АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Подружница Црн Дрим – Охрид

Подружница Црн Дрим – Охрид го опфаќа Југозападниот дел на Република Македонија и управува и стопанисува со хидросистемите во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар, Центар Жупа, Кичево, Пласница и Ресен. Подружницата е со седиште на адреса ул. Живко Чинго бр 8 – Охрид.

Наводнувањето на површините во Охридскиот реон се врши преку следните хидросистеми:

1.ХМС со природни водотеци и реки

 -ХМС Лескоец
 -ХМС Косел – Лакочереј
 -ХМС Велмеј
 -ХМС Лешани
 -ХМС Сатеска ( Волино, Мешеишта)


2.Систем со испумпавање на вода

 -ХМС Љубаништа

3.Систем за наводнување со вештачка акумулација

 -ХМС Слатино

 

ХМС СО ПРИРОДНИ ВОДОТЕЦИ И РЕКИ

ХМС Лескоец – Водите за наводнување кај овој систем се зафќаат со Тиролски Зафат на Скребатска река. Овој систем е комбиниран со цевковод, отворени бетонски и земјени канали. Должината на каналската мрежа е 8 км од кои една третина е цевковод, една третина е бетонски канали и една третина земјени канали.

 

1.leskoec

Систем за наводнување на Скребатска река с. Лескоец - Охридско

ХМС Косел – Лакочереј е систем комбиниран со цевковод, отворени бетонски и земјени канали. Должината на каналската мрежа изнесува 8 км. Овој систем се снабдува со вода од Коселска река која има сливно подрачје од 193.3 км2 и должина од 29 км.

ХМС Велмеј и ХМС Лешани се системи комбинирани од цевковод и земјени канали и дел отворен бетонски канал кој минува низ село Лешани. Водата за наводнување се користи од изворите Горни Исток, Злестовските извори, и изворот Бигрењци. Должината на ХМС Велмеј изнесува 4.5 км додека ХМС Лешани изнесува 5 км.

ХМС Сатеска е систем за наводнување кој ги покрива селата Мешеишта, Волино и Климештани. Должината на каналската мрежа изнесува 36км претежно земјени канали. Водата во системот се користи од река Сатеска која има сливно подрачје од 411.47 км2 со речна мрежа од 117 км.

 Разделна станица на р. Сатеска – с.Волино

СИСТЕМ СО ИСПУМПУВАЊЕ НА ВОДАТА

Водата за наводнување кај овој систем се користи по пат на испумпување. Водата се користи од изворите кај Св. Наум со пумпна станица се исфрла водата во височина од 15 метри и потоа наводнувањето се врши по гравитационен пат.Целокупната каналска мрежа кај овој систем е обложена со бетонска облога.

 

СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ СО ВЕШТАЧКА АКУМУЛАЦИЈА

Вештачката акомулација Слатино изградена е во 1961 год. на Мраморечка река. Изградена е брана висока 15 м а широка 70 м. Браната е од земјен тип со преливен орган и испусни објекти. Покрај браната изградени се два главни канали делумно поплочени во должина од 20 км. Оваа акумулација има капацитет за наводнување на 655 ха. Моментално акумулацијата е испразнета поради напукнувањето на браната во 2013 год. и се работи на нејзина санација од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Брана на Слатинско Езеро

Подружница Црн Дрим – Охрид во Струшкиот реон покрај системот за наводнување располага и со систем за одводнување. Исто така има и две пумпни станици од кои едната е во с. Ложани а другата во с. Шум.

Пумпна станица во с. Ложани – Струшко

Пумпна станица во с. Шум – Струшко

 Каналската мрежа во Кичевскиот реон изнесува 15 км претежно затворен систем. Оваа каналска мрежа функционира преку ХМС Бигор Доленци и ХМС Србјани. Главен извор за наводнување е река Треска која има должина од 138 км и сливна површина од 2.068 км2 како и останатите реки од овој реон

Систем за наводнување на река Треска – Кичево

Каналската мрежа за наводнување во Дебарскиот реон изнесува 16 км од кои 11 км е од затворен тип – цевковод. Од природните водотеци за наводнување се користи водата на реката Радика како и на помалите реки кои се наоѓаат во тој дел. Од вештачките акумулации за наводнување се користи акумулација Шпиње со испумпување на водата.. Браната е земјенонасипна, изградена во 1969 година и е лоцирана непосредно до македонско албанската граница 6 км западно од Дебар. Височината на браната изнесува 101 м, има должина од 330 м и широчина од 10 м. Вкупната должина на езерото изнесува 22 км, акумулира 520 милиони м3 вода.

 

Дебарско Езеро – Акумулација Шпиље

Каналската мрежа за наводнување во Преспанскиот реон е поделена на Систем А1-А2 и Систем Б1-Б2 претежно бетонирани канали. Дел од наводнувањето се врши со испумпување на водата од Преспанското езеро.

Систем за наводнување во преспанскиот реон