АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Основна дејност на Подружницата Скопско Поле, Скопје е континуирано одржување и чистење на каналите од Системот за одводнување како не би дошло до поплави на земјоделските површини како и на станбените и индустриски објекти на територијата на Општините Гази Баба, Илинден и Петровец, Во склоп на системот се одржуваат и две Пумпни станици, како и три системи за наводнување на територијата на Општините Карпош и Ѓорче Петров како и една брана Бучинци.

Хидромелиоративниот систем за одводнување Скопско Поле е изграден во периодот од 1959-1965 година и опфаќа вкупно површина од 6600 хектари од скопската котлина, во атарот на Општините Гази Баба, Илинден и Петровец.

По хидротехничка концепција ХМС го сочинуваат два потсистеми : Долна зона на површина од 2100 ха и Горна зона на површина од 4500 ха.

Ободен канал

skopsko1 fit 332x249skopsko2 fit 332x249

Главен канал

 skopsko3 fit 332x249skopsko4 fit 334x250

Потсистемот Горна зона се одводнува гравитационо преку собирни канали, секундарна и терцијална мрежа и Главен канал-Горна зона кој се влева во Ободниот канал, а потсистемот Долна зона со испумпување на одводните води, доведени преку собирните канали (секундарна и терцијална мрежа) и Главен канал-Долна зона до пумпната станица Таор, кои се уфрлаат во реката Вардар.

 

Чистење на канали за одводнување

skopsko5 fit 334x250skopsko6 fit 333x250skopsko7 fit 334x250

Пумпна станица Таор

Брдските води на површина од 25.000 ха од десетина порои се прифаќаат од Ободниот канал кој е со должина од 27 км и се влеваат во реката Вардар кај месноста Таор.

За поефикасно одведување на водите од Главниот канал-Горна зона во Ободниот канал повремено се користи Пумпната станица кај месноста Белви
Во надлежност на Подружницата Скопско Поле-Скопје постојат и три системи за наводнување Бардовци-Злокуќани со површина од околу 60 ха, Орман-Волково со површина од околу 115 ха, и Ново Село со површина од околу 59 ха обработлива површина .

Овие системи функционираат со зафати на реката Лепенец. Секоја година на почетокот на сезоната за наводнување се чистат земјените главни канали и разграноците од земјени бразди.

Скопско Поле стопанисува и со земјано насипна брана на Бујковска река, во близина на с.Бучинци со капацитет од 256800 м3. Нејзината намена е наводнување на подрачјето помеѓу селата Бујковци и Миладиновци.

 

Брана Бучинци

skopsko9 fit 334x250skopsko10 fit 334x250

 

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.