 6 – та Грана, К-1 каде е извршено заварување на челичен цев DN 200.
Во месец Мај e работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма се со цел нормално функционирање на каналската мрежа за одводнување и наводнување на територија на Подружница Скопско Поле- Скопје, машински се исчистени 9750 метри и тоа :
ОПШТИНА ИЛИНДЕН
- Сува река во општина Илинден со должина од 4900 метри.
Во период од 10.05.2022 година до 31.05.2022 година за единаесет работни денови беше исчистен сува река кој поминува во село Дељадровци и село Текија во Општина Илинден во должина од 4900 метри. Каналот беше орастен со вегетација и наносен материјал, а се чистеше машински со машина гасеничар Sunward. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода.
Главниот извршен директор на АД„Водостопанство на РСМ“ – Скопје, г.Локман Љимани, на покана на организаторите, во периодот од 21 до 27 мај 2022 година, присуствуваше на 89-тиот меѓународен Земјоделски саем во Нови Сад.
Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 23.05.2022 година до 27.05.2022 година продолжи со чистење на одводен канал во близина на селото Велушина и IV-одводен канал по барање на месното население. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 1600 метри.
Фотографии за време на чистење во близина на IV-одводен канал-Општина Битола
Подружница Црн Дрим-Охрид, почна со зафаќање и пуштање на водата за наводнување, а со тоа и отстранување на дефектите кои тековно се јавуваат со самото пуштање на водата. Продолжува рачното чистење на каналите на места кај што има застој на вода како и санирање на тековни дефекти на застарениот цевководот во кичевското поле. Инаку наводнувањето е претежно гравитационо, по отворени земјени канали.
Општина Дебарца
Рачно чистење (со тример,сор) на отворен земјен канал, помеѓу куќите во м.в.Пелјар
Извештај за работни активности во Подружница Кумановско-Липковско Поле Куманово – АД Водостопанство на РМ Скопје за период од 23.05.-28.05.2022 година.
Во периодот од 23-28.05.2022 година од страна на вработените во Подружница Кумановско – Липковско Поле Куманово направен е ископ на 4 – та Грана, канал 28 каде е извршено демонтирање и монтирање на азбестен цев DN 200.
Активности предвидени и реализирани од Подружница Гостивар- Гостивар во периодот од 16.05-27.05.2022 година
Во периодот од 23-28.05.2022 година Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нејзиното дејствување.
Во поголемиот дел од ХМС „Тиквеш“ веќе е пуштена водата во каналите и во делничните линии.
Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа и на сифоните.
На ден 23.05.2022 извршенa е замена на скршена жибо спојка Ф600 на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 25.05.2022 извршено е заварување на скршен ПГС Ф200 на канал Д-17 од ХС „Турија“.
На ден 27.05.2022 извршено е заварување на скршен ПГС Ф200 на канал Л-27 од ХС „Турија“.
Во перодот од 23.05.2022 година до 30.05.2022 година АД Водостопанство на РСМ Подружница Берово-Берово ги презеде следните активности :
Рачно чистење на отворениот канал Горно поле од нанос и вегетација и санирање на оштетениот дел од каналот ( sидање со камен и поставување на најлон ) во село Разловци Општина Делчево.
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Maj ( во период од 16.05 – 20.05.2022 година ) исчистени се машинско и рачно 1.250 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Санација на Главен магистрален канал с. Радиовце – р. Пена – Тетово
На Главниот магистрален канал с. Радивоце – р. Пена , во атарот на с. Горно Седларце каде што дел од каналот е оштетен/скршен и постои можност за излевање на водата и поплавување на земјоделски површини се изврши негова поправка/санација за доведување во исправна состојба ;
Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 16.05.2022 година до 19.05.2022 година продолжија со чистење на Јардерски порој во близина на селaта Добромири, Гермијан и IV-одводен канал, по барање на месното население. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 2000 метри.
Фотографии за време на чистење во близина на IV-одводен канал-Општина Битола
Во рамките на своите можности и надлежности, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нашето дејствување.
Во поголемиот дел од ХМС „Тиквеш“ веќе е пуштена водата во каналите и во делничните линии.
Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа и на сифоните.
ДМК „Љубаш-Марена“
Подружница Црн Дрим Охрид, почна со зафаќање и пуштање на водата за наводнување, а со тоа и отстранување на дефектите (рушење и пробивање на замјените канали) кои се јавуваат со самото пуштање на водата. Со тоа и официјално започна сезоната за наводнување.
Општина Охрид
С.Косел
Рачно (примитивно) зафаќање на водата за наводнување од река Коселска, на двата зафати в село, Рвеник за Долни Косел и Рвеник кај кафаната Јарец, и кревање на портите, испусни врати, на главниот зафат в село под асфалтот.
Рачно зафаќање на водата в село, од река Коселска, Рвеник за долни Косел
Во наведениот период од страна на АД „Водостопанство на РСМ“-Скопје – Подружница Кумановско – Липковско Поле Куманово, направен e ископ на 1-ва Грана каде е извршена поправка на бетонски цев.
Исто така направен е и ископ на 6 – та Грана и е извршено заварување на челичен цев.
На ден 16.05.2022 година заменет е ПГС Ф250 Ц на Л-18 од ХС „Турија“. Потрошено една адаптер спојка.
На ден 17.05.2022 година пуштена е вода од ХС „Маркова река“ и утврден е дефект на канал Л-27 од ХС „Турија“, скршен ПГС.
На ден 18.05.2022 година со машински и рачен ископ утврден е дефект, скршени карики на жибо спојка Ф 600 Ц на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 19.05.2022 година извадени се оплати за бетонирање на два блока за наирање на дефект на ГК Турија и затрупување на блоковите.
На ден 20.05.2022 година извршено е машински и рачен ископ и црпење на вода за замена на жибо спојка Ф 600 Ц на канал Л-14 од ХС „Турија“.
Во перодот од 16.05.2022 година до 23.05.2022 година АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница Берово ги презеде следните активности :
Рачно чистење на отворениот канал Горно поле од нанос и вегетација во село Разловци Општина Делчево
АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница-Брегалница - Кочани во овој период продолжи со извршување на следниве активности:
Чистење на вади во КО.Виница мв.Надба
Општина Охрид
Во с.Косел, место село, репарирање на еродиран, отворен бетонски канал, кој поминува низ приватен имот. Репарирање на основата на каналот со бетонирање во должина од 10-тина метри.
Во периодот од 21.04.2022 до 17.05.2022 година на територијата на дејствување на AД Водостопанство на РМ Подружница Свети Николе се продoлжи со редовното одржување и подготовување на инфраструктурата за наводнување за претстојната наводнителна сезона. Во изминатиот период на полињата што се планирани да се засејат со оризова култура се работеше со багер гасеничар со кои се вршеше машинско чистење од нанос и вегетација на земјените канали за наводнување и се изврши и изработка на времените земјени зафати (бентови) со кои се зафаќа водата за наводнување од река Злетовска. Машински е исчистена земјена каналска мрежа за наводнување со должина од 2500 метри и се зафатени 4 времени земјени зафати (бентови). Истовремено во подружницата Свети Николе се работи и на отстранување на дефекти на ХМО од претходната година. Во овој период заменети се 3 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф250 и Ф300, 2 муфа 250С и 350С во атарот на село Црнилиште, еден PGS 150С, едно спојно парче SP 125/1000, 7 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф150 до Ф450, една жибо спојка Ф450В и еден муф 150С во атарот на село Мустафино и во атарот на село Врсаково заменети се еден вентил 150С и една хидрантска глава. Исто така се работи и на санација на главните испусти од десниот магистрален канал. Во атарот на село Батање се изврши санација на Десниот магистрален канал во должина од 37 метри од кој 22 метри канал со прав профил и 15 метри канал со трапезен профил.
На 06.05.2022 со зафаќањето на проточните води од река Злетовска се започна со наводнување на оризовата култура во атарот на селата Жиганци и Уларци додека водата во десниот магистрален канал од Хидросистемот Брегалница се пушти на 09.05.2022 и се започна со наводнување на останатиот дел од полињата планирани за засејување со оризова култура.
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Maj ( во период од 09.05 – 13.05.2022 година ) исчистени се машинско и рачно 2.940 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Чистење на таложницата на зафатот во с. Радиовце на Главен магистрален канал во должина од 40 м .
На ден 09.05.2022 година, машински со липкер се чистеше таложницата на зафатот обраснат со вегетација, дрва и наносен материјал и негов транспорт до соодветна депонија
Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 09.05.2022 година до 13.05.2022 година извршија чистење на Јардерски порој во близина на село Гермијан и IV-одводен канал,по барање на месното население. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 3500 метри.
Чистење во близина на IV-одводен канал-Општина Битола
Во рамките на своите можности и надлежности, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нивното дејствување.
Во поголемиот дел од ХМС „Тиквеш“ веќе е пуштена водата во каналите и во делничните линии.
Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа и на сифоните.
