Подружница Јужен Вардар – Гевгелија
Краток опис на дејноста на хидросистем на АД Водостопанство Подружница Јужен Вардар Гевгелија
Подрачјето на дејствување на АД Водостопанствона РМ, Подружница Јужен Вардар Гевгелија е географско подрачје кое опфаЌа површини и корисници од општините: Гевгелија, Богданци и Валандово.
Во Водостопанство Јужен Вардар Гевгелија основна дејност е наводнувањето, а истото се спроведува согласно годишниот план за одржување и експлатација на хидромелиоративнитесистеми.
Наводнувањето во Водостопанство Јужен Вардар Гевгелија е организирано преку хидромелиоративните системи и тоа:
1. ХМС Конскарека
2. ХМС Паљурци
3. ХМС Валандово
Водата за наводнување се обезбедува од повеќе извори:
- природни водотеци: Конска река
- со зафаќање на водите од реката Вардар со пумпање.
- акумулација: Паљурци.
ХМС Гевгелиско Поле
Овој ХМС е предвиден водата за наводнување да се обезбедува од повеќе извори:
- природни водотеци со зафаќање преку тиролски зафат, а потоа преку отворени и земјени канали се доведува до површините за наводнување.
- со зафаќање на водите од реката Вардар со пумпање.
- малите акумулации: Богородица, Топлик, Топлик Дос.
Во моментот наводнувањето се обавува единствено преку ХМС Конска река 1 изграден 1958 год.со зафаќање на водата од Конска река преку тиролски зафат Сифулајка и по гравитационен пат се влива во доводен и отука во главниот канал со капацитет од 330 л/сек.
ХМС Паљурци
Во склоп на ХМС Паљурци се браната Паљурци година на изградба 1977 год. со вкупен волумен на акумулацијата од 3 500 000 м3 на реката Луда Мара и подземна мрежа за наводнување од различни профили и материјали на цефковод за околу 850 ха површина која реално не е можно да се наводнува. Резервна акумулација Чинарли е нефункционална од 2004 год.
Овој ХМС наводнува површина во атарот на Богданци, Стојаково и Ѓавото.
ХМС Удово-Валандовско Поле
Извориште на вода за наводнување на овој ХМС е р. Вардар. За таа цел е изграден зафат од каде преку доводен покриен канал од 300м, водата се носи до пумпна станица Удово. Водата од пумпната станица се пумпа во главниот бетонски канал со должина 10км и капацитетод 2500л/с.
Во состав на ХМС Удово-Валандовско поле се следните објекти:
-зафатен објект со доводен покриен каналод 300м
-главна ПС Удово
-главен бетонски каналод 10 км
-8 секундарни пумпни станици
-разводна и делнична мрежа од 181 км
Во зависност од начинот на доведување на водата ХМС Удово-Валандовско поле е поделен од три подсистеми:
-Подсистем Удово 1
-Подсистем Удово 2
-Подсистем Валандовско поле
-Подсистем Аразлика
-Подсистем Чапарица