До месец март од страна на вработените во Подружница Црн Дрим-Охрид, се работеше на чистење и одржување на каналската мрежа за одводнување. Во овој период се изведуваат активности на каналската мрежа за наводнување.
Наводнување
Подружница Црн Дрим Охрид, ја пушти водата во приоритетните канали за наводнување, а воедно и привршува со рачното чистење и отстранување на дефекти кои тековно се јавуваат со самото пуштање на водата.
Општина Охрид, с.Косел
Чистење од нанос и разно ѓубриште, на дел од речното корито на Коселска река, кај куќите во селото, и негово отстранување.
Општина Дебарца
С. Мешеишта
Рачно чистење на каналот меѓу куќите во м.в.Салорешје
Прочистување и ослободување на сите мостови и прелази со цевки и во м.в. Салорешје, и отстранување на наносот.
Општина Кичево
Пуштена е мала вода во цевководот, за садење на зелките како и заради детектирање и санирање на дефектите на каналите, како и проверка на исправноста на шиберите и вентилите.