Во подружница Тиквеш – Кавадарци се вршат последните подготовки и на поголемиот дел од системот веќе е пуштена водата во каналите и во делничните линии.
Истовремено со пуштањето на водата, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа.
Започна сезоната за наводнување 2022 година. Пуштена е водата во Заедничкиот магистрален канал во Десниот магистрален канал и во Левиот магистрален канал до сифон „Макарија“, како и во групниот канал ГК-2.
Санација на аквадукти на ДМК пред сифон „Марена“
Пуштање на водата во Десен Магистрален Канал „Љубаш-Марена-Тремник“
Пуштање на водата во ГК2
Монтажа на решетка на влез во сифон Оризарски
Санација на сифон Љубашки
Санација на дефект на ГК1
Санација на дефекти на систем Сопот