АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Подружница Црн Дрим-Охрид, продолжува со редовно одржување, чистење и санација на каналската мрежа за наводнување (отворена и затворена), со цел навремено и непречено обезбедување на вода до земјоделските површини, за претстојната 2024 година.
С.Косел
Рачно и машински се исчисти каналот Лоиште, од зафатот на река Коселска, над игралиштето и во поле до цевката, со вкупна должина од околу 1,5 км.
На каналот Рвеник рачно се работеше на неколку позиции:
- Рачно чистење и отстранување на пропаднат и скршен бетонски прелаз меѓу куќите во селото кој го попречуваше нормалниот проток на водата. Со помош на трактор соодветно беше изнесен градежниот шут и наносот од самиот канал.
- Чистење и пробивање на шахтите и цевките покрај патот, рачно и со црево под притисок, од истиот канал Рвеник, наспроти училиштето.
- Рачно чистење и со тракторот отстранување на нанос, шут и вегетација на каналот Рвеник, од зафатот на Коселска река, како и покрај патот.

 

С.Велмеј

Рачно чистење и косење на вегетација, на каналите за наводнување во атарот на село Велмеј

Кичево

Рачно се исчистија каналите за наводнување во србјански реон, од Калани према Срачка.