Санација на испусен канал кај с.Марена
На ден 10.05.2022 извршена е поправка на три хидранти на ГК с. Баница од ХС „Водоча“. Проверена е репарациона спојка на К-2-7.
На ден 11.05.2022 извршена е поправка на среден затварач на канал Л-2 од ХС „Турија“ – скината штифна на вретеното.
На ден 11.05.2022 затворен е канал К-2-7 поради поправка на хидрант на ХС „Водоча“.
На ден 13.05.2022 заменети се два хидранти на канал К-2 на ГК до с.Баница од ХС „Водоча“.
Во периодот од 09.05 до 16.05.2022 година, вработените во Подружница Берово - Берово работеа на рачно чистење на отворениот канал Горно поле од нанос и вегетација во село Разловци Општина Делчево.
Рачно чистење и сечење на вегетација на дел од кракот од Бањичкиот систем. Атар на с.Горна Бањица- Општина Гостивар
Во периодот од 09.05-14.05.2022 година, во Подружница Кумановско – Липковско Поле Куманово направени се три ископа на 4 – та Грана канал – 5 каде е извршено демонтирање и монтирање на азбестен цев ДН 150 и каналот е пуштен во функција.
Во рамки на работниот состанок за соработка во областа на водите, на ден 12.05.2022 година, Главниот извршен директор на АД„Водостопанство на РСМ“-Скопје г.Локман Љимани и Извршниот директор на Водостопанство на Република Турција, г.Назми Канџиоглу, заедно со своите делегации ја посетија Браната Конско.
Браната Конско е најзначаен објект на Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско Поле“ - Гевгелија. Со изградба на браната, ќе се формира водна акумулација која ќе се користи првенствено за наводнување на планирани 6.900 хектари земјоделски површини. Браната „Конско“ е од исклучително значење за наводнувањето на земјоделските површини од овој регион.
Со изградбата на браната, ќе се обезбеди редовно снабдување со квалитетна вода за пиење, за наводнување на земјоделските површини како и производство на електрична енергија. Браната „Конско“ ќе обезбеди вода за наводнување на нови, близу 7.000 хектари земјоделски површини, со што наводнуваните земјоделски површини ќе се зголемат за пет пати. Изминатите години ова беше голем проблем за земјоделците и ја зголемуваше цената на земјоделските производи. Со оваа брана ќе се создадат неопходните услови за дополнителен развој на земјоделството, зголемување на производството на храна со намалени и конкурентни цени.
Вкупната инвестиција во браната „Конско“, изнесува 40 милиони евра, средства обезбедени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Програмата за рурален развој, а изведувач е компанијата „Серка Тааххут Иншаат - Акели“, од Турција со проект менаџер, инженер Ебубекир Туран.
Работите се одвиваат според предвидената динамика и веќе над 80 отсто од изградбата е завршена. Се работи за најголем инфраструктурен проект, каков што немало во изминативе 50 години во тој регион.
Во Кичевското поле во место викано Ајројца (Косеница), саниран дефект,замена на вентил.
Рачно ископан и изваден расипан вентил
Во рамки на работниот состанок на Заедничкиот Комитет формиран согласно меморандумот за разбирање потпишан помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција за соработка во областа на водите, денес 11.05.2022 година, Главниот извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“-Скопје, г. Локман Љимани оствари работна средба со Извршниот директор на Водостопанство на Република Турција, г. Nazmi KAĞNICIOĞLU. На средбата се разговараше за повеќе теми меѓу кои ефикасно користење на водата, планирање и управување со наводнување, подобрување и модернизација на системите за наводнување, одржливо и ефикасно користење на водата во замјоделството, вклучувајќи го одводнувањето на земјоделско земјиште со цел еколошка одржливост на проектите во наводнувањето, а најважно од се’ се разменија информации и искуства и се поставија темели за понатамошна соработка. Директорот Љимани изрази посебна благодарност до г.Канџиоглу за подарокот, за посебниот интерес за АД „Водостопанство на РСМ“, како и за поканата за идната посета во Република Турција.
Тимската работа е способност на заедничко движење кон заеднички цели!!!
На ден 10.05.2022 година, во просториите на АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје во присуство на Главниот извршен директор Г-дин Локман Лимани и Г-дин Лулзим Луи Адили како едукатор, се одржа презентација на тема: Петте нивоа на лидерското влијание: позиција, поврзување, продуктивност, поддршка и престол. Само со тимска работа е возможен заеднички напредок!
