АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Сакаме да ја информираме јавноста во врска со спроведената постапка за јавна набавка, Оглас бр.16299/2023 за Набавка на резервни делови потребни за одржување на основните водостопански објекти за наводнување и одводнување со кои управува АД„Водостопанство на на РСМ“-Скопје, а за која јавноста не беше во целост информирана, односно беше дезинформирана и манипулирана.
Свесни за дотраеноста на мрежата за наводнување и одговорни за обезбедување на вода до крајните корисници, набавката на резервните делови е тендер кој е од суштинско значење за работата на Водостопанство.
Во изминатите години како претпријатие сме се соочиле со многубројни дефекти на каналската мрежа и поради тие причини оваа година Акционерското друштво внимателно ја подготвуваше техничката спецификација за набавка на резервните делови, со посебен осврт на типот, на квалитетот, на материјалот од кој се направени, гаранцијата и останати детали кои се од значење за издржливост, економска исплатливост и долготрајност на резервните делови.
По обезбедување на средства од Програмата за Водостопанство на МЗШВ за 2023 година, акционерското друштво направи истражување на пазарот во Република Северна Македонија и утврди дека има повеќе економски оператори кои се конкурентни на пазарот и кои можат да ги задоволат барањата за потребите на Водостопанство.
Пред да се објави Огласот за јавната набавка беше спроведен и технички дијалог во кој друштвото ги објасни своите потреби и одговори на сите поставени прашања од Економските оператори.
По објавувањето на огласот за јавна набавка, во постапката на евалуација, врз основа на проверка на приложените технички понуди, комисијата заклучи дека од вкупно четири понуди, понудите на два економски оператори не се во согласност со дефинираните технички карактеристики на предметот на јавна набавка, барањата и условите од техничките спецификации, како и во однос на условите за извршување или функционални карактеристики на предметот на јавна набавка наведени во тендерската документација и со тоа нивните понуди нема да се разгледуваат во понатамошната постапка на евалуација на понудите. Од останатите две понуди беше избран понудувач врз основа на критериумот за доделување на јавна набавка, а тоа е економски најповолна понуда врз основа на цената.
По спроведената постапка за јавна набавка и Одлуката за избор на најповолен понудувач, против истата од страна на еден од економските оператори беше вложена Жалба која Државната комисија за жалби по јавни набавки ја ОДБИ ПОРАДИ НЕОСНОВАНОСТ.
„Државната комисија одлучи да не ја усвои жалбата и да ја потврди Одлуката за избор на најповолна понуда бр.0507-2078/14 од 13.11.2023 година, донесена по Оглас за јавна набавка со отворена постапка бр.16299/2023 за набавка на стоки-Набавка на резервни делови потребни за одржување на основните водостопански објекти за наводнување и одводнување со кои управува АД Водостопанство на Република Северна Македонија во државна сопственост, Скопје на договорниот орган Акционерско друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје“, се наведува во Решението.
Целото решение за одбивање на жалбата поради неоснованост може да се види на веб страната на Државната комисија за жалби по јавни набавки, второстепен орган кој одлучува по жалбите за јавни набавки.

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.