Во периодот од 20.06.2022 го 27.06.2022 година вработените во подружница Берово – Берово работеа на санација на бентот на река Брегалница во Горно Поле с. Разловци Општина Делчево , за зголемување на протокот на вода во каналот бидејќи дел беше однесен од реката со што беше намален протокот на вода и немаше доволно количина за потребите на водокорисниците за наводнување.
Вработените исто така работеа и на санација на бентот на Дунски јаз, се работеше на чистење на вегетација и наносен материјал. Додека на Селски јаз - канал во село Тработивиште се работеше на санација на бентот преку полнење на вреки со песок за зголемување на нивото на водата во каналот со цел обезбедување на поголеми количини на вода.
Паралелно со работата за чистење на каналите и санација на бентовите вработените потпишуваа и договори за наводнување.