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Мај ( во период од 02.05 – 06.05.2022 година ) исчистени се рачно 1.800 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Чистење на секундарен земјен и бетонски канал низ с.Милетино во должина од 1800 м;
На ден 04.05. до 06.052022год., рачно се чистеше земјен и бетонски канал од вегетација и наносен материјал
*Рачно чистење на бетонски/земјени бразди во атарот на с. Милетино, м.в. Крушевица
На ден 03.05.2022 година направена е котрола на ХС „Водоча“ и пронајден е дефект и водата е спроведена до канал К-11.
На ден 04.05.2022 извршена е замена на хидрант Ф100 на канал К-2 од ХС „Водоча“. Отворен затварач на К-2, затворен е К-2-2 и К-3 поради дефект. На К-11 дефект спојка.
На ден 05.05.2022 затворен е ГК према с. Баница ХС „Водоча“.На К11 утврден е дефект, изливање на вода од адаптер спојката. На К10 скршен приватен приклучок.
На ден 06.05.2022 поправени се три хидранти на ГК Водоча-Баница ХС „Водоча“.
На ден 07.05.2022 изработени се 2 бетонски блока МБ30 за замена на цевка Ф800 на ГК ХС „Турија“.
Подружницата Битолско Поле – Битола во периодот од 03.05.2022 година до 06.05.2022 година изврши чистење на одводни канали во близина на село Драгожани-Сокотаб, Ивањевци, Кравари и IV-одводен канал. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 3400 метри.
Во прилог се фотографии од работата на терен.
Чистење во близина на IV-одводен канал-Општина Битола
Во подружница Тиквеш – Кавадарци се вршат последните подготовки и на поголемиот дел од системот веќе е пуштена водата во каналите и во делничните линии.
Истовремено со пуштањето на водата, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа.
Започна сезоната за наводнување 2022 година. Пуштена е водата во Заедничкиот магистрален канал во Десниот магистрален канал и во Левиот магистрален канал до сифон „Макарија“, како и во групниот канал ГК-2.
Санација на аквадукти на ДМК пред сифон „Марена“
Во перодот од 03.05.2022 година до 09.05.2022 година АД Водостопанство на РСМ Подружница Берово-Берово ги презеде следните активности :
Се вршеше континуиран надзор врз уредувањето и регулацијата на речното корито на река Брегалница во месноста КО Град и КО Вирче општина Делчево и контрола врз вадењето и депонирањето на вишокот наносен материјал (чакал,песок,камен). Се продолжи со рачно чистење на Дунски јаз во с. Тработивиште Делчево каде на 08.05.2022 година, извршено е и санирање на бентовите – препишите на река Желевица и пуштена е вода во каналите со што и официјално отпочна наводнувањето на раноградинарските кулутури во село Тработивиште. Исто така во извештајниот период се работеше рачно чистење на отворениот канал Горно поле од нанос и вегетација во село Разловци Општина Делчево.
АД Водостопанство Подружница-Брегалница - Кочани во овој период продолжи со извршување на следниве активности:
Постојана контрола на протокот на водите и отпочнување евиденција на наводнуваните површини.
Во КО.Зрновци се направени два бента за наводнување на Зрновска река
ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Во период од 11.04.2022 година до 29.04.2022 година за дванаесет работни дена е исчистена каналска мрежа со должина од 1900 метри во Општина Ѓорче Петров во место викано стопански двор. Каналската мрежа се чистеше и продлабочуваше машински со гасеничар Sunward и мал багер Janmar. На ден 27.04.2022 година со камион се изнесуваше матријалот од дел од каналската мрежа и се носеше на соодветна локација во координација со Општината. Со ова чистење и обликување на каналската мрежа ќе се канализираат подобро водите што се вливаат во овај канал. На неколку места се вградуваа цефки во каналската мрежа. Чистењето на оваа каналска мрежа ќе продолжи и во наредниот период се со цел нормално функционирање на каналската мрежа во стопански двор Општина Ѓорче Петров.
Подружницата Битолско Поле – Битола во периодот од 27.04.2022 година до 29.04.2022 година изврши чистење на одводни канали во близина на село Кукуречани, Змирнево и IV-одводен канал, по барање на месното население. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 1600 метри.
Во прилог се фотографии од работата на терен.
Чистење во близина на IV-одводен канал-Општина Битола
Подружница Црн Дрим Охрид продолжи со подготовка на каналите за почетокот на сезоната за наводнување.
Санирање на еродиран бетонски канал во м.в Просиште, с.Косел општина Охрид, во должина од 20-тина метри.
