Во периодот од 04.07 до 11.07.2022 година вработените во АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница Берово – Берово работеа на санација на дефект во месноста Брдославица во Берово. Вработените исто така ги чистеа шахтите од тревна вегетација ХМС –Малешевско поле.
Паралелно со работата за чистење на шахтите работеа и на санација на бентовите во с. Тработивиште - Делчево за да се зголеми протокот на водата во отворените канали бидејќи беше намален протокот на вода и немаше доволно количина за потребите на водокорисниците за наводнување.