Во периодот од 11-18.07.2022 година вработените во АД „Водостопанство на РСМ“–Подружница Берово-Берово работеа на чистење од тревна вегетација на разделната шахта од десен магистрален вод ХМС –Малешевско поле, поради непречен пристап до вентилите за пуштање и запирање на вода во системот.
Паралелно со работата за чистење на шахтите вработените работеа и на отколонување на дефект со целосно санирање на азбесно цементната цевка Ф 125 со репарациона спојка.