Подружница ,,Свети Николе’’ и во месец април продолжи со редовно одржување на каналската мрежа со цел навремено и непречено обезбедување на вода до земјоделските површини. Продолжи припремата на полињата планирани за засејување со оризова култура, машински се исчистени од нанос и вегетација земјените канали и земјените вади во КО Жиганци, на непристапните места чистењето се изврши рачно.
Истовремено се работи и на отстранување дефекти во атарот на КО Врсаково како демонтажа на врата на отворен канал, подмачкување вентили, замена на хидрански глави, бетонирање завршни линии и скршени цевки.
Mаркирање на скршени ПГС и подмачкување на шибер вентили во КО Црнилиште и КО Пеширово, како и бетонирање шахта во Три Чешми и бетонирање ПГС во КО Коселери.
Во прилог фотографии од работа на терен: