АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Во месец Мај e работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма се со цел нормално функционирање на каналската мрежа за одводнување и наводнување на територија на Подружница Скопско Поле- Скопје, машински се исчистени 9750 метри и тоа :

ОПШТИНА ИЛИНДЕН

- Сува река во општина Илинден со должина од 4900 метри.
Во период од 10.05.2022 година до 31.05.2022 година за единаесет работни денови беше исчистен сува река кој поминува во село Дељадровци и село Текија во Општина Илинден во должина од 4900 метри. Каналот беше орастен со вегетација и наносен материјал, а се чистеше машински со машина гасеничар Sunward. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода. 

12

 

 34

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ

- Канали Бавчи во должина од 2600 метри.

Во период од 17.05.2022 година до 31.05.2022 година за девет работни дена е исчистена каналска мрежа за одводнување и тоа : канал Бавчи бр.3 со должина од 1200 метри и Бавчи бр.4 со должина од 1400 метри. Каналите беа обраснати со вегетација, а се чистеше машински со Liebherr 916. Со ова чистење на каналската мрежа во место викано бавчи ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналите за одводнување. 

56

78

OПШТИНА ГАЗИ БАБА

 

- Канал во населба Ченто кај фински парк во должина од 1000 метри.

Во период од 10.05.2022 година до 12.05.2022 година за три работни дена е исчистена каналска мрежа за одводнување во должина од 1000 метри. Каналот беше обраснат со вегетација, а се чистеше машински со мал багер Janmar. Вегетацијата од каналот се остави до каналот, во месец Јуни ќе биде изнесена во соработка со ЈКП Гази Баба. Со ова чистење на каналската мрежа ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот за одводнување. 

910

1112

 ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

- Стопански двор во должина од 600 метри.
Во период од 03.05.2022 година до 09.05.2022 година за пет работни дена е исчистена каналска мрежа со должина од 600 метри во Општина Ѓорче Петров во место викано Стопански двор. Каналската мрежа се чистеше и продлабочуваше машински со гасеничар Sunward и мал багер Janmar и општи работници. Со ова чистење и обликување на каналската мрежа ќе се канализираат подобро водите што се вливаат во овај канал. Со ова чистење на каналската мрежа ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот во Стопански двор, Општина Ѓорче Петров.

- Ново Село
На ден 06.05.2022 година беше исчитена каналска мрежа за наводнување во должина од 400 метри во Ново село, каналот се чистеше со багер Janmar, а на ден 20.05.2022 година беше исчистена каналска мрежа за наводнување кај зафатот во Ново село. Каналот се чистеше со гасеничар беше исчистен во должина од 250 метри и истиот ден беше пуштена вода за наводнување во каналската мрежа Ново село. 

131415

 

 161718

Пумпната станица Таор и во овој период од годината работеше според потребите и нивото на подземните води во каналската мрежа со што е спречено поплавување на земјоделските и станбени објекти на целата територија на делување на ХМС за одводнување.
За активностите за чистење на каналската мрежа по потреба беа вклучени два багери, трактор и камиони.

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.