На ден 19.06.2023 извршен е машински ископ за утврдување на дефект на доводен цевковод ПЕ Ф500 од ХС „Маркова река“, пукнат електрофазионер вар на цевка. Извршено е затварање на саниран дефект на канал Л28, како и транспорт на багер на канал Л29 за откривање на затрупани хидранти и нивно функционирање. 
 На ден 21.06.2023 извршено е фланширање на хидранти 4 бр. на канал Л29 од ХС „Турија“. 
 На ден 22.06.2023 извршено е празнење на вода од ГК Турија за замена на цевка Ф800.
 На ден 23.06.2023 извршен е машински ископ за замена на пукната цевка Ф800 на ГК Турија со нова.