Припреми за бетонирање:
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Април ( во период од 26.04 – 29.04.2022 година ) исчистени се рачно 2.450 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Чистење на секундарен земјен канал низ с.Долно Седларце во должина од 350м;
На ден 26.04.2022год., рачно се чистеше земјен канал од вегетација и наносен материјал во долж. од 350 метри .
*Рачно чистење на земјени бразди во атарот на с. Долно Седларце , м.в. Демир Ќазе
Во периодот од 26.04 до 29.04.2022 година беше направен ископ на 2-ра грана на Индустриски вод каде беше направено заварување на челичен цев.
Беше направен ископ и на 1-ва Грана на канал 17 каде беше извршено демонтирање и монтирање на азбестен цев ДН 300.
Машинско и рачно чистење на примарен земјен канал во атарот на село Врапчиште , Општина Врапчиште
Во периодот од 26.04.2022 до 29.04.2022 година, вработените во подружница Берово продолжија со рачно чистење на тревна вегетација на Селски јаз во село Тработивиште. Во Општина Берово се продолжи со чистење на тревна вегетација на Тиролскиот зафат и пуштање на водата низ азбесно циментна цевката која поминува под самиот зафат.
Исто така во Општина Делчево на место викано Град се работеше на издавање испратници за уредување на речното корито од наносен матерјал.
Подружница Струмичко Поле - Струмица во периодот од 25.04 до 29.04.2022 година продолжи со редовно чистење и одржување на каналската мрежа за наводнување. Покрај редовното чистење беа извршени и неколку санации на дефекти меѓу кои:
На ден 26.04.2022 година заменет е ГС Ф250 на канал Л-9 од ХС „Турија“ со две адаптер спојки Ф250;
На ден 27.04.2022 година извршена е монтажа на СП Ф125/500 и хидрант Ф125 на канал Л-14 и Л-18 од ХС „Турија“. Поправен е главен затварач на канал Л-9 од ХС „Турија“;
На ден 28.04.20222 година поправен е затварач (оштетено вретено) на канал Л-21 од ХС „Турија“;
На ден 29.04.2022 година заменета е цевка Ф800 на ГК Турија делница Сушица-Н. Село со 2 салонитни спојки.
Во периодот од 18.04 до 29.04.2022 година, Подружница Тиквеш продолжи со сите потребни дејствија за редовно одржување и подготовување на објектите и инфраструктурата за наводнување за оваа сезона.
Во горе наведениот период се вршеше кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работеше и на чистење на каналите од нанос, рачно и машински, како што налагаа теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работеше и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Сезоната за наводнување 2022 година е во тек. Пуштена е водата во Заедничкиот магистрален канал и во Левиот магистрален канал до сифон „Макарија“.
Кастрење и чистење нанос на Десен Магистрален Канал „Марена-Тремник“
На ден 18.04.2022 Подружница Прилепско Поле – Прилеп започна со монтажа на вентили, односно оспособување на хидросистемот за сезоната за наводнување 2022 година. Во прилог распоред на каналите кои се веќе оспособени. За термините за монтажа на вентилите, водокорисниците беа информирани преку локалните медиуми. При монтажата на вентилите и оспособувањето на каналите беа констатирани одредени дефекти кои во од беа санирани.Во прилог фотографии од истите.
Во периодот од 18.04.2022 година до 21.04.2022 година вработените во Подружница Кумановско-Липковско Поле – Куманово извршија ископ на 4 Грана, канал 16 и демонтирање и монтирање на азбестен цеф, како и ископ на 6 Грана, канал 5 и заварување на челичен цеф во село Романовце.
Подружница Црн Дрим Охрид привршува со рачно чистење од нанос и вегетација, на планираната должина според годишната програма, на отворените земјени и бетонски канали за наводнување. Во наредниот период се планира да се испрскаат земјените бразди со тотален хербицид (таму кај што има потреба) за да не се обнови тревната вегетација. Ни останува уште предвидената должина со машинско чистење, а во тек се активностите за санирање на дефектите.
Општина Кичево
Рачно исчистени каналите за наводнувањево м.в. Ајројца во Кичевското поле, кои потоа ќе се прскаат со тотален хербицид.
На 20.04.2022 година во просториите на АД Водостопанство на РСМ-Скопје се одржа работен колегиум на кој присуствуваа Главниот извршен директор на АД Водостопанство на РСМ, г.Локман Љимани и раководителите на подружниците.
На колегиумот се разменија информации за текот на работата на подружниците, нивните потреби и барања во насока на подобра координираност во работата на истите, а со цел поуспешно и поефикасно работење.
Подружницата Битолско Поле – Битола во периодот од 18.04.2022 година до 20.04.2022 година изврши чистење на одводни канали во близина на село Олевени и IV-одводен канал. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 3500 метри.
