Подружница Црн Дрим-Охрид, почна со зафаќање и пуштање на водата за наводнување, а со тоа и отстранување на дефектите кои тековно се јавуваат со самото пуштање на водата. Продолжува рачното чистење на каналите на места кај што има застој на вода како и санирање на тековни дефекти на застарениот цевководот во кичевското поле. Инаку наводнувањето е претежно гравитационо, по отворени земјени канали.
Општина Дебарца
Рачно чистење (со тример,сор) на отворен земјен канал, помеѓу куќите во м.в.Пелјар
Општина Кичево
Санирање на дефекти
Отстранет кородиран и искршен вентил и поставен друг со нови шрафови во м.в. Ајројца
Саниран дефект на цевководот во м.в. Ајројца, Голем Брег, после старо стопанско.
Сопрена е водата на главниот зафат во Другово, и означено е на повеќе места дека се работи за дефект.
Направен е ископ на длабочина од околу два метри за да се види за каков дефект станува збор. Се работи за дефект, избиена (истрошена и изабена) гумицата на спојката (прстенот) на азбестно-цементна цевка со димензии Ф500.
Извршена санација на дефектот со употреба на коноп, хемиски цемент Боссонг Б и моментален експрес фикс лепак.
Општина Охрид
С.Косел
Рачно изработени метални порти (испусни врати) во дворот на подружницата.
Рачно чистење на насобраното ѓубре на браната на главниот зафат на Коселска река, поставување на портите и пуштање на водата за Долни Косел.