Подружница Брегалница Кочани
ХИДРОМЕЛИОРАТИВНИОТ СИСТЕМ БРЕГАЛНИЦА
Основната дејност на Подружница Брегалница Кочани е користење, функционирање, одржување и контрола на системите за водоснабдување на подрачјето на дејствување, снабдување со вода за наводнување на земјоделско земјиште, снабдување со вода на комунални претпријатија за водоснабдување, за водоснабдување со вода за консумирање од страна на човекот (вода за пиење и други потреби), снабдување со вода за индустриски и технолошки (стопански) потреби вклучувајќи го и снабдувањето со вода за производство на електрична енергија и одводнување на земјиште.
ОПШТИ ПОДАТОЦИ
Хидромелиоративниот систем Брегалница покрива нето од 28.000 ха обработлива површина и се наоѓа во сливот на река Брегалница. Сливот на река Брегалница има површина од 4300 км2 и го зафаќа источниот дел на Република Македонија, односно 16,75 % од нејзината вкупна површина. Сливот се протега од левата страна на реката Вардар со граници и тоа од исток со државната граница со Р Бугарија, каде влегуваат вододелните гребени на Влаинска и Осоговските планини, чии врвови се коти од 1200 до 1800 метри, од север со гребените на Осоговските планини и врвовите на ридиштата на страните на Овче поле, со кои оваа вододелница го одвојува сливот на река Брегалница од сливот на реката Пчиња, и од југ со врвовите на планината Плачковица со 1200 до 1625 метри надморска висина.
ПОВРШИНА НА ХМС БРЕГАЛНИЦА
Вкупната површина во Брегалничкиот слив, низводно од селото Истибање, која е погодна за наводнување изнесува бруто 53.056 ха или нето 49.302 ха. Во границите на Брегалничкиот систем опфатена е површина од 34.160 ха од која 4.368 ха припаѓа на Ежево брдо, коритото на река Брегалница, селата, магистралниот пат Кочани - Велес и друго. Бруто површината во системот за наводнување изнесува 29.792 ха бруто односно 28.111 ха нето површина.
ОСНОВНИ ХИДРОЛОШКИ ЕЛЕМЕНТИ
Хидромелиоративниот систем Брегалница го решава проблемот со наводнувањето, одводнувањето, спречувањето на ерозии и регулација на речните корита во средниот и долниот тек на сливот на реката Брегалница. Покрај водата од реката Брегалница во вегетативниот период се користат и проточните води од реките Оризарска, Кочанска и Злетовска.
Хидромелиоративниот систем Брегалница се состои од:
-Браната Калиманци
-Захватот Истибање
-Десниот магистрален канал
-Левиот магистрален канал
-Деталната каналска мрежа за наводнување
БРАНА КАЛИМАНЦИ
Браната Калиманци е изградена на реката Брегалница во Делчевско-Кочанската клисура на околу 23 км североисточно од Кочани кон Каменица. Во неа се акумулираат водите од реките Брегалница и Каменичка река. Браната Калиманци е камено насипна брана со глинено јадро.
Основни параметри на браната се:
-Висината е 92 метри,
-Должината на круната е 232 метри,
-Кота на круната на браната изнесува 519,5 м.н.м,
На низводниот дел од браната е изградена хидроелектрана во која акумулираните води се користат за производство на електрична енергија кој работи под режимот на наводнување. Нејзината инсталирана моќ е 12,8 MW.
ЗАХВАТ ИСТИБАЊА
Од браната Калиманци водата тече околу 15 км по коритото на реката Брегалница се до захватот Истибања. Захватот е бетонска гравитациона брана со висина од 8 м (слики 4, 5, 6). На двете страни на захватот се наоѓаат таблести челични затварачи, кои всушност претставуваат почеток на Десниот и Левиот магистрален канал на системот за наводнување.