По пуштањето на водата во Главниот Магистрален канал за чистење на истиот канал беше интервенирано рачно за отстранување на отпадот во делот на Градското подрачје на Гостивар
Во периодот од 11.04.2022 до 21.04.2022 година „AД Водостопанство на РСМ“ - Подружница Свети Николе продoлжи со редовното одржување и подготовување на инфраструктурата за наводнување за предстојната наводнителна сезона. Во изминатиот период се работеше на рачно и машинско чистење од нанос и вегетација на земјените канали за наводнување кај полињата планирани за засејување со оризовата култура. Машински е исчистена земјена каналска мрежа за наводнување со должина од 10100 метри, а рачно од околу 1100 метри. Истовремено во подружницата Свети Никола се работи и на отстранување на дефекти на ХМО од претходната година. Во овој период заменети се 3 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф250 во атарот на село Мустафино и 2 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф350 во атарот на село Ерџелија исто така се таботи ми на санација на решетките на главните испусти од десниот магистрален канал.
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 година во месец Апил ( во период од 18.04 – 22.04.2022 година ) исчистени се рачно 420 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Рачно чистење на бетонски канали низ с. Долно Седларце во должина од 420 м ;
Во период од 19.04 до 21.04.2022год.(за три работни денови), рачно се чистеа секундарни и терцијални бетонски канали низ с.Долно Седларце од вегетација и наносен материјал
*Рачно чистење на земјени и бетонски бразди во атарот на с. Долно Седларце
Во перодот од 18.04.2022 година до 26.04.2022 година АД „Водостопанство на РСМ“ -Подружница Берово ги презеде следните активности:
Континуиран надзор врз уредувањето и регулацијата на речното корито на река Брегалница во месноста КО –Град и КО Вирче општина Делчево и контрола врз вадењето и депонирањето на вишокот наносен материјал (чакал,песок камен),
На ден 18.04.2022 година затворен е крак од ХС „Маркова река“ поради замена на вентил Ф50.
На ден 19.04.2022 година е утврден дефект на главен канал Турија, делница Сушица – Ново Село.
На ден 20.04.2022 година поправен е затварач на канал Л-20, а на канал Л-21 потрено е нов затварач од ХС „Турија“.
На ден 21.04.2022 година заменет е скршен ПГС Ф200 В и потрошено е 2бр. адаптер спојки.
Подружница-Брегалница - Кочани во периодот од 18.04.2022 до 21.04.2022 година ги има извршено следниве активности:
Во КО.Кочани на ГК -5 отварање на бент за наводнување
Во период од 01.04.2022 до 18.04.2022 година е работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма се со цел нормално функционирање на каналската мрежа за одводнување на територија на Подружница Скопско Поле- Скопје, машински се исчистени 3870 метри и тоа :
ОПШТИНА ИЛИНДЕН
- Канал А во Општина Илинден со должина од 100 метри.
На ден 04.04.2022 година беше исчистен дел од канал А во Општина Илинден во должина од 100 метри. Каналот беше орастен со вегетација, а се чистеше машински со машина Liebherr 916. Со ова чистење на каналот ќе се обезбеди нормален проток на вода.
Завршување со рачното чистење на Бањичкиот Систем од муљ, вегетација, отпадоци, делници со песок во должина од 11 км. Во тековниот период преостанува оспособување на испусните врати кои се наоѓаат по должина на каналот.
Во периодот од 11.04 до 15.04.2022 година вработените во Подружница Радовишко Поле – Радовиш продолжија со чистење на отворената каналска мрежа. Рачно беа исчистени беа вкупно 2500 метри со што Главниот десен канал е исчистен до крај, а вработените продолжуваат да работат во една група на чистење на Главен Лев канал.
Изминатите седум дена, во периодот од 08-15.04.2022 година, покрај помалите интервенции, во Подружница Кумановско-Липковско Поле - Куманово се направи ископ на 4-та грана во село Матејче и се изврши санација – заварување на челичен цеф Ф-1600.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г.Љупчо Николовски и Главниот извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, г.Локман Љимани, официјално го означија стартот на сезоната за наводнување 2022 година, во Брегалница – Кочани.
Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија веднаш по завршувањето на сезоната за наводнување во 2021 година, се фокусираше на реконструкција на одредени системи како и чистење на каналите за наводнување со цел навремена и успешна сезона за наводнување 2022 година.
