Фото/Видео
Увид на брана
Во тек е редовно чистење на каналската мрежа за наводнување во с.Јачинце во Куманово од страна на работниците во АД „Водостопанство на РСМ“, Подружница Кумановско Липковско поле – Куманово.
05.04.2021 год.Машинско чистење на дел од главната бразда во населба Млаки-о.Гостивар.
Чистење и отварање на речното корито на река Топлишница,во атарот на с.Галате-Општина Врапчиште во должина од 700 метри.
Машинско чистење на секундарен канал во атар на с.Форино,општина Гостивар во должина од 400 м.
Подружница Битолско Поле -Битола
Во изминатиот период Подружницата Кумановско-Липковско поле изврши чистење на речното корито во с.Пчиња, а исто така беа санирани и дефектите на самиот цевковод.
Поради големото ниво на водата беше извршено посипување со камења на критичните точки во овој реон со цел да се спречи излевање на реката.
Во период од 14.12.2018 до 11.02.2019 година Подружница Скопско Поле - Скопје имаше активности за чистење на каналската мрежа за одводнување. Во Општина Илинден с.Миладиновци се вршеше машинско чистење на Сува река во должина од 1.750 метри, а во Општинна Гази Баба чистење на каналот покрај гробиштата во с.Јурумлери во должина од 50 метри.
Во изминатиот период во Подружницата Полог - Гостивар беше извршено машинско чистење на магистралниот канал Здуље-Пирок, при што е отстранета шумската вегетација и отпадниот материјал.
АД Водостопанство на РМ - Подружница Берово ги реализираше следниве активности:
1. Утврдување и санација на сите настанати дефекти во изминатиот период.
2. Следење на состојбата со водата во речните корита за да не дојде до излевање на истите, поради обилните врнежи и топењето на снегот.
3. Поведување на постапка за откриените диви приклучоци од испусните вентили на доводниот цевковод.
Подружницата Црн-Дрим, Охрид изврши чистење на Мороишки канал, кое се реализирање во период од 21.11-24.11.2018 година.