АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
Подружница Полог Гостивар

Краток опис на дејноста на ХМС на АД Водостопанство на РМ-Скопје,Подружница Полог Гостивар

Подрачјето на дејствување на АД Водостопанство на РМ-Скопје,Подружница Полог Гостивар е географско подрачје кое опфаќа површини и корисници во атарите на општините Гостивар и Врапчиште, како и површините на земјоделско земјиште во атарите на општините Тетово, Брвеница, Желино, Теарце и Јегуновце.

Во Подружница Полог Гостивар ,основна дејност е наводнувањето на земјоделски површини,а дополнителни дејности се : менаџирањесо речните корита, контрола на исрпување на речен песок и чакал, пратење на свлечиштата и др.

Наводнувањето во Подружница Полог Гостивар е организирано преку Магистралните канали :

-,,Здуње-Пирок’’со зафат на вода од река Вардар со капацитет 4,1/сек. и должина на каналот од 15км,

-,,Радиовце –Бистрица’’ со зафат на вода од реката Вардар со капацитет 7,8/сек. и должина на каналот од 25км и

-Таканаречените ,,Стари системи’’ , кои користат вода за наводнување од масивот на Шар Планина.

Акумулација во с.Вратница, општина Јегуновце, која се користи за наводнување на земјоделско земјиште од кое поголемиот дел се лозови насади, и

Мала акумулација на Шар Планина во с.Горјане, општина Врапчиште, која се користи за наводнување на земјоделските површини во село Градец.

 polog1 fit 316x249

Зафат на река Вардар во с.Здуње- Гостивар, со капацитет од 4.1 м3/с,тип:тиролски;

Дел од Магистралниот канал,,Здуње-Пирок’’ , чија должина е 14,860 км.

Зафат на река Вардар во село Радиовце-Брвеница,со капацитет од 7.8 м3/с, со бетонска брана на река Вардар.

Акумулација ,,Вратничко езеро’’ во с.Вратница-општина Јегуновце која се користи за наводнување на лозја,а претежно се користи за спорт и рекреација,посебно за риболов,со капацитет од 410 000 м3 вода.

Мини акумулација ,,Ловка’’село Горјане-Врапчиште,за наводнување на земјоделско земјиште во атарот на село Градец,со капацитет од 113 592 м3 вода.
Акумулаијата има две мали брани.

Среден канал Плинара Врапчиште

Објектот на Подружница Полог Гостивар,кој е лоциран на ул.ЈНА,бр.139.