„Во моментот вкупната количина на вода во Акумулацијата Калиманци е околу 114 милиони м3, а до почетокот на користењето на нејзиниот капацитет очекуваме таа и да се зголеми. Брана Гратче има акумулирана вода од околу 2 милиони м3. Ова количина на вода е сосема доволна за успешно завршување на сезоната за наводнување 2022 година.
Сакам да напоменам дека со целосна посветеност на вработените во Подружница Брегалница – Кочани рачно и со сопствена механизација беа исчистени повеќе од 200 км земјени канали, а на Десниот магистрален канал беше извршена навремена санација на сите места каде имаше паднати кампади.
На 13ти април започна наводнувањето во Зрновци од Зрновска река (што може да се види од полињата позади нас), вчера, на 15ти април започна наводнувањето во Кочани од Кочанска река и истото ќе продолжи сукцесивно согласно планот за наводнување изготвен од Подружница Брегалница – Кочани. Во понеделник ќе се пушта вода во Гумена преграда на река Брегалница во Катастарска општина Грдовци, на 19ти во Прибачево, на 20ти април во Оризари и така натаму според договорот на водоскорисниците по делници. Очекуваме да бидат наводнети повеќе од четири илјади хектари ориз и околу илјада хектари останати култури од страна на повеќе од 8 илјади водокорисници“, изјави директорот на Водостопанство, г.Локман Љимани.
Тој додаде дека верува дека сезоната за наводнување 2022 година ќе заврши успешно и им посака успешна сеидба на сите земјоделци од Брегалничкиот регион.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г.Љупчо Николовски во својата изјава за медиумите додаде:
„Хидросистемите се подготвени и ги ставаме во функција. Токму од хидросистемот Брегалница каде денеска лично дојдов да извршам увид, ја започнуваме сезоната за предвремено наводнување низ целата територија на државата.
Вработените во Подружница Тиквеш – Кавадарци продолжија со чистење и одржување на каналската мрежа и во периодот од 11.04 до 15.04.2022 година. Се вршеше кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работеше и на чистење на каналите од нанос, рачно и машински, како што налагаа теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работеше и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Започна сезоната за наводнување 2022 година. Пуштена е водата во Заедничкиот магистрален канал и во Левиот магистрален канал до сифон „Макарија“.
Кастрење и чистење нанос на Десен Магистрален Канал „Марена-Тремник“
Подружницата Битолско Поле – Битола во периодот од 11.04.2022 година до 15.04.2022 година изврши чистење на одводни канали во близина на село Крклино и IV-одводен канал,по барање на месното население. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 3800 метри.
Чистење во близина на складиштето на Макпетрол-Општина Битола
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Април ( во период од 11.04 – 15.04.2022 година ) исчистени се машински и рачно 7.500м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Рачно чистење на бетонски канали низ с.Долно Седларце и с. Брвеница во должина од 2.300 м;
Во период од 11.04 до 15.04.2022год., рачно се чистеше секундарни и терцијални бетонски канали од вегетација и наносен материјал .
Во перодот од 11.04.2022 година до 18.04.2022 година АД „Водостопанство на РСМ“, Подружница Берово – Берово продолжи со рачно чистење на Тиролскиот зафат на река Брегалница – чистење на нанос и тревна вегетација како и чистење на шахтите на затворениот систем на Тиролскиот зафат.
Подружница Црн Дрим – Охрид и во периодот од 11.04.2022 до 15.04.2022 година продолжи со рачно чистење и подготовка на каналската мрежа за наводнување, за претстојната сезона, за непречено и навремено да врши испорака на вода до сите земјоделски површини кои ќе се наводнуваат.
Општина Дебарца
С.Велмеј – рачно исчистена браздата од нанос и вегетација, во место викано Трнослива
Општина Кичево
Во место викано Калани (ореов ризманов), КО Карбуница, поради дефект на главен канал за наводнување (цевковод-азбесно цементни цевки), се направи машински ископ на длабочина од околу 2 метри, за да се види за каков дефект точно се работи. Дефектот ќе биде саниран во најкраток можен рок.
Денес, Главниот извршен директор на Водостопанство, г.Локман Љимани беше во работна посета на Подружница Кумановско-Липковско Поле – Куманово. Раководителот на подружницата, г.Оливер Илиевски го запозна со текот на работата на подружницата, а разговараа и за проблемите околу наводнувањето. На работната посета се анализираше и потребата од интервенција на браните Липково и Глажња.
