Подружница Црн Дрим - Охрид, врши редовно одржување, чистење и санација на каналската мрежа за наводнување (отворена и затворена), со цел навремено и непречено обезбедување на вода до земјоделските површини, за претстојната 2024 година.
Кичево
Санација на дефект на цевководот (рушена ПВЦ-цефка Ф160), во м.в. Косеница
Машинско чистење на отворен земјен канал во м.в. Катаница, од разводните шахти во селото, до раскрсницата, во должина од околу 1,3км.
С.Косел, Охрид
Изработка и поставување на метална затварачница (порта), на главниот зафат на река Коселска, во село, после преливникот.