ГЛАВНИ КАНАЛИ
Десниот и Левиот магистрален канал се проектирани и изградени да овозможуваат по најкраток пат да се донесе водата од захватот до крајните точки од полето за наводнување. Максималниот проток на водата во десниот магистрален канал е 12,8 м3/с, а на левиот магистрален канал е 6,0 м3/с. Од вкупно 28.111 ха нето површина зафатена со системот, од десниот магистрален канал треба да се наводнуваат вкупно 22.252 ха, а од левиот магистрален канал треба да се наводнуваат 3.047 ха.
Специфичните теренски услови, како и климатските, педолошките и топографските услови, присуството на оризот како основна култура, условиле различно третирање на каналската мрежа во однос на начинот на наводнување. Уште во самиот почеток се издвоени два типа на каналска мрежа за наводнување и тоа:
-Мрежа од отворени канали за наводнување на оризовите површини и
-Мрежа од отворени или цевни водови за наводнување на останатите култури.
Секундарната и терцијалната мрежа во Кочанско поле е отворена каналска мрежа која ја сочинуваат каналети и земјени канали со вкупна должина од 680 км и приближно 800 ха земјоделско површини да се наводнуваат со 19,3 км цевководи.
За создавање на притисок во мрежата за наводнување со вештачки дожд на подсистемите Овче Поле III, IV и V и на Штипско поле на левата страна од река Брегалница изградени се 8 пумпни станици.
На река Брегалница на делот од Истибања до Штип се израдени три гумени брани и тоа:
-Гумената брана Грдовци, која се наоѓа изнад мостот на патот за Зрновци во река Брегалница.
-Гумената брана Чифлик, која се наоѓа изнад село Чифлик во река Брегалница.
-Гумената брана Карбинци, која се наоѓа изнад село Балван во река Брегалница.
БРАНА ГРАТЧЕ
Покрај наведените објекти, во системот е и браната Гратче изградена на Кочанска река на 5 км северно од Кочани.
Акумулација е со должина од 2,1 км, ширина од 0,35 км, површина од 0,19 км2,
Запремина на акумулација до кота на максимално ниво од 2.400.000 м3 вода
Запремина на акумулација до кота на нормално ниво од 2.150.000 м3 вода .
Водата од браната се користи за наводнување на земјоделските површини во Кочанско поле, Горни Подлог, Долни Подлог, Мојанци и Облешево.
БРАНА МАВРОВИЦА
Покрај наведените објекти, Подружница Брегалница Кочани управува и со брана Мавровица.
Насипната брана „Мавровица” е изградена на река Мавровица на околу 7 км возводно од Свети Николе. Браната е изградена со цел да се создаде акумулација за водоснабдување на Свети Николе.
Браната “Мавровица” е изведена од еднороден материјал - глина, со кос дренажен ѕид.
-Браната е висока 25 м,
-Должина на круната 360 м
-Ширина на круната 6 м
БРАНА ПИШИЦА
Подружница Брегалница Кочани управува и со брана Пишица (слика 19). Браната Пишица е со капацитет од 780.000 м3 и е наменета за снабдување со вода за наводнување на земјоделските површини од десната страна на река Злетовска во атарите на селата Гујновци, Пишица и Жиганци. Вишокот на вода се испушта во Злетовска река.
Основни елементи на браната:
Висина на браната од речна тераса е 22 м
Должнина на круната 319 м
Ширина на круната 6 м
РЕГУЛАЦИЈА НА РЕКИТЕ И ОДВОДНУВАЊЕ
На целиот систем мал е процентот на површини со високи подземни води, кои мораат да се одводнат. Такви површини постојат во подсистемот Овче Поле III, покрај реката Азмак и Немашница. Затоа е извршена регулација на коритото на реката Азмак и вливната делница на реката Немашница, Виничка и Градечка и Злетовска река.
СНАБДУВАЊЕ СО ВОДА ЗА ИНДУСТРИСКИ И ТЕХНОЛОШКИ ПОТРЕБИ
Подружница Брегалница Кочани врши снабдување со вода за индустриски и технолошки (стопански) потреби на следниве индустрикси капацитети:
-РУЕН ИНОКС АУТОМОБИЛЕ ДОО
-ДИД Табернакул Цветан ДОО и др. увоз-извоз
-ПЕЈПАР МИЛ ДОО КОЧАНИ