АД „Водостопанство на РСМ“, Подружница Брегалница - Кочани во периодот од 11-15.04.2022 година продолжи со извршување на следниве активности:
Чистење околу гумената преграда кај с.Грдовци од вегетација и нанос
Главниот извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“-Скопје, г.Локман Љимани ги посети Подружниците во Тиквеш-Кавадарци и Струмичко Поле во Струмица и изврши увид во последните подготовки пред официјалното започнување на сезоната за наводнување на 15 април.
Во периодот од 01.04.2022 до 11.04.2022 година AД Водостопанство на РСМ Подружница Свети Николе продoлжи со редовното одржување и подготовување на инфраструктурата за наводнување за предстојната наводнителна сезона. Во изминатиот период се работеше на рачно и машинско чистење од нанос и вегетација на земјените канали за наводнување кај полињата планирани за засејување со оризовата култура. Машински е исчистена земјена каналска мрежа за наводнување со должина од 5200 метри, а рачно од околу 1000 метри. Истовремено во подружницата Свети Никола се работи и на отстранување на дефекти на ХМО од претходната година. Во овој период заменети се 2 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф250 во аватарот на село Црнилиште исто така во атарот на село Мустафино се сервисирани 3 вентила, во атарот на село Црнилиште 2 вентила и 1 вентил во атарот на село Крупиште.
Во периодот од 04.04.2022 до 08.04.2022 година, вработените во Подружница Радовишко Поле - Радовиш продолжија со чистењето на отворените канали. На Десен главен канал вклучени беа четири работници кои исчистија вкупно 1300м, а на Лев главен канал работеа тројца работници кои исчистија 900м. За горе наведениот период вкупно беа исчистени 2200 метри отворена каналска мрежа.
Во овој период од страна на вработените во Подружница Кумановско – Липковско Поле извршена е санација (заварување) на челичен цев Ф-710 со претходно направен ископ со багер, на место викано Василева Чешма на 4-та грана на систем за наводнување.
На 11.04.2022 година, согласно договорот помеѓу Подружница „Скопско поле“ – Скопје и Општина Ѓорче Петров, денес, Подружницата започна со активности за расчистување на постоечката каналска мрежа во делот на Стопански Двор кон Ново Село за одводнување на површинските води.
Подружницата Битолско Поле – Битола во периодот од 04.04.2022 година до 08.04.2022 година изврши чистење на одводни канали во близина на село Карамани, Породин и IV-одводен канал,по барање на месното население. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 2700 метри.
Чистење во близина на с.Карамани-Општина Битола
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 година во месец Март ( во период од 04.04 – 09.04.2022 година ) исчистени се машински и рачно 4.300м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Рачно чистење на бетонски канали низ с.Фалише во должина од 400 м;
Во период од 04.04 до 05.04.2022година, рачно се чистеа секундарни и терцијални бетонски канали од вегетација и наносен материјал .
Започна сезоната за наводнување 2022 година. Во подружница Тиквеш, пуштена е водата во Заедничкиот магистрален канал и во Левиот магистрален канал до сифон „Макарија“.
Во периодот од 04 - 08.04.2022 година во рамки на работата на подружницата продолжија работните активности за редовно одржување и подготовка на објектите за наводнување.
Се вршеше кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работеше и на чистење на каналите од нанос, рачно и машински, како што налагаа теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работеше и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Кастрење и чистење нанос на Десен Магистрален Канал „Марена-Тремник“
На ден 11.04.2022 извршено е рачно подбивање на цефка и машинско затрупување на канал Д-7 од ХС „Турија“
На ден 12 и 13.04.2022 извршено е машински и рачен ископ и насип од 10м за замена на дихтунг на фланша од доводен цевковод Ф-500 од ХС „Маркова река“.
На ден 11-15.04.2022 се врши чистење на Иловичка река. Пуштање на вода во ХС „Маркова река“.
На ден 15.04.2022 извршена е поправка на среден затварач на канал Л-9 на ХС „Турија“
-Кај главниот десен магистрален канал во КО.Соколарци извршена е обиколка и направен увид на состојбата на каналската мрежа при што се лоцирани низа оштетувања има паднато кампади така што се санираат рачно и машински со багер LIEBHERR.
Рачно чистење на таложниците од Магистралниот канал Здуње Пирок т.н. Галатска таложница и Добридолска таложница- Општина Врапчиште
Санација на дефект на Главен Десен Канал АЦЦ цевка Ф 600
Во периодот од 28.03.2022 до 01.04.2022 година продолжи теренската работа на вработените во Подружница Радовишко Поле. Последната недела од месец март се искористи за рачно чистење на отворената каналска мрежа и при тоа беа исчистени: На Десен главен канал вкупно 1240 метри и на Лев главен канал исчистени вкупно 850 метри.