АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Во месец Јуни е работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма се со цел нормално функционирање на каналската мрежа за одводнување на територија на Подружница Скопско Поле- Скопје, машински и рачно се исчистени 9450 метри и тоа :

ОПШТИНА ИЛИНДЕН

- Каналска мрежа во село Бучинци општина Илинден со должина од 600 метри.
Во период од 13.06.2022 година до 15.06.2022 година за три работни денови машински беше исчистена каналска мрежа за одводнување во должина од 600 метри. Каналот беше обрастен со вегетација и наносен материјал, а до каналот немаше пристапен пат. Покрај ова чистење на каналската мрежа за одводнување беше направен и пристапен пат покрај каналот. Каналската мрежа се чистеше со машина Liebherr 916. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода.

12

 


- Сува река во Миладиновци во должина од 250 метри.

На ден 16.06.2022 година беше исчистен дел од каналот Сува река во село Миладиновци општина Илинден во должина од 250 метри. Каналот беше обраснат со вегетација, а се чистеше машински со Liebherr 916. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот за одводнување. 

 

 34

 


ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ

- Петровачки канал во должина од 300 метри.

Во период од 29.06.2022 година до 30.06.2022 година за два работни дена е исчистен дел од Петровачки канал во општина Петровец со должина од 300 метри. Каналот беше обрастен со вегетација, а се чистеше машински со Liebherr 916. Чистењето на овај канал ќе продолжи во месец Јули, а со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот за одводнување.

 

 56

 

 

- Каналска мрежа во аеродром Тав во должина од 150 метри.

На ден 20.06.2022 година и 24.06.2022 година за два работни дена е исчистен дел од каналската мрежа во аеродромот ТАВ општина Петровец со должина од 150 метри. Каналот беше обрастен со вегетација, а се чистеше рачно. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот за одводнување. 

78

 

 

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

- Канал во населба Ченто кај фински парк.

На ден 02.06.2022 година во соработка со ЈКП Гази Баба беше изнесен шут и вегетација од каналската мрежа за одводнување. Работните активности се извршуваа со машина Liebherr 916 и камион. Со овие активности за изнесување на шутот и вегетацијата од канаската мрежа ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот. 

910

 

 

 

- Русков канал во должина од 2300 метри.

Во период од 03.06.2022 година до 22.06.2022 година за пет работни дена е исчистена каналска мрежа за одводнување во должина од 2300 метри. Каналот беше обраснат со вегетација, а се чистеше машински со багер Liebherr 916. Со ова чистење на каналската мрежа ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот за одводнување. 

1112

 

- Канал Економија во должина од 850 метри.

Во период од 23.06.2022 година до 28.06.2022 година за четири работни дена е исчистена каналска мрежа за одводнување во должина од 850 метри. Каналот беше обраснат со вегетација и наносен материјал, а се чистеше машински со багер Liebherr 916. Со ова чистење на каналската мрежа ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот за одводнување. 

1314

 

 

 

- Ободен канал во Сингелиќ должина од 2000 метри.

Во период од 23.06.2022 година до 30.06.2022 година за осум работни дена е исчистена каналска мрежа за одводнување во должина од 2000 метри. Каналот беше обраснат со вегетација и нафрлен шут во каналсата мрежа, а се чистеше машински со багер гасеничар Sunward. Чистењето на овај канал ќе продолжи и во месец Јули, а ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот за одводнување. 

1516

 

 

ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

- Мала рада во должина од 3000 метри.
Во период од 06.06.2022 година до 16.06.2022 година за осум работни дена е исчистена каналска мрежа во должина од 3000 метри, која не е предвидена во годишната програма на Скопско Поле - Скопје. Каналската мрежа беше обраснат со вегетација, а се чистеше машински со багер гасеничар Sunward. Чистењето на останатиод дел од каналската мрежа треба да продолжи во наредниод период. Со ова чистење на каналската мрежа ќе се обезбеди нормален проток на вода. 

 

 171819

20

Пумпната станица Таор и во овој период од годината работеше според потребите и нивото на подземните води во каналската мрежа со што е спречено поплавување на земјоделските и станбени објекти на целата територија на делување на ХМС за одводнување.
За активностите за чистење на каналската мрежа по потреба беа вклучени два багери, трактор, камиони и